• Latest

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

Кривична пријава, барања за истрага на врвот на српската централна банка и сомнежи за трансфери во странство. Аферата Алта банка добива нови димензии што сè потешко можат да се сведат на обична банкарска криза.

November 1, 2026 11:50
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

Аферата Алта банка прераснува во масивен политичко-институционален скандал со меѓународни попорции. Само еден ден по одземањето на лиценцата на банката во Белград, станува сè поочигледно дека вистинските прашања не може да се сведат само на прашања за ликвидноста и депозитите. Тие се однесуваат на политичката моќ, контролата врз јавните пари и финансиските мрежи што се протегаат надвор од Србија.

Четворица вицегувернери на Народната банка на Србија побараа обвинителска истрага за можната кривична одговорност во самата институција. Жељко Јовиќ, Ана Ивковиќ, Драгана Станиќ и Никола Драгашевиќ тврдат дека за вистинската финансиска состојба на Алта банка дознале дури на вонредната седница на 30 октомври.

Тоа отвора директни прашања за гувернерката Јоргованка Табаковиќ, долгогодишна функционерка на Српската напредна странка (СНС). Кој знаел? Од кога? Кој го надгледувал работењето на банката и зошто институциите не реагирале порано?

Уште понепријатно прашање е поврзано со тоа што српското Обвинителство за организиран криминал побарало податоци за трансферите на Алта банка во странство уште на 27 октомври, а потоа и дополнителни информации за конверзијата и одливите на средствата. Сега оваа институција бара итна проверка на целокупното работење на банката и постапувањето на одговорните лица во НБС.

Москва и Скопје: Каде водат парите?

Сомнежите за трансфери кон Скопје и Москва, на кои ЦИВИЛ МЕДИА укажа уште на 29 октомври, сега добиваат дополнителна тежина со обвинителските постапки.

Руската димензија има и претходна документација. Радио Слободна Европа во 2024 година откри дека српската компанија „Конекс“, опфатена со санкциските мерки на ЕУ поврзани со руската воена индустрија, имала сметка во Алта банка.

Во меѓувреме, во Северна Македонија, групацијата на Давор Мацура контролира над 95 проценти од акциите со право на глас во Алта банка Битола и има интереси во осигурителниот сектор.

Македонската банка тврди дека е ликвидна и работи непречено. Но во своето соопштение случувањата во Србија ги поврзува со „политички притисоци и пресметки“.

Ова е многу сериозна политичка квалификација. Врз основа на кои докази банката го изнесува ваквото објаснување? Со ова, самата Алта банка Битола го свртува вниманието кон политичката димензија на оваа голема афера.

Соопштение на Алта банка Битола, 31 октомври 2026

Но, политичката димензија не може да се отвора селективно, само кога тоа некому му одговара. Таа нужно ги отвора и прашањата за политичките интереси зад експанзијата на групацијата во Северна Македонија, одлуките што ја овозможиле и институционалната одговорност за нив.

Премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот Трајко Славески должат конкретни одговори за финансиската изложеност, прекуграничните трансфери и институционалниот надзор. Се разбира, прашањата се однесуваат и на претходните влади и политичките структури поврзани со банката.

Банка без лиценца, политичка мрежа без одговорност

Политичко-деловните врски на Давор Мацура со круговите околу Александар Вучиќ, државните договори и експанзијата во регионот беа предмет на истражувања на ЦИВИЛ МЕДИА повеќе од една година пред одземањето на лиценцата.

Алта банка остана без дозвола за работа, но политичките врски, финансиските интереси и мрежите на влијание што го овозможија нејзиниот подем не исчезнуваат со една административна одлука. Напротив, во вакви кризи се отвора простор за прегрупирање на интересите, префрлање на капиталот и заштита на политички поврзаните структури.

Затоа, ова не е само прашање за судбината на една банка. Ова е политичка афера во која мора да се утврди кој ја градел мрежата на моќ, кој ги отворал институционалните врати, кој располагал со јавните пари и кој имал корист од целиот систем – во Белград, Скопје и пошироко.

Или институциите ќе ги истражат и парите и политичката заштита, или ќе се случи она што сме го виделе многупати досега: Ќе пропадне банката, а системот што ја направил моќна ќе преживее.

 


ПРОЧИТАЈТЕ:

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ