• Latest

13 мај низ вековите

May 13, 2018
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

13 мај низ вековите

May 13, 2018 07:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1607.- Капетан Џон Смит со група војници пристигнал во Вирџинија и тоа место го нарекол Џејмстаун, каде што е основана првата постојана британска населба во Новиот Свет.

1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани Марија Мастаи Ферети, од 1846 папа Пие Деветти. Неговиот понтификат траел 31 година и 236 денови, најдолго во историјата на Римокатоличката црква. Тој во 1870 година прогласил догма за папската непрогресивност.

1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најпознатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објави и житијата на словенските просветители Кирил и Методиј. Умрел во Прага, на 26 јуни 1861 година.

1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први влегле во Виена.

1840.- Во Ним е роден Алфонс Доде, француски писател. Неговата трилогија „Тартарен Тарасконецот“, „Тартаренско пристаниште“ и „Тартарен на Алпите“ претставуваат ремек-дело на француската хумористична проза.

1842.– Роден е Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој бил основач на англиската оперета. Умрел на 22 ноември 1900 година.

1846.- Соединетите Американски Држави му објавиле војна на Мексико, која траела две години. Откако го поделиле Мексико, САД ги присвоиле Калифорнија и Ново Мексико, Тексас, Аризона и ги присоединиле кон својата конфедерација.

1858.- Почна Граховската битка меѓу Црногорците и Турците. Во осумдневната борба Црногорците ја победиле посилната турска војска, при што дошло до проширување на Црна Гора и до разграничување со Турција.

1871.- Во Италија бил донесен закон со кој на Светата столица и се дозволило да има седиште во Ватикан.

1882.- Роден е Жорж Брак, француски сликар, еден од основачите и главен претставник на кубизмот. Најмногу работел мртва природа, пејзажи и актови. Тој извршил големо влијание врз современото европско сликарство. Умрел во Париз, на 4 септември 1963 година.

1888.- Во Бразил било укинато ропството.

1901.- Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формирал првата македонска театарска група „Скрб и утеха“.

1930.- Во Осло умрел Фритјоф Нансен, норвешки поларен истражувач, зоолог и хуманист. Во Првата светска војна се занимавал со прашањето за заштита на воените заробеници и на националните малцинства. Во 1922 година ја добил Нобеловата награда за мир за својата сеопфатна дејност во полза на беспомошните.

1949.- Во борба против грчката владина војска загина Тина Андреева – Цвета, македонска хероина на Вичо и Грамос. Таа е меѓу најистакнатите македонски жени – борци на ДАГ, кои храбро се бореле за слобода на македонскиот народ. Псевдонимот „Цвета“ го добила врз основа на толкувањето на ликот на Цвета во претставата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, која за првпат била изведена во селото Емборе, Кајларско, во 1944 година.

1961.- Преку ТВ Белград била емитувана првата емисија на ТВ-студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја извеле првенците на Балетот при Македонскиот народен театар Елпида Пакоска и Јован Пашти.

1965.- Во Белград умрел Ристо Лозаноски, македонски академски сликар. Неговиот опус што го создаде за неполни 15 години од неговиот творечки живот, изнесува 150 слики, цртежи и графики. Роден бил во селото Големо Илино, Кичевско, на 5 март 1923 година.

1965.- Израел и Западна Германија одлучија да воспостават дипломатски односи. По одлуката повеќе арапски држави ги прекинаа односите со Бон.

1981.- Турскиот терорист Мехмед Али Агџа во Рим пукал врз папата Јован Павле Втори и го повредил во стомакот и раката.

1999.- Перу и Еквадор потпишале документ за разграничување, завршувајќи го шестдеценискиот спор поради кој двете латиноамерикански земји трипати војувале.

2004.- Во Индија завршиле маратонските парламентарни избори кои траеле повеќе од еден месец на кои по осум години во опозиција победила Конгресната партија на Соња Ганди.

2013.- По долго и тешко боледување починал Иво Лауренчиќ, легенда на македонскиот и регионалниот маркетинг, претседател и креативен директор на рекламната агенција „Идеја плус“. Во својата кариера Лауренчиќ создал над 300 комуникациски проекти и над 400 видеоформи во филмската и креативната индустрија. Повеќето негови дела добија антологиски карактер и денес се пример за врвни достигнувања. Во Македонија дошол пред 20 години. Тука ја развил маркетинг-агенцијата „Идеја плус“. Лауренчиќ го осмислил и реализирал серијалот од 1.060 емисии „Говорете македонски“ за Македонската телевизија. Бил и креатор и реализатор на кампањата за промоција и зачувување на македонското кирилично писмо „Додека пишувам на кирилица – постојам“ која доби прва награда на фестивалот ФЕСТО во Хрватска.

2016.- Во 88 година од животот, почина истакнатиот општественик и раководител во повеќе високи државни институции Драгољуб Николовски – Ганди. Бил дипломиран историчар на Филозофскиот факултет во Скопје. Ганди ќе биде запаметен како исклучително значајна личност за развојот на образовно-научната дејност во Македонија. Посебен придонес има за развојот на археолошкиот локалитет Стоби и во поддршка на проекти од образованието, науката и културата, како и поддршка на странски стипендии и проекти во Македонија. Во македонската современа историја, тој ќе остане забележан како една од личностите-темелници на образовно-научната дејност во Македонија во текот на втората половина на 20 век. (МИА)

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 13 мајвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ