• Latest

16 декември: Имотот на судиите и обвинителите ќе се чешла, Кочан не се сеќава дека донирал за политичка кампања…

December 16, 2019
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

16 декември: Имотот на судиите и обвинителите ќе се чешла, Кочан не се сеќава дека донирал за политичка кампања…

December 16, 2019 16:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Ивановска: Судиите и јавните обвинители дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020

Поготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек. Согласно утврдените ризици во анализата, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат  дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.

Ова е одговорот од претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана  Ивановска на прашањето денеска од МИА за повикот што вчера од трибината „На прав пат“ во Скопје го упати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев до ДКСК да отвори постапки за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а УЈП, Катастарот, Централниот регистар, МВР и Финансиската полиција уште овој месец да почнат проверки на имотот на судии, обвинители и членови на нивните семејства.

Сеад Кочан не се сеќава дека донирал за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

На денешното рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ беа сослушани сведоци за тоа дали и како донирале средатва и услуги за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

На предлог на обвинителството денеска како прв сведок беше сослушан Сеад Кочан, кој во 2011 година бил управител на „Трансмет”, кој рече дека не се сеќава, но мисли дека никогаш нема донирано лично средства за ниту една партија, па ниту за ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан дали фирмата „Трансмет” на која тој бил управител била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, Кочан рече дека фирмата никогаш не донирала средства на таа политичка партија.

Заев: Нема причини за одложување на изборите, Спасовски и Царовска можни технички премиери

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април догодина. Тој вели дека наскоро ќе се знае составот на техничката влада кој треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги спомена сегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Мила Царовска, чии имиња изминатиот период се споменуваа во јавноста.

Тој повтори дека се очекува шпанската влада да биде формирана на почетокот на јануари, а земјата да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО, така што овој парламентарен состав би можел да го ратификува пред распуштањето  на Собранието. Исто така, рече Заев, останува и можноста да се донесе условена ратификација која би била донесена пред Шпанија да го ратификува протоколот, а би стапила во сила по шпанската ратификација.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

– Здружението на новинарите на Македонија го осудува однесувањето на вработените во Уставниот суд кои на недозволив и неевропски начин ги третираа новинарските екипи кои сакаа да ја проследат денешната средба меѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.

– Пратеничката Фросина Ременски денеска по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за случајот со „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, рече дека видела сè, освен докази.

– Буџетот 2020 носи мото „Инвестираме во човечкиот капитал” затоа што човечкиот капитал е најважен за економскиот развој на една земја. Само посреќни и помотивирани на нивните работни места можат да го дадат својот максимум, а и да останат да ја градат својата иднина во својата земја, дека дома си е дома.

Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска почнувајќи го образложението на Дополнетиот предлог буџет за 2020 година пред пратеници.

– Шефот на делегацијата на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар, денеска беше во работна посета кај претседателот на Уставниот суд на нашата држава, Сали Мурати. 

– Прочистувањето на корупцијата е најзначајниот процес во државата, порача министерката за правда Рената Дескоска во денешното обраќање на Осмата сесија на Конференцијата на државите потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC).

– Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за земјоделство Ацо Спасеновски.

МИСЛА

Пендаровски гази на „тенок мраз“

„Претседателот, без разлика што е избран на „тикетот“ на сегашната владејачка коалиција, тој не е во Кабинетот за да ги претставува (само) нивните политички платформи. Особено – nota bene и sotto voce, за драмски ефект! – на СДСМ. Фала на прашање, свесен е Пендаровски со која политичка структура, историски, си има работа. И сè е тоа убаво и за пофалба, додека не се претера“, пишува Сашо Орданоски.

Прашања има и ќе има!

„Сакам сите да ги потсетам. Веќе три години живееме во една поинаква земја, што не е заробена од еден грст забегани криминалци. За мене, никој не е недопирлив. Фактите и јавниот интерес се на врвот од приоритетите во нашата дејност и наша должност е да ги штитиме. Прашања има и ќе има. И барања за одговорност ќе има. Некои мислат дека можат да бидат заштитени како бели мечки. Не додека сум јас жив“, пишува Џабир Дерала.

Ангела Петровска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ