• Latest
Фото: Скриншот од видео на DayliNews

ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

April 26, 2025
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

April 26, 2025 20:03
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Скриншот од видео на DayliNews

Фото: Скриншот од видео на DayliNews

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Доналд Трамп на секој начин се трудеше да го одвлече вниманието на гледачите на погребот на Папата Франциск, стоејќи во првиот ред, вртејќи се наоколу додека останатите стоеја мирно,и  со почит, во своето тегет одело и заслепувачки портокалов изглед.

Американскиот претседател денес присуствуваше во Ватикан – заедно со други светски лидери – на церемонијата на покојниот папа, кој почина на Велигден, на 88-годишна возраст.

И покрај тоа што Папата Франциск сакаше скромно испраќање, со неговиот „едноставен“ ковчег на церемонијата, се чини дека Трамп беше најистакнатата фигура на службата.

Плоштадот во Ватикан е многу специфично распореден на четири дела, еден за достоинственици, еден за кардинали, еден за свештенството и еден за јавноста. Трамп стратешки седеше далеку од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трамп, штрчејќи како болен палец, сам на чело на редовите достоинственици, портокалов во главата, одлучи да носи сино одело, кога се чини дека секој друг светски лидер дојде во соодветната, црна боја. Дури и Зеленски, кого оркестрирано во Овалната соба го нападна свитата на Трамп и подобните новинари сошто не нодел одело во Белата куќа, сега беше облечен во црно одело. Достоинствено.

Во врска со ужасниот избор на облека, еден корисник на X објави: „Колку непочитувачки, Трамп е на погребот на Папата облечен во син костум и изгледа сосема несоодветно.“

Друг корисник одговори: „Точно. Не можеше да носи црн костум како секој друг достоинственик? Зошто секогаш изгледа збрчкан и згужван?“

Друг корисник на X го нападна Трамп и го пофали Зеленски во истата објава: „Не се ни потрудија да ја наведнат главата непочитувачкиот ПОС, во меѓувреме спонтан аплауз за Зеленски од толпата.“

Сепак, ова не е единствената работа што ги налути гледачите и верниците на X.

И Трамп и неговата сопруга Меланија стапнаа на тепихот на кој стоеше ковчегот на папата. Во знак на почит, ниту еден друг лидер не го направи ова.

Еден корисник на X напиша: „Зошто Трамп стоеше на работ на тепихот под ковчегот на Папата кога му оддаваше почит? Сите други достоинственици стоеја околу еден метар подалеку од неговиот раб.

Друг разбеснет корисник напиша: „Трамп и Маларија се единствените двајца што стапнуваат преку тепихот каде што се наоѓа ковчегот на папата Франциск кога му оддаваат почит, леле! #PapeFrancis“, додека трет одговори на коментарот, подеднакво бесен: „Добро, значи јас не сум единствената личност што ги забележа Трамп и Меланија како стапнуваат на тепихот.

Но, на многумина им засмета и тоа што Трамп изгледаше повеќе портокалов од вообичаено, за што претходно се шпекулираше дека е показател за нивото на стрес на претседателот.

„Ги ставија сите тие шефови на држави да седат на жешкото сонце. Трамп е на прагот да премине од портокалова во црвена“, напиша еден корисник на X. Друг одговори: „Или тоа, или портокаловата ќе почне да капе…“, додека трет праша: „Зошто изгледа толку портокалово?“

Па, можеби постои причина зошто нијансата на Трамп е особено заслепувачка. Неговиот бронзен тен последен пат беше виден толку силно пред изборите во ноември 2024 година.

Како што продолжуваше кампањата и денот на изборите се приближуваше, многумина забележаа дека Трамп стануваше сé по портокалов како што минуваа деновите.

Тие веруваат дека колку е потемен неговиот тен, толку е по стресен.

Експертката фотографка Емили Кигин го сподели својот увид со ДајлиЊуз во тоа што може да биде причината за ова.

Кигин објасни дека неговата нијанса се менува малку за време на периоди на стрес, забележувајќи дека ова главно се препознава во периодот пред изборите.

„Нашите избори за шминка не се прават слепо. Ние користиме шминка затоа што премногу јасно ги гледаме ограничувањата на нашето лице.“

„Како што правиме во многу други аспекти од нашите животи, ние претерано компензираме за да ги покриеме нашите недостатоци. Присуството на претерана маска [како на Трамп] имплицира его во целосен очај, очајно обидувајќи се да се скрие.“

Со гласини за затегнатиот однос меѓу Маск и Трамп и растечки тензии поради определувањето високи царини  на повеќето земји во светот, „гордиевиот јазол“ кој го заплетка во обид да стави крај на руската војна во Украина,  дали можеби се обојува себеси во повеќе портокалова боја за да ги скрие своите вистински чувства?

Па, присуството на погребот на Папата, со многу други светски лидери од кои штотуку се изнервира, со право може да предизвика стрес…


Текстот е личен став на авторот
Tags: Доналд ТрампМеланија Трамппогреб на папата Францискпортокалова главатегет одело
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ