• Latest
Колумнистот Бранко Тричковски на конференцијата „МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“ во организација на ЦИВИЛ, 20 април 2024

Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

April 30, 2025
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

April 30, 2025 15:52
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Колумнистот Бранко Тричковски на конференцијата „МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“ во организација на ЦИВИЛ, 20 април 2024

Колумнистот Бранко Тричковски на конференцијата „МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“ во организација на ЦИВИЛ, 20 април 2024

Share on FacebookShare on Twitter

По повод 3 Мај, Светски ден за слобода на медиумите, Фронтлајн се обрати со три прашања до колумнистот Бранко Тричковски, ветеран во македонското новинарство, поранешен главен уредник на повеќе значајни македонски медиуми, меѓу кои и на политичкиот магазин „Глобус“.

Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

ТРИЧКОВСКИ: Малку е да се каже дека е катастрофална. Но не би знаел да кажам дали катастрофата во медиумите ја предизвикува катастрофата во општеството или е обратно. Мислам дека граѓанството, медиумите, политиката, културата и државата, односно институционалната кондиција, се аспекти на општата катастрофа, на метастатични процеси кои ги разоруваат сите ткива и мнозинството поединци, дури и оние кои мислат дека во оваа смртоносна болест нешто добиваат. Медиумите се платформа за изопачување на стварноста, со лаги и манипулации, со квазипатриотски стимулации, со разорување на умот каде и да се наоѓа. Помал е проблемот што тие се во функција на вмро, со мали и малку влијателни исклучоци. Поголем проблем е начинот на кој тоа го прават, а тоа е начин на оглупавување и вредносно унакажување на човекот кој како таков е полесен за контрола. Најлошо пак е тоа што сме влезени во модел кој се саморепродуцира и со секое мрдање ја спушта културната и политичка моќ на граѓанството. На скалата на цивилизациските вредности од еден до десет, Македонија пред триесетина години беше на нивото број шест, сега е на минус два.

Ние повеќе не сме Македонија.

Се разбира вакво озрачување можат да емитираат само глупави и прости медиумски работници, таканаречени новинари, значи не само политички и партиски инструментализирани и корумпирани, туку и ментално хендикепирани.

Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

ТРИЧКОВСКИ: Медиумите се слободни да бидат глупави, некултурни, прости, амбициозни шупелки, водени од идејата за сопствената, главно сугерирана, важност и од илузијата дека ги штитат националните интереси и дека во национален интерес е да ја редуцираат македонската мисла на нивото на вмро, а тоа е на нивото на вечерно школо во најзабутаното село.

Во суштина се неслободни односно- малку се заробени, а малку се самозаробени. Неверојатно штетни инстанци.

Сега се во филм дека Македонците треба да ги разбудат и да им оформат водач, така требала да изгледа ремакедонизацијата на Македонија, најглупавиот и најсмртоносниот проект во политичката историја на човештвото.

Сега функциинираат како гаќи на големиот водач, пресаканиот Христијан оф Норд.

Хахаха!

Што да кажам!?

Кои се Вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

ТРИЧКОВСКИ: Само вештачката интелигенција.

Се што како јавна комуникација сега се опфаќа под терминот медиуми, треба да и се предаде на вештачката интелигенција и на роботите, со квалитетно зададена задача: да ги дотераат медиумите да работат за општо добро.

И така да ги работат.

Што нема да биде можно ако не најдат решение за вмро.

Јас верувам дека тоа прво ќе го сторат.

Таканаречените новинари може да ги преземе вмро во своите пирински и други чети.

Човечкиот фактор во Македонија е уништен.

Поголема е веројатноста во Вардар да сретнеш златна рипка, отколку во Македонија нормален човек.

Вмро за Македонците е како златицата за компирите.

И за поширокото граѓанство.

А за медиумите е солна киселина.

Во суштина вмро ја победи Македонија и македонската нација, заедно со историјата од 41 наваму и ги победи сите (99,9 отсто) медиуми.

Мала група скотови, вооружени со еден усран, но привлечен мит, од медиумите, плитката елита и од мнозинството на нацијата која ако не е вештачка не знае што е тоа нација и држава, направи недефинирана органска материја чија бесмисла допрва ќе се утврдува.

Преземено: Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ