Вкупно 143 деца се убиени, а 216 се повредени откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, изјави комесарката за човекови права на Врховната Рада, Лиудмила Денисова, во соопштение објавено на Телеграм, пренесува Укринформ.
„До 08:00 часот на 28 март 2022 година, според единствениот регистар на предистражни истраги и други извори кои треба да се проверат, од почетокот на руската инвазија на Украина се убиени 143 деца, а 216 деца се повредени “, се вели во соопштението.
Народниот правобранител, исто така, додаде дека не е можно да се утврди вистинскиот број на загинати и повредени деца во воените дејствија поради фактот што руските окупациски сили се вклучени во активни борби во украинските градови.