• Latest

18 јули низ вековите

July 18, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

18 јули низ вековите

July 18, 2018 08:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

64.– Во Рим избувнал голем пожар во кој стариот град изгорел до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. Но, за тоа нема никакви докази во старите извори. Веднаш по катастрофата, по наредба на царот, почнала планска изградба на Рим, така што сите згради морале да бидат ѕидани од камен отпорен на оган.

1536.- Со одлука на Парламентот во Англија била поништена власта на папата.

1610.- Умрел италијанскиот сликар Микеланџело Меризи да Караваџо, кој одлучно прекинал со идеалистичкото сфаќање на сликарството и се ориентирал кон натурализмот. Се служел со контрасти на силна светлина и длабоки сенки. Значително влијаел на француското и холандското сликарство во 17. век.

1635.- Роден е англискиот физичар Роберт Хук, секретар на Кралското друштво во Лондон, кој ги усовршил барометарот, телескопот и микроскопот и прв ја открил ќелиската структура на билките. Го докажал движењето на Земјата и на гравитационите небески тела, а е автор и на законот за истегнување на еластичните тела („Хуков закон“).

1811.- Во Калкута, Индија, е роден Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19 век. Во своите романи употребувал реалистичен и саркастичен израз, критикувајќи ги негативните појави на тоа време. Најпознато негово дело е „Панаѓур на суетата“. Умрел во Лондон, на 24 февруари 1863 година.

1817.- Умрела англиската писателка Џејн Остин. Дела: романите „Разум и чувствителност“, „Гордост и предрасуди“, „Менсфилд парк“, „Ема“, „Наговорање“.

1846.– Во Бостон д-р В. Мортон првпат во својата забна ординација го употребил етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за прапочеток на модерната анестезиологија.

1877.- Американскиот научник Томас Едисон во својот дневник запишал: „Нема сомнение, мене ми успеа да го забележам човековиот глас, што подоцна можам да го репродуцирам“. Веќе во декември 1877 година Едисон го патентирал својот изум што го нарекол „конзерва на човековиот глас“ – (фонограф, грамофон).

1887.- Роден е водачот на норвешките нацисти Видкун Квислинг, претседател на окупаторската влада на Норвешка во Втората светска војна од 1942 до 1945 година. Неговото име стана синоним на предавство. Осуден бил на смрт и стрелан во октомври 1945 година.

1898.- Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го откриле полониумот, прв познат радиоактивен елемент.

1918.- Роден е јужноафриканскиот правник и државник Нелсон Ролихлахи Мандела, претседател на Јужна Африка и водач на Африканскиот национален конгрес во борбата против апартхејдот. Расистичкиот режим во Јужна Африка во 1962 година го осудил на пет години затвор, а во 1964 година на доживотна робја. Од затвор, по огромниот притисок на светското јавно мислење како и јавноста во Јужна Африка, бил пуштен во 1990 година, а шеф на државата станал во 1994 година.

1921.- Роден е првиот американски астронаут Џон Глен, кој со вселенскиот брод „Меркјури – Атлас 6“ на 20 февруари 1962 година трипати ја обиколил Земјата.

1933.- Роден е рускиот писател Евгениј Алексанрович Евтушенко. Дела: збирки песни и поеми –  „Патот на Ентузијастите“, „Лак и лира“, „Нежност“, „Моторен чамец за врска“, „Паѓаат бели снегови“, „Поетот во Русија е повеќе од поет“. Починал на 1 април 1917 година, во САД.

1951.- Американскиот боксер од африканско потекло Џерси Џо Волкот на 37-годишна возраст ја освоил титулата светски првак во тешка категорија, станувајќи најстар боксер на кого тоа му успеало.

1967.– Во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донесол одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски).

1986.- Во Скопје умрела Ванѓа Чашуле, истакнат македонски новинар, историчар, публицист и преведувач. Автор е на книгите „Од признавање до негирање“, „Биографијата на Гоце Делчев“, како и на други научни трудови. Носител била на „Партизанска споменица 1941“. Родена била во Радовиш, на 9 август 1923 година.

2003.- Британската полиција го пронашла телото на д-р Дејвид Кели, еден од клучните сведоци за манипулацијата со наводното оружје за масовно уништуваање во Ирак. Наведено е дека извршил самоубиство.

2007.- Најмалку 200 луѓе го загубиле животот во авинска несреќа во Бразил. Авионот од типот „Ербас А320“ на бразилската компанија ТАМ, со 176 патници и членови на екипажот, се запалил при слетување на аеродромот Конгоњас во Сао Паоло. Освен патниците во авионот, животот го загубиле и голем број луѓе на земјата. (МИА)

Tags: 18 јуливремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ