• Latest

150 високоизраснати лаги и залутан владин мегафон…

October 25, 2018

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

150 високоизраснати лаги и залутан владин мегафон…

October 25, 2018 14:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сопственикот на компанијата инвеститор на зградата кај Мајчин дом вчера одржа средба со граѓаните на општина Аеродром, на која присуствувале неколку повозрасни граѓанки и граѓани и еден владин мегафон, кој ете се загрижил за проблемот, конечно дошол на состанок, откако претходно испарадира на протестот чисто да види кој дошол, а не да даде поддршка.

Маја Ивановска

Според соопштението на компанијата по завршувањето на средбата меѓу инвеститорот и „загрижените“ граѓани заклучокот е дека зградата ќе се гради, затоа што нема друго решение.

Ќе се осврнам на дотичниот владин мегафон, госпоѓата Нора Шаќири, не од почит, туку од презир. Госпоѓо пи-ар, загрижените аеродромци како што ги нарекувате во својот пост оние кои не присуствуваа на вчерашната средба, беа на улиците со месеци наназад, онаму каде што вие не бевте, беа на последните протести на кои се појавивте „на поминување“…, беа на вонредната седница на општина Аеродром, каде што Вие не бевте, исто така беа на поединечни средби со градоначалникот Марин, каде што исто така не бевте… Она што сте го напишале во обид да привлечете уште малку медиумско внимание, не е грижа туку его-трип.

Сè додека се објаснувате со флоскули од типот на „вашата борба“, наспроти „нашата борба“, ќе останете само мегафон и ништо повеќе. Оваа борба не е завршена и оваа борба не е ни наша, ни ваша. Оваа борба е на сите граѓани кои тоа што имаа да го кажат го кажаа на вонредната седница. Да бевте таму ќе знаевте. Всушност, граѓаните на Аеродром немаат ни најмала причина да присуствуваат на средба со инвеститорот. Тие имаат проблем со локалната власт. И претходната и сегашната. Имаат проблем со нелегално донесен ДУП од страна на минатата власт, која оваа сегашнава го искачи на пиедестал небаре се 10те божји заповеди, во време кога полесно е да смениш пол, религија, Устав, име на држава, но не и еден детален урбанистички план…

И што заклучивте госпоѓо пи-ар на вчерашната средба? Дека 150 високоизраснати дрва ќе го искомпензираат зеленилото, бидејќи најголем проблем било загадувањето? Ќе ги искомпензираат ли 150 дрва, 230 стана со по минимум еден автомобил, со 1000 нови жители, на инфраструктура од дедо Ное? И сериозно ли мислите дека граѓаните се тие кои треба да преговараат со инвеститорот за овој проблем?

Одговорност мора да има! Тоа е она што го баравме сиот овој изминат период. Одговорност од сите корумпирани бирократи, партиски послушници, градоначалници и советници кои креваат два прста во интерес на партијата, а не на граѓаните…

Да присуствувавте на „нашата борба“ (користам ваши зборови за подобро да разберете) ќе знаевте дека на последната вонредна седница не слушнавме ниту едно конкретно решение од ниту еден советник, од ниту една партија, наспроти сите конструктивни решенија понудени од граѓаните. Ќе знаевте дека тоа беше сè, само не седница на една општина. Тоа беше фарса од партиски препукувања за која, меѓу другото тие земаат плата… Отприлика како што е фарса и вашата објава од вчерашната средба.

Затоа следниот пат кога ќе се дрзнете да ги повикате аеродромци прво добро информирајте се и секако застанете во одбрана на нивните интереси со јасно изразен став!

Срдечен поздрав до следниот протест, кој според развојот на настаните ќе се случи многу наскоро!

п.с. се молат оние кои дигнаа два прста за донесување на спорниот ДУП да не го користат ова писание, како и револтот на граѓаните во политички цели. На крајот на денот, дојдовме до тука заради вашите непромислени одлуки. Отстапете од протестите против себе си и сопствените одлуки! Таква пародија нема да дозволиме!

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Print Friendly, PDF & Email
Share82Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ