• Latest

15 мај низ вековите

May 15, 2018

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

August 26, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

August 26, 2025

Академски пленум на Србија: Санкционирањето наставници поради протести е дискриминација

August 26, 2025
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Светските лидери и новинарските зруженија со осуда на израелскиот напад во Газа во кој загинаа пет новинари

August 26, 2025

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ПРОПАГАНДАТА: Лажна фотографија од Запорижја – стар наратив, нова манипулација

August 26, 2025
Војо Маневски

Зимницата и тетратките бараат нови политики

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија го протера иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

15 мај низ вековите

May 15, 2018 06:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1571.- Татарските освојувачи ја запалиле Москва.

1767.- Џенова на Франција и го продала островот Корзика.

1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез Метерних. Клеменс Венцел Напомук Лотар фон Метерних-Винебург како министер за надворешни работи и канцелар четири децении ги кроел надворешната и внатрешната политика на Австрија, а посредно и судбината на Европа.

1848.- Париските работници незадоволни од политиката на буржоарската влада по прогласувањето на Француската република упаднале во собраниската зграда, го распуштиле уставотворното собрание и избрале револуционерна влада. Со помош на војската граѓанските власти успеале да го задушат востанието и да ги уапсат водачите.

1859.- Во Париз е роден Пјер Кири, француски физичар и хемичар, кој го открил пиезо-електрицитетот на кристалот, а со својата сопруга Марија Склодовска – Кири ги открил радиоактивните елементи – полониумот и радиумот. Умрел во 1906 година.

1886.- Умрела американската писателка Емили Дикинсон која додека живеела била потполно анонимна, бидејќи до смртта објавила само пет песни. Нејзините повеќе од илјада песни, се откриени по нејзината смрт, и постхумно се објавени во шест томови.

1891.- Роден е рускиот писател Михаил Булгаков, по професија лекар. Дела: „Мајсторот и Маргарита“, „Белешки на младиот лекар“, „Кобни јајца“, „Животот на господинот де Молиер“, „Театарски роман“ (недовршен), „Бегство“, „Адам и Ева“, „Блаженство“, „Иван Васиљевич“, „Последните денови“…

1909.- Роден е англискиот филмски и театарски актер Џемјс Мејсн. Филмови: „Бегалец“, „Човекот во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулиј Цезар“, „Лолита“, „Север северозапад“, „Лордот Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“.

1911.- Роден е швајцарскиот писател Макс Фриш, либерален интелектуалец, скептик кој ги анализирал духовните традиции и противречности на современиот свет. Дела: романите „Штилер“, „Хомо фабер“, „Нека името ми биде Гантенбајн“, драмите „Кинески ѕид“, „Грофот Едерланд“, „Дон Хуан или Љубов според геометрија“, „Андора“, „Биографија“, „Дневници 1946-1949“, „Дневници 1966-1971“.

1942. – Роден е Ристо Ѓ. Јачев, македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач. Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од педесет години живо присутен во современата македонска литература со поетски, прозни и драмски остварувања. Меѓу неговите најпознати поетски дела се: „Кавал и магија”, „Димна гора”, „Ангел над Христовиот гроб”, „Смртни песни”, „Студен мрак”, „Помнам“, како и романите „Кукла”, „Јаков”, „Патот на ангелите”, „Алексеј”. Добитник е на значајни книжевни награди, меѓу кои  „Стале Попов” , „Златно перо”, „Нарциса”, „Григор Прличев” и  „Ацо Шопов“.

1943.- Во Москва, на иницијатива на Ј.В. Сталин била донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала (Коминтерна), со што формално било признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија.

1945.- (СФР)Југославија дефинитивно се ослободила од окупаторот. Земјата за време на четиригодишната војна била ограбена и опустошена, а според официјалните податоци загинале 1.706.000 луѓе.

1948.- Новосоздадената држава Израел ја нападнале египетски авиони, а на север и исток либански и јордански трупи.

1955.- Во Виена бил потпишан Австрискиот државен договор со кој Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и Франција ја обновиле независноста на Австрија во границите од 1 јануари 1938 година, со што завршила десетгодишната сојузничка окупација на таа земја која во Втората светска војна била дел од Третиот рајх и чие население во огромно мнозинство го поддржувало нацизмот и присоединувањето кон Германија. Договорот содржел низа заштитни одредби за националните малцинства во Австрија, на кои Виена не секогаш доследно се придржувала, а обврската за „вечна неутралност на Австрија“ се покажала како релативна.

1957.- Велика Британија ја извршила првата термонуклеарна проба во централен Пацифик.

1963.- Од Кејп Канаверал, во САД, бил лансиран вештачкиот сателит „Фејт – 7“ со кој космонаутот Гордан Купер ја обиколил Земјата 22 пати. Купер бил четвртиот американски, а осмиот светски космонаут кој извршил орбитален лет околу Земјата.

1978.- Умрел австралискиот државник Роберт Гордон Мензис, премиер на Австралија со најдолг стаж, шеф на владата како лидер на Обединетата австралиска партија од 1939 до 1941 година, а потоа и како водач на Либералната партија од 1949 до 1966 година. Значително придонесол за јакнење на американското влијание во Австралија и ја вовлекол земјата во Виетнамската војна на американска страна.

1987.- Умрела американската филмска актерка Рита Хејворт, холивудски секс симбол во четириесеттите години на 20. век. Филмови: „Само ангелите имаат крилја“, „Ѓилда“, „Дамата под сомнение“, „Никогаш нема да се збогатиш“, „Дамата од Шангај“, „Одвоени маси“.

1991.- Претседателот Франсоа Митеран соопштил дека по оставката на премиерот Мишел Рокар мандатот за состав на владата и го доверил на Едит Кресон, која следниот ден како прва жена во историјата на Франција ја презела должноста премиер.

1992.- Илјадници приврзаници на опозицијата во Азербејџан во Баку ги зазеле зградата на Собранието и претседателската палата, а еден ден подоцна од власта бил тргнат претседателот Ајаз Муталибов, кој потоа избегал во Москва.

1992.- Во Перт, Австралија, отворен бил првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.

1995.- Кај селото Богомила, Велешко, била предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.

1996.- Десничарскиот лидер Атал Бихари Ваџпај станал првиот Хинду националистички премиер на Индија, затоа што неговата Џаната партија на парламентарните избори освоила релативно мнозинство.

2006.- САД ги обновиле целосно дипломатските односи со Либија.

2007.- Повеќе од 60 талибански бунтовници биле убиени во воздушните судири на авганистанските и коалиционите сили со две бази на бунтовниците во Кандахар, провинција на југот во Авганистан. Во нападот загинале регионалните команданти мула Абду Хаким, мула Абдула Манан и мула Зариф.

2007.- Најмалку 24 луѓе загинале, а 30 биле повредени во експлозија на бомба во хотел во пакистанскиот град Пешавар. Бомбата експлодира на рецепцијата во четирикатниот хотел „Мерхаба“, кој се наоѓа во стариот дел од градот, во близина на џамијата Масџид Мохабат Кан.

2007.- Најмалку 45 луѓе загинале, а 60 биле повредени кога камион-бомба полн со хлор експлодирал близу пазарот во шиитското село Абу Сејдах, во ирачката провинција Дијала, североисточно од Багдад. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 15 мајвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ