• Latest

12 април низ вековите

April 12, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

12 април низ вековите

April 12, 2018 06:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1204.- Крстоносците во Четвртата крстоносна војна го зазеле Константинопол, претворајќи го во центар на Латинското царство – државите кои ги основаа на просторите на географска Тракија и Мала Азија. Латинското царство престанало да постои кога во 1261 година византискиот цар Михаил Осми Палеолог ги протерал крстоносците од Константинопол.

1654.- Ирска и Шкотска се обединиле со Англија.

1823.- Роден е рускиот писател Александар Николајевич Островски, чии дела се основа на рускиот класичен драмски репертоар. Дела: драмите „Шума“, „Бура“, „Без вина виновни“, „Девојката без мираз“, „Сиромаштијата не е порок“, „Свои сме, ќе се договориме“, „Волци и овци“.

1850.- Франција на повик на папата Пие Деветти – кој 20 години подоцна воспостави догма за непогрешливост на римокатоличкиот поглавар – го окупирала Рим, разбивајќи ја републиканската војска која се борела за обединување на Италија.

1903.- Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, била воведена првата редовна автобуска линија во светот.

1945.- Во Ворм Спринс, Џорџија, умрел Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста бил избран четирипати. Популарноста ја добил со својата политика, со која успеал да ја ублажи големата економска криза во земјата. Кога избувнала Втората светска војна застанал на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната, целиот индустриски потенцијал го потчинил на потребите на војната против силите на Оската. Роден бил во Хајд Парк, Њујорк на 30 јануари 1882 година.

1961.- Советскиот Сојуз го лансирал во орбитата околу Земјата вселенскиот брод „Восток -1“, во кој се наоѓаше 27-годишниот астронаут Јуриј Алексеевич Гагарин, првиот човек кој летнал во вселената. По летот, кој траел 103 минути, тој се спуштил кај селото Смеловк, јужно од Саратов. Гагарин загинал во авионска несреќа, на 27 март 1968 година.

1981.- Умрел американскиот боксер од африканско потекло Џо Луис, апсолутен светски првак во тешка категорија од 1937 до 1949 година. Титулата ја презел од неговиот сонародник Џејмс Брадок и ја одбранил 25 пати, што претставува рекорд, кој не е надминат. Се повлекол непоразен во 1949 година. На рингот се вратил во 1950 и 1951 година поради финансиски тешкотии, но не успеал да ја поврати титулата.

1987.- Двајца руски астронаути „шетајќи“ во вселената успешно го поврзале вселенскиот модул со орбиталната станица „Мир“.

1993.- Во Њујорк, меѓу Република Македонија и Република Грција започнале преговорите за надминување на несогласувањата околу името на Република Македонија и за тоа кое знаме ќе може да биде истакнато пред седиштето на ООН.

2002.- Во Венецуела во државен удар со поддршка на Вашингтон бил симнат од власт демократски избраниот претседател Хуго Чавез. За шеф на државата бил прогласен проамериканскиот работодавач Педро Кармона, но Чавез само два дена подоцна се вратил на власт.

2008.- Со средбата меѓу двајцата лидери, претседателот на Кина Ху Џинтоа со потпретседателот на Тајван Винсент Шујом, била прекината повеќедецениската традиција на „затегнати“ односи меѓу двата дела на Кина. Средбата на двајцата лидери била прва од тој вид од крајот на граѓанската војна во Кина, која завршила во 1949 година со бегството на националистичките (антикомунистички) сили на Тајван.

2012.- Во атарот на скопското село Смиљковци во грозоморен чин биле убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски на возраст од околу 20 години, сите од Радишани и 45-годишниот Борче Стевковски од Црешево. Убиени биле со огнено оружје.

2017.- Легендарниот холивудски кинематограф Михаел Балхаус почина во својот дом во Берлин, на 81-годишна возраст, по кусо боледување. Тој на публиката и е познат по филмовите „Добри момчиња”, „Бандите на Њујорк” и оскаровецот „Покојните” на Мартин Скорсезе. Балхаус својата кариера ја започнал во Германија во 1960-те и 70-те, работејќи со режисери како Рајнер Вернер Фасбиндер, пред да се пресели во САД. Наредните четири десетлетија, тој бил ангажиран во бројни проекти на Скорсезе, Френсис Форд Копола, Роберт Редфорд… Три пати бил номиниран за „Оскарот” за кинематографија, но никогаш не ја добил престижната статуетка. Михаел Балхаус во 2016 година ја добил почесната „Златна мечка“ за особен придонес во седмата уметност.


Извор: МИА

Tags: 12 априлвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ