• Latest

14 октомври: Оптимизам за ЕУ, бегство на осуденик, Јанева вратена во притвор, Боки 13 во болница…

October 14, 2019
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

14 октомври: Оптимизам за ЕУ, бегство на осуденик, Јанева вратена во притвор, Боки 13 во болница…

Заев оптимист дека ќе добиеме датум за преговори, Јанева се враќа во притвор, осуденик од затворот „Идризово“ избега додека чуварите купуваа сендвичи...

October 14, 2019 15:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев оптимист дека ќе добиеме датум за преговори

Оптимизмот во владата останува. Премиерот Зоран Заев убеден дека на министерскиот состанок во Луксембург, кој почнува утре, а ќе трае до 18-ти, земјите членки на ЕУ ќе одредат датум за почеток на преговори со Македонија.

И покрај негативниот став на Франција дека нашата земја не треба да добие датум поради неисполнетите реформи, премиерот смета дека Макрон сепак утре ќе даде зелено светло.

Јанева се враќа во притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, по четри дена престој во болницата „Жан Митрев“,  денеска се врати во притвор, во Шутка.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, вчера за 24 Вести најави дека Јанева денеска ќе излезе од болница и дека здравствена состојба на Јанева е значително подобра.

Катица Јанева во четвртокот беше пренесена во болница со висок крвен притисок.

Осуденик од затворот „Идризово“ избега додека чуварите купуваа сендвичи

Oсуденик од затворот во Идризово им избегал на двајца затворски чувари кои го превезувале од Клиничкиот центар кон затворот. Бегството се случило кога за време на трансферот чуварите застанале во близина на бензинска станица во населбата Автокоманда да купат сендвичи.

„Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово“ застанале по пат да си купат сендвичи, вели директорот Боби Мојсовски, кој истакна дека чуварите ќе бидат суспендирани.

Затвореникот Исени бил осуден на затворска казна од 7 години и шест месеци и тоа за повеќе кривични дела, односно насилство, криумчарење на мигранти.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од денеска до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се очекува Советот на ЕУ да донесе одлука за датум за почеток на пристапните преговори на нашата земја со ЕУ.

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека дад 22.000 деца користат детски додаток. Со социјалната реформа се воспоставува праведна распределба на средствата, кои се насочени кон оние на кои навистина им се потребни. За првпат системот е отворен за лицата со ниски примања. Така, наместо 3.200 деца, детски додаток сега им следува 73.500 деца. Бројот на деца кои ќе примаат образовен додаток пак е предвидено да порасне од 3.800 на 64.316 деца. Вкупно, додатоците за семејства со деца кои живеат во сиромаштија се зголемуваат за повеќе од 100%.

Со заедничко отворено писмо насловено „Да го придвижиме Западен Балкан напред“, шефовите на дипломатиите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија, бараат ЕУ да донесе смела одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори, Кочо Анѓушев, посочи за можностите за поефикасно спроведување на економската дипломатија од страна на почесните конзули во делот на индустријата и странските инвестиции, во рамки на дводневната конференција на почесни конзули на Република Северна Македонија акредитирани во странство.

Почесните конзули преку својата економска дипломатија може да помогнат во привлекување кредибилни инвеститори во обновливи извори на енергија, фотоволтаици, гасоводна дистрибутивна мрежа, голем откупен центар на земјоделски производи, како и компании кои вработуваат високо технолошки кадри за задржување на младите и извезување на готови производи.

Првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска повторно е однесен во градската болница „8-ми Септември“. Поради неговото влошено здравје неговата одбрана од претходно поднесе медицинска документација со намера да му се укине притворот.

Ова не е првпат, Боки 13, да заврши во болница. Последен пат заврши во истата болница кога даваше исказ во Обвинителството, каде почна да повраќа и да се жали на болки во желудникот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Работилница на ЦИВИЛ за Зелена иднина во Струмица

Утре, 15 октомври во Струмица ќе се оддржи последната од серијата работилници кои ЦИВИЛ ги организира во рамки на проектот Зелена иднина.

По успешните работлници во Штип, Куманово, Гостивар, Велес и Прилеп, ЦИВИЛ продолжува со несмалено темпо да организира настани, да патува низ земјата со инфо штандовите за директна комуникација со граѓан(к)ите.

Работилницата во Струмица е одлична можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози за социјалната правда, зелените вредности и антинационализмот

МИСЛА

Меркел за премиер

Најуспешната политичарка и воопшто најуспешниот европски и не само европски политичар во изминатата декада, германската канцеларка, германската премиерка Ангела Меркел, си ја спакува торбичката, си ги обу чевлите, си ја преметна наметката, воздивна длабоко и ја тресна вратата од својот кабинет во Берлин. Замина за Париз за повторно да одработи нешто за нас некадарните.

Место пред самиот крај од својата вонредна кариера да си почине од децениските стресови и премрежија, највилјателната европска дама без комплекс се з`гна да коленичи пред оној надуенко Макрон кој претендира да и го земе приматот во ЕУ. Таа да го моли да не го тупи повеќе со нас балканците, туку како и сите други од друштвото, да крене и тој рака за нашиот европски старт.

Наместо самите ние, еве таа, германската канцеларка, го оди нашиот пат. По деценија ипол во место, таа да го поттурне и овој некадарен балкански корнер. И сите нас во него. Од прв до последен. И државава и сите во неа кои три цели децении дозволуваме нашите неизживани, алчни и криминогени политички експоненти да не`корумпираат и да не`владеат, да не`крадат, осиромашат и опустошуваат и да не`иселуваат и раселуваат…

Дехран Муратов
во соработка со Биљана Јордановска, Ангела Петровска, Маја Ивановска, Диана Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ