Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на КОВИД-19. Починати се две лица од Тетово, на воздраст од 31 и 70 години.
Најголем број нови случаи има во Скопје – 79, потоа во Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, следуваат, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, а во Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод е регистриан по еден случај.
Регистрирани сe и 32 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099












