• Latest

16 април низ вековите

April 16, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

16 април низ вековите

April 16, 2018 07:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска е Светски ден на културното наследство.

1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо, француски романсиер, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се „Современа историја“, „Злосторството на Силвестер Бонар“, „Бунтот на ангелот“, „Боговите се жедни“ и други. Во 1921 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел на својот имот Ла Бошлери, кај Тур, на 12 октомври 1924 година.

1859.- Умрел францускиот историчар и политичар Алексис Клерел де Токвил, противник на револуционерните општествени промени, а битно влијаел врз граѓанските историчари во 19 и 20 век. Дела: „Демократијата во Америка“, „Стариот режим и револуцијата“.

1867.- Роден е американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој во 1903 година со неговиот брат Орвил со авион што го направиле самите, го извеле првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траел 59 секунди и авионот прелетал 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година конструирале авион кој прелетал 39 километри. Во 1909 година, ја основале „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на САД им го испорачале првиот борбен авион „Сигнал Корпс“.

1871.- Револуционерната власт на Париската комуна донесла „Декрет за напуштените претпријатија“, според кој, целото стопанство, чии сопственици избегале од Париз, било предадено на работниците. Со тоа пролетаријатот првпат во историјата ги презел во свои раце фабриките и другите претпријатија и се здобил со право да управува со нив.

1889.- Во Вилворт, предградие на Лондон, е роден Чарли Спенсер Чаплин, англиски филмски актер, сценарист, режисер, најпознат светски комичар на 20 век. Имал снимено 75 краткометражни и долгометражни филмови. Најпознати негови филмови се „Кучешки живот“, „Потрага по злато“, „Циркус“, „Светлините на велеградот“ и „Господин Ведру“. Умрел во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, на 25 декември 1977 година.

1921.- Роден е британскиот актер, режисер и писател од руско-француско потекло Питер Александер Јустинов, амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и УНЕСКО. Пред Втората светска војна во театарот најмногу играл во своите комедии: „Љубовта на четворицата полковници“, „Романов и Џулиета“, „Фото-финиш“, „Десетта симфонија“. Ја напишал и автобиографијата „Dear me“. Филмови: „Quo vadis“, „Спартак“, „Топкапи“, „Виолетово такси“.

1945.- Во Скопје, на Второто вонредно заседание на АСНОМ што се одржало од 14 до 16 април биле донесени значајни акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ. Меѓу другото, АСНОМ бил преименуван во Народно собрание на Демократска Федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен на заседанието е формирањето на првата Влада на ДФМ. Прв претседател на Владата бил Лазар Колишевски. Формирањето на Владата било меѓу најзначајните државно-правни акти со кои било заокружено конституирањето на народната власт, како и афирмирањето на државната и националната самобитност на македонскиот народ.

1947.- Во градот Тексас во истоимената држава загинале повеќе од 500 луѓе во експлозија на француски камион наполнет со нитрит.

1951.- Британската подморница „Афреј“ потонала во каналот Ламанш при што загинале 75 луѓе.

1970.- Снежна лавина, која го затрупала детскиот санаториум во местото Саланш во француските Алпи, усмртила 72 луѓе.

1991.- Собранието на СР Македонија го усвоило Нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на Социјалистичка Република Македонија. Називот Република Македонија е усвоен на 7 јуни 1991 година.

1991.- Умрел англискиот филмски режисер Дејвид Лин. Филови: „Кратка средба“, „Големо исчекување“, „Оливер Твист“, „Мадлена“, „Хобсонов избор“, „Мостот на реката Квај“ (Оскар), „Лоренс од Арабија“ (Оскар), „Доктор Живаго“ (Оскар), „Рајановата ќерка“, „Патот во Индија“.

1994.- Умрел американскиот писател од афроамериканско потекло Ралф Валдо Елисон, чиј роман „Невидливиот човек“ е еден од најимпресивните во американската литература по Втората светска војна. Ја напишал книгата есеи „Сенка и чин“.

1996.- Поранешниот премиер на Италија, Бетино Кракси, италијанскиот суд врз основа на обвинението кое го товараше за корупција, го осудил на осум години и три месеци затвор.

2003.- Лидерите на 10 европски земји на Самитот на Европската унија во Атина потпишале договори за приклучување во Европската унија на 1 мај 2004 година. Договорите ги потпишаа лидерите на Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.

2007.- Во Хаг започнал судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злосторства во конфликтот кој го предизвикаа албанските бунтовници во 2001 во Република Македонија. Покрај Бошкоски обвинет бил и Јохан Тарчуловски.


Извор: МИА

Tags: 16 априлвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ