• Latest

12 мај низ вековите

May 12, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

12 мај низ вековите

May 12, 2018 08:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Светски ден на медицинските сестри. Во 1820 година е родена англиската медицинска сестра Флоренс Најтингел, втемелувач на професијата на медицинските сестри, чиј роденден се одбележува како Светски ден на медицинските сестри. Таа го отворила првото училиште за медицински сестри.

1707.- Роден е Карл фон Лине, шведски природонаучник, основач и претседател на Академијата на науките и на Природно-научниот музеј, еден од најголемите дескриптивни ботаничари. Ја создал основата на ботаничката номенклатура, воведувајќи бинарна номенклатура, така што секое растение има две имиња – род и број. Умрел во 1778 година.

1842.- Во Сент Етјен е роден Жил Масне, француски композитор. Влијаел врз цела една генерација француски композитори, се до Клод Дебиси. Компонирал повеќе од 20 опери, главно со лирска тематика, од кои најпознати се „Манон“, „Вертер“ и „Дон Кихот“. Умрел на 13 август 1912 година.

1845.- Во Бон умрел Август Вилхелм Шлегел, германски писател, литературен историчар, преведувач и филозоф. Роден бил во Хановер, на 5 септември 1767 година.

1935.- Во Њујорк умрел Михаило Пупин, научник кој со своите пронајдоци во областа на електрониката (жичната и безжичната телеграфија) станал познат во светот. Најголема слава и признание му донесле „Пупиновите калеми“ – со кои се овозможува пренос на телефонски разговори на голема далечина. Роден бил во Идвор, во Банат, на 4 октомври 1858 година.

1943.- Во Тунис капитулирале германско-италијанските сили со што била окончана битката за Северна Африка.

1949.- Официјално била укината советската блокада врз Западен Берлин, започната кон крајот на јуни во 1948 година бидејќи и западните сојузници и Советскиот Сојуз ја сфатиле безмисленоста на бескомпромисното спротивставување.

1969.- Во Велика Британија старосната граница на изборното право била намалена од 21 на 18 години.

1988.- Умрел Ким Филби, славен советски разузнувач. Филби раководел со Одделението на Британската контрашпионажа за борба против Советскиот Сојуз, а истовремено бил и советски шпион. Во 1963 година пребегнал во Москва, каде што ја продолжил разузнувачката работа, пред се од аналитички карактер. Роден бил во 1911 година.

1993.- Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина.

1993.- Швајцарија ја признала Република Македонија.

1994.- Во Лондон умрел Џон Смит, лидер на Лабуристичката партија на Велика Британија, еден од најпопуларните британски политичари. Роден бил во 1939 година.

1995.- Сопствениците на „Рокфелер центарот“ во Њујорк зад кој стоел јапонски капитал, го објавиле банкротот на овој гигантски деловен центар.

2002.- Поранешниот американски претседател Џими Картер пристигнал во приватна посета на Хавана како американски политичар со највисок профил откако во 1959 година Фидел Кастро со револуција ја презел власта на Куба.

2007.- Во експлозија на бомба на пазар во турското пристаниште Измир биле повредени 15 луѓе. Бомбата била прицврстена за велосипед, оставен на пазарот во квартот Борнов. Се смета дека зад терористичкиот акт стои курдската ПКК. Измир, по Истанбул, е најголемото пристаниште во Турција, а и главен пристанишен град и голем туристички центар. (МИА)

Tags: 12 мајвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ