• Latest

15 јули низ вековите

July 15, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

15 јули низ вековите

July 15, 2018 09:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1099.- Крстоносците во Првата крстоносна војна го зазеле Ерусалим.

1291.- Умре Рудолф Први, основачот на династијата Хабзбург. Владеел од 1273 па се до смртта во 1291 година.

1556.- Во Рим свечено била осветена грандиозната купола на црквата „Свети Петар“, која ја изградил прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум бил земен како ден на раѓањето на барокот.

1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант, познат холандски сликар. Умрел во Амстердам, на 4 октомври 1669 година.

1882.- Во Кратово е роден Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Бил член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласување со повоената државна политика бил отстранет од политичката сцена. Умрел во Битола, на 30 јануари 1951 година.

1904.- Во Баденвалер умрел Антон Павлович Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите: „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“, „Селани“ и други. Роден бил во Таганрог, на 29 јануари 1860 година.

1916.- Во Санкт Петербург умрел Наце Димов (Чуповски), македонски деец, еден од најистакнатите членови на Македонското научно-литературно другарство и на македонската колонија во Санкт Петербург, брат на Димитрија Чуповски. Автор бил на книгата „Македонија во минатото, во сегашноста и во иднината“. Роден бил во селото Папрадиште, Велешко, на 31 јануари 1876 година.

1922.- Пуштена била во сообраќај теснолиниската железничка пруга од Ѓорче Петров до Охрид и селото Ташмаруништа, Струшко.

1924.- Во Виена излегол првиот број на весникот „Балканска федерација“, орган на угнетените народи и национални малцинства на Балканот, а го уредувал македонскиот револуционер Димитар Влахов.

1928.- Во Скопје слетал првиот патнички авион „потез 29“ со кој била воспоставена првата воздушна линија на релацијата Белград – Скопје. Авионот можел да превезува само пет патници и 290 килограми багаж.

1929.-  Умрел австрискиот писател Хуго фон Хофманстал. Соработувал со Рикард Штраус, за чии композиции пишувал либрета. Дела: драмите „Тицијановата смрт“, „Бела лепеза“, „Електра“, „Едип и Сфинга“, „Човек“, „Кула“, либрета: „Кавалер со ружа“, „Жена без сенка“.

1937.- Пуштен бил во експлоатација каналот Москва – Волга, долг 128 километри, длабок 5,5 и широк 85 метри.

1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убиле Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Родена била во Прилеп во 1921 година.

1961.- Во Струга било одржано литературно читање на група истакнати македонски писатели, а по повод 100-годишнината од излегувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци. Ова бил зародишот на Струшките вечери на поезијата. Во 1962 година во Струга бил формиран фестивалски одбор. Претседател бил писателот Ацо Шопов. Првиот поетски фестивал бил одржан во септември 1962 година. Струшките вечери на поезијата се меѓународна поетска манифестација што секоја година се одржува во месец август. Најзначајна награда на СВП е „Златниот венец“, кој првпат е доделен во 1966 година за најдобра песна (прв добитник е руско-советскиот поет Роберт Иванович Рождественски, а прв македонски венцоносец е Блаже Конески, во 1981 година). Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус. На фестивалот секоја година се доделува и најзначајната македонска поетка награда, за поетска книга објавена меѓу двата фестивала – „Браќа Миладиновци“.

1965.- Американскиот вселенски брод „Маринер 4“ ги испратил првите снимки од планетата Марс.

1968.- Патничките авиони „Аерофлот“ и „Пан Америкен“ почнале редовно да летаат на линијата Москва – Њујорк. Тоа биле првите директни летови меѓу САД и СССР.

1974.- Офицери од Грција и припадници на Кипарската национална гарда извеле државен удар и ја презеле власта на Кипар. Претседателот Макариос успеал да го напушти Кипар, а по поразот на пучистите повторно ја презел власта.

1975.- Советскиот вселенски брод „Сојуз 19“ и американскиот „Аполо 18“ биле лансирани во орбитата околу Земјата заради нивно спојување.

1987.- Во Скопје умре Панде Поповски, еден од доајените на македонското новинарствто. Бил еден од првите пионери-новинари на Радио Скопје. Особено значење има неговиот придонес во ширењето на репортерството и на сликарството во првите повоени години, како и во пропагирањето за описменување на македонскиот народ и во афирамацијата на нашата земја меѓу нашите иселеници во прекуокеанските земји и насекаде каде што имаше македонски иселеници. Роден бил во селото Царев Двор, Ресенско, во 1912 година.

1990.- Во Охрид било извршено осветување на новоизградената црква „Света Тројца“.

1997.- Во Мајами Бич, во САД, бил убиен Џани Версаче, италијански моден креатор, со светско реноме. Роден бил на 2 декември 1946 година.

2004.- Во болницата Масачусетс во Бостон, САД, умрел Чарлс В. Свини, пензиониран генерал на американкото воено воздухопловство, пилот што за време на Втората светска војна ја фрлил атомаската бомба врз Нагасаки, во Јапонија (9 август 1945 година). Роден бил во 1920 година.

Tags: 15 јуливремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ