• Latest

14 јули низ вековите

July 14, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

14 јули низ вековите

July 14, 2018 09:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1789.- Граѓаните на Париз го освоиле злогласниот затвор Бастилја и ги ослободиле затворениците, со што почнала Француската буржоаска револуција. Старата феудална власт била укината и пред формалната одлука. – Национален празник на Франција.

1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од европските земји и од Америка бил отворен Првиот конгрес на Втората интернационала. Втората интернационала под официјално име „Меѓународно здружение на социјалистичките партии“, била основана на иницијатива на Енгелс. На основачкиот конгрес биле усвоени повеќе одлуки, меѓу кои и таа за прославата на Први мај, како Ден на меѓународната солидарност на работничката класа.

1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на планинскиот врв Ножот, се одиграла најкрвавата борба против турското владеење по Илинденското востание. Група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатиле борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер-беј. „Ножовци“ биле однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинале со херојска смрт. Повеќето паднале при непријателските јуриши, а неколкумина од нив се самоубиле. Притоа, со аскерски плотун, турскиот мајор им оддал почит на мртвите македонски јунаци.

1918.- Во Упсала бил роден Ингмар Бергман, легендарен шведски тенисер и филмски режисер, сценарист и драмски писател. Умрел во својот дом на островот Шаро, Шведска, на 30 јули 2007 година.

1941.- Во Полска, во познатиот фашистички логор Аушвиц (полски назив:Освјенцим) пристигнал првиот транспорт од 728 Пољаци, а потоа и заточеници од другите земји. Германските нацисти во него ликвидирале околу 4.000.000 луѓе. Логорот бил ослободен на 27 јануари 1945 година.

1942.- Во своето родно село Русиново, Беровско, умрел Никола Петров-Русински, македонски социјалист и национален револуционер. Учесник бил во Илинденското востание, а оставил и неколку брошури необјавени спомени за својата политичка активност. Роден бил во 1875 година.

1944.- Во Струмица, во борба против фашистичката бугарската полиција, загинал Благој Јанков – Мучето, народен херој на Македонија. Роден бил во Струмица, во 1911 година.

1996.- Во Велес, на Градските гробишта, биле погребани останките на 53-те без пресуда стрелани угледни велешани во ноќта на 15 јануари 1945 година.

1998.- Во Скопје умрел Ненад Стојановски, македонски актер. Роден бил во 1952 година.

2000.- Судот во Мајами им наложил на најголемите американски производители на цигари, прогласувајќи ги за најодговорни за нарушување на здравјето на пушачите во американската држава Флорида, да платат казна од 145 милијарди долари.

2008.- Во Париз, на вториот ден од основачкиот собир на Унијата на медитеранските земји била усвоена Основачката декларација на Медитернаската унија, во присуство на претставници на 43 земји. Освен сите членки на Европската унија, присуни биле и претставници на други средоземни држави.

2008.- Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг покренало обвинение против претседателот на Судан, Омар Хасан ал Базир, наводно поради геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства сторени во Дарфур. (МИА)

Tags: 14 јуливремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ