• Latest

18 мај низ вековите

May 18, 2018
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

18 мај низ вековите

May 18, 2018 06:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1800.- Умрел рускиот генералисимус Александар Васиљевич Суворов, еден од најистакнатите војсководци во 18. век, под чија команда руските трупи извојувале 57 победи. Во Советскиот Сојуз во 1942 година бил воведен орденот Суворов за високи војнички вештини.

1803.- Велика Британија и објавила војна на Франција затоа што Наполеон Бонапарта ја продолжил воената кампања во Италија и во Швајцарија.

1804.- Наполеон Бонапарта се прогласил за цар на Франција (на општо изненадување на прореволуционерните кругови во Европа), а во декември истата година, бил крунисан како Наполеон Први.

1868.- Роден е рускиот цар Николај Втори Александрович Романов, последниот монарх на Русија, кој владеел од 1894 до абдицирањето во 1917 година. Со сопругата, петте деца и послугата биле убиени во јули 1918 во Екатеринбург (Свердловск) по наредба на Ленин, по што сите искасапени биле фрлени во необележана гробница.

1872.- Роден е Бертранд Расел, англиски филозоф. Студирал математика и физика во Кембриџ. Во 1950 година ја добил Нобеловата награда за литература. Бил на чело на антинуклеарното движење во Британија и претседател на Судот за утврдување на воените злосторства во Виетнам. Умрел на 2 февруари 1970 година.

1897.- Роден е американскиот филмски режисер од италијанско потекло Френк Капра, трипати добитник на Оскар, автор на комедии со сатирични теми. Филмови: „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Господин Дидс оди во град“ (Оскар), „Изгубени хоризонти“, „Запознајте го Џон Дуа“, „Не можете тоа да го понесете со себе“ (Оскар).

1899.- Во Хаг била одржана првата меѓународна конференција против трката за вооружување и спречување на војни.

1908.- Умрел Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. Бил водач на првата германска експедиција на Северниот пол. Роден е на 26 октомври 1837 година.

1911.- Умрел австрискиот композитор и диригент Густав Малер, директор на Државната опера во Виена, кој под влијание на Лудвиг ван Бетовен и Рихард Вагнер создавал композиции со изразит драмски набој и силни емоции. Дела: „10-та симфонија“, циклуси соло песни за глас и оркестар, „Песна за земјата“, „Песни за мртвите деца“…

1919.- Родена е англиската балерина Маргарет Хукам, позната како Маргот Фонтејн, една од најпознатите во 20. век, која на секој лик му давала посебна драмска сила. Со извонреден успех ширум светот играла низа улоги во класичните балети „Жизел“, „Лебедово езеро“…

1920.- Роден е римокатоличкиот свештеник Карол Војтила, кој под името Јован Павле Втори во 1978 година, по 455 години, станал првиот папа кој не потекнува од Италија.

1954.- Стапила во сила Европската конвенција за човекови права.

1961.- Во Скопје, во киното „Култура“, била одржана премиерата на „Мирно лето“ – првиот игран филм, режиран од македонски филмски автор, од режисерот Димитрие Османли.

1974.- Индија извршила прва нуклеарна проба во пустината во Раџастан, со што станала шеста држава која извршила нуклеарен тест.

1977.- Во Москва, за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај бил прогласен за Меѓународен ден на музеите.

1980.- Стотици илјади луѓе ја презеле контролата над јужнокорејскиот град Квангџзу, по немирите во кои единиците на воената хунта убиле најмалку двесте продемократски демонстранти.

1981.- Умрел американскиот писател од ерменско потекло Вилијам Саројан. Дела: „Се викам Арам“, „Пет зрели круши“, „Мамо, јас те сакам“, „Доживувањата на Василиј Џексон“, „Предмет на смеата“, „Време на вашиот живот“ (Пулицерова награда 1939), „Моето срце е во гората“.

1990.- Во Виена западногерманскиот канцелар Хелмут Кол и источногерманскиот премиер Лотар де Мезијер ја потпишале спогодбата за монетарна унија, што претставуваше прв чекор кон обединувањето на Германија.

1995.- Умрел рускиот балетан Александар Борисович Годунов, кој по емиграцијата од Советскиот Сојуз во 1979 година се стекнал со светска слава.

2014. – Починал Добрица Ќосиќ, српски и југословенски писател и политичар, член на Српската академија на науките и уметностите. Во српските интелектуални и политички кругови, тој бил познат како „татко на српската нација. За време на распадот на СФРЈ, во текот на 1989 година, Ќосиќ учествувал активно во создавањето на Српската демократска партија во Хрватска, а една година подоцна и на Српската демократска партија во Босна и Херцеговина. По распадот на СФРЈ, на 15 јуни 1992 година, Ќосиќ бил избран за прв претседател на СР Југославија. Сепак, на таа функција останал само една година, зашто по судирот со Слободан Милошевиќ, тој бил разрешен со тајно гласање на двата собора на Сојузното собрание, поради „кршење на Уставот„. Веднаш потоа, Ќосиќ преминал во опозицијата и, на повикот на Зоран Ѓинѓиќ, зборувал на протестните собири во 1996 и 1997 година. Во мај 2000 година му се приклучил на опозициското движење „Отпор“, иако подоцна изјавил дека немало да го направи тоа, ако знаел дека движењето било финансирано од странство. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 18 мајвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ