• Latest
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – има ли пилот во авионот?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026 09:33
in КОНТЕКСТ, РЕГИОН, ТОП 5
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Share on FacebookShare on Twitter

По убедливата изборна победа, Студентската листа во Србија ги претстави приоритетите на идната влада: борба против корупцијата, ревизија на државните договори, враќање на незаконски стекнатиот имот и професионализација на институциите. Најавена е и нова истрага за трагедијата во Нови Сад, која го поттикна историскиот студентски бунт.

Според прелиминарните резултати на Републичката изборна комисија, Студентската листа освои 140 од 250 пратенички места. По повтореното гласање на 53 избирачки места на 1 ноември, се очекува официјалното завршување на изборниот процес, по што следуваат конституирањето на парламентот и формирањето на владата.

Првите 30 дена: Економска стабилност и енергетска сигурност

Академикот Радомир Саичиќ, претставник на Студентската листа, во интервју за НИН најави дека новата влада најпрво ќе обезбеди стабилност на динарот, редовна исплата на платите и пензиите и сигурно снабдување со енергенси.

Предвидени се разговори со Вашингтон за американските санкции кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), како и со Москва за снабдувањето со руски гас. Најавено е и усвојување транспарентен буџет за 2027 година.

Првите 100 дена: Декриминализација на државата

Саичиќ најавува ревизија на големите инфраструктурни проекти, објавување на спорните државни договори, реорганизација на јавните претпријатија и прекин на партиските вработувања.

Особено значајна е најавата за замрзнување и одземање на незаконски стекнатиот имот на функционерите и партиските финансиери, преку соодветни правни постапки.

Меѓу приоритетите е и утврдувањето на одговорноста за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 16 лица.

Владеење на правото, а не политичка одмазда

Носителот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, во интервју за Радио Слободна Европа нагласи дека новата власт ќе постапува според Уставот и законите, без политички реваншизам. Најави продолжување на европските интеграции и реформи во правосудството и медиумите.

Сепак, политичката транзиција веќе отвора сериозни прашања. Како што анализираше ЦИВИЛ МЕДИА на 1 ноември, апсењето на високиот полициски функционер Марко Кричак покажува дека превирањата во институциите започнаа пред формалната смена на власта.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ