• Latest

17 јуни низ вековите

June 17, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

17 јуни низ вековите

June 17, 2018 06:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, 17 јуни 2018 (МИА)

Денеска е Меѓународен ден на акции против сушите и поплавите.

1239.- Роден е англискиот крал Едвард Први „Долгоногиот“ кој во текот на владеењето од 1272 до 1307 година ги вовел законите и воспоставил силен административен систем, проширувајќи го и на Велс, на кого издвоениот статус му го укинал. Претходно учествувал во кралската власт, а со победата во војната од 1264 до 1267 година, во која командувал со војската на својот претходник на престолот Хенри Трети, не успеал да ја покори Шкотска.

1397.- Данската кралица Маргарета Прва ги обединила под данската круна Данска, Шведска и Норвешка.

1579.- Англискиот морепловец и гусар Френсис Дрејк го прогласил суверенитетот на Англија врз денешна Калифорнија, нарекувајќи ја Њу Албион.

1696.– Умрел полскиот војсководец и крал Јан Собиески, кој во текот на владеењето од 1674 година до неговата смрт го оневозможил подлабокиот пробив на Турците во Европа. Во текот на втората опсада на Виена во 1683 година војската под негова команда ги поразила Турците и го ослободила градот од опсадата.

1818.– Во Париз е роден Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. Напишал 200 соло-песни, пишувал црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери „Ромео и Јулија“, „Фауст“, „Миреј“, „Со сила лекар“, како и обработката на Баховиот прв клавирски концерт. Умрел на 18 октомври 1893 година.

1843.– Домородците Маори почнале бунт против Британците кои го окупирале Нов Зеланд.

1867.- Англискиот хирург Џозеф Листер во една од болниците во Глазгов ја извршил првата хируршка интервенција во историјата на медицината под антисептички услови, оперирајќи ја својата сестра Изабела.

1882.– Во Ораниенбаум, кај Санкт Петербург, е роден Игор Фјодорович Стравински, руски композитор. Се сметал за еден од четворицата главни основачи и претставници на т.н. нова музика на 20. век (другите тројца се Барток, Хиндемит и Шенберг). Неговиот балет „Жар птица“ првпат бил изведен во 1910 година, а наредната година и прочуениот балет „Петрушка“, двата инспирирани од изворниот народен мелос. Умрел во Њујорк, на 6 април 1971 година.

1925.- Женевскиот протокол со кој е забранета употребата на боеви отрови го потпишале 29 земји.

1944.- Основана била Република Ирска, со што завршила унијата меѓу оваа островска земја и Данска.

1947.- Прогласена била независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија.

1950.- Д-р Ричард Лолер во Чикаго ја извел првата операција на пресадување бубрег.

1967.- Владата на НР Кина објавила дека извршила прва пробна експлозија на атомска бомба.

1971.- САД и Јапонија потпишале спогодба со која островот Окинава и е вратен на Јапонија.

1977.- Во Скопје умрел Лазо Наумовски, македонски новинар, уредник во весникот “Нова Македонија” и писател. Автор е на книгата за деца “Големата авантура”. Роден бил во Гостивар, во 1923 година.

1990.- Во Скопје била основана ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство. За претседател бил избран Љубчо Георгиевски. Регистрирана била на 3 август 1990 година.

1992.- Во Охрид умрел Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од најстарите организатори на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Како композитор посебно е познат по обработката и стилизацијата на народните песни „Леле Јано“, „Гора и јунак“, „Ти, синче“, „Петлите пеат“ и други, по творбите „Гудачки квартет во це-мол“, „Кончертино“ и други. Автор е на петнаесетина учебници за основно и средно образование. Роден бил во Велес, на 26 мај 1905 година.

2000.- Умрел проф. д-р Митко Панов, македонски научник на полето на демографијата и просторните обележја на Република Македонија, еден од подготвувачите на новата административна поделба на Република Македонија во 1996 година. Роден бил во Скопје, во 1927 година.

2001.- На парламентарните избори во Бугарија победила партијата на поранешниот бугарски цар Симеон Втори. Партијата ја основал само два месеца пред изборите.

2007.- Во болницата „Сан Рафаеле“ во близина на Милано, умрел Џанфранко Фере, еден од најголемите италијански модни креатори, име со високо светско реноме. Роден бил во 1944 година.

2007.- Пуштен бил во работа дотогаш најголемиот железнички копнен тунел во светот што поминува низ Швајцарија и ги поврзува северните и јужните делови на Европа. Тунелот е долг 34,6 километри. Дотогаш најголем копнен тунел во светот бил „Хакода“ во Јапонија, долг 26,5 километри.

2015.- На 90-годишна возраст во Анкара починал поранешниот турски претседател Сулејман Демирел. Демирел бил шеф на турската држава од 1993 до 2000 година, а претходно петпати бил премиер на Турција. Во втората половина на дваесеттиот век тој бил една од доминантните фигури во турската политика. Неговите влади двапати биле соборени од власт со државен удар.

2016.- На 87-годишна возраст починал Александар Леко Радич, легенда на охридското и македонското пливање. Покрај тоа што бил голем пливачки шампион и врвен тренер, Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон. Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада пливачки шампиони, меѓу кои посебно место заземаат Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Нико Нестор, Александар Маленко и многу други. Во 2013 година Александар Леко Радич го добил највисокото општинско признание за животно дело – наградата „Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид“.

Tags: времепловисторија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ