• Latest

19 април низ вековите

April 19, 2018
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

19 април низ вековите

April 19, 2018 07:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

885.- Во Моравија умрел Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф – Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители. Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги, издигнувајќи еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станале најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура. Методија е роден околу 825 година.

1587.- Британската флота под команда на адмиралот Френсис Дрејк го освоила градот Кадис во Шпанија. Шпанската „непобедлива армада“ била уништена во наредните неколку години во Ла Манш.

1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски економист, главен претставник на англиската класична школа, приврзаник на теоријата за работната вредност. Во 1809 година го објавил памфлетот „Цената на златото“. Најпознато негово дело е „Принципи на политичката економија“. Умрел во Лондон, на 11 септември 1823 година.

1775.- Американската војна за независност почнала со поразот на Британците кај Лексингтон и Конкорд.

1783.- Конгресот на САД објавил дека со победа завршила војната за независност од Велика Британија.

1906.- Во Париз умрел Пјер Кири, француски физичар и хемичар. Заедно со својата сопруга Марија Кири ги удрил темелите на науката за радиоактивноста, пронаоѓајќи два важни елемента: радиумот и полониумот. Роден бил во 1859 година.

1911.- Во Португалија била одвоена црквата од државата.

1921.- Стапил на сила законот за поделба на Ирска – на Република Ирска и Северна Ирска, која остана дел од Велика Британија. Независноста е резултат на многубројните востанија на Ирците, па британската влада, немоќна со оружје да го спречи бунтот, го поделила Островот и на поголемиот дел му ја признала независноста.

1945.- Американските војници во Втората светска војна го зазеле германскиот град Лајпциг.

1967.- Умрел германскиот државник Конрад Аденауер, канцелар на Западна Германија од 1949 година до 1963 година.

1971.- СССР ја лансирала вселенската станица „Салјут“ во орбитата околу Земјата.

1975.- Од космодромот Бајконур со советска ракета бил лансиран првиот индиски вештачки сателит.

1984.- Лансиран бил првиот кинески телекомуникациски сателит. Пред Кина тоа им успеало само на Советскиот Сојуз и на САД.

1993.- Кралството Холандија ја признало независноста на Република Македонија.

1995.- Во експлозија во една федерална зграда во американскиот град Оклахома Сити загинале најмалку 168 луѓе.

2000.- Во најтешката несреќа во историјата на филипинското воздухопловство загинале 131 патник и членови на екипажот кога авион на компанијата „Ер Филипинс“ се урнал во близина на градот Давао во јужниот дел на Филипините.

2005.- Конклавата на кардиналите на Римокатоличката црква го избрала германскиот кардинал Јозеф Рацингер за нов папа. Тој го избрал името Бенедикт Шеснаесетти. Изборот на новиот папа бил означен со бел чад од Сикстинската капела и бил потврден со биење на камбаните десетина минути подоцна од базиликата „Свети Петар“. Бенедикт Шеснаесетти е 256-ти по ред избран папа и е првиот Германец избран за понтиф по 480 години.

2007.- Умрел францускиот актер Жан-Пјер Касел. Роден е во Париз во октомври 1932 година како син на доктор и оперска пејачка. Филмови: „Среќен пат“, „Тројцата мускетари“ и „Четворицата мускетари“, „Дискретниот шарм на буржоазијата“, „Пекол“, „Церемонија“ „Pret-a-porte“.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 19 априлвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ