• Latest

19 мај низ вековите

May 19, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

19 мај низ вековите

May 19, 2018 07:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1536.- Отсечена и била главата на Ана Болен, втората жена на англискиот крал Хенри Осми, четири дена откако судот „востановил“ дека е виновна за прељуба и инцест.

1649.- За првпат бил употребен називот „Комонвелт“, со кој Оливер Кромвел ја означил англиската република. На империјалната конференција во 1926 година бил усвоен називот „Комонвелт нација“, кој од 1931 година се користел наместо називот Британска империја.

1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од најистакнатите претставници на германската класична филозофија. Тој извршил големо влијание врз германскиот романтизам. Умрел во Берлин, на 27 јануари 1914 година.

1802.- Наполеон Бонапарта во Франција го востановил Орденот на легија на честа за цивилни и воени заслуги.

1825.- Умрел францускиот социјалист Клод Анри Сен Симон. Тој сметал дека традиционалната држава треба да биде заменета со индустриското општество, а аристократите, војниците и бирократите треба да им го отстапат местото на индустријалците, работниците и селаните. Дела: „Индустриски систем“, „Индустријата и политичките, моралните и филозофски разговори во интерес на сите луѓе оддани на корисната работа и независност“, „Ново христијанство“, „Стар и нов политички систем“.

1861.- Родена е австралиската пејачка Хелен Потер Мишел, позната како Нели Мелба, една од најголемите оперски сопрани на крајот од 19. и почетокот на 20 век. Со голем успех со децении настапувала скоро во сите најголеми оперски куќи во светот, вклучувајќи ги и лондонскиот Ковент Гарден и њујоршката Метрополитен опера.

1906.- Официјално бил отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри.

1912.- Умрел полскиот писател Болеслав Прус, најзначаен полски реалист. Во делата пишувал за борбата на Полјаците против германизацијата. Дела: „Кукла“, „Вал се враќа“, „Мртва стража“, „Еманципирана жена“, „Фараон“, „Станар во поткровјето“, „Јакубовиот сон“, „Балски фустан“, „Проклета среќа“, „Ситници“, „Вечерни приказни“.

1925.- Роден е американскиот борец за граѓанските права на црнците со африканско потекло, Малколм Литл, познат како Малколм Екс. Беил убиен во Њујорк во февруари 1965 година додека држел говор пред насобраните приврзаници.

1930.- Белите жени во Јужна Африка се здобиле со право на глас.

1935.- Во сообраќајна несреќа загинал британскиот полковник Томас Едвард Лоренс, познат како Лоренс од Арабија, археолог, истражувач, писател и борец. Се истакнал во борбите на Блискиот Исток во текот на Првата светска војна, кога ги собрал Арапите кои биле непријателски расположени спрема Турција.  Напишал сеќавања – „Востание во пустина“.

1910.- Во Штип бил роден Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија. Бил член на Второто заседание на АВНОЈ, на Првото, на Второто и на Третото заседание на АСНОМ, потпретседател на првата Влада на ДФ Македонија. Умрел во Скопје, на 8 ноември 1986 година.

1965.- Умрела Марија Домбровска, полска писателка. Продолжувајќи ги најубавите традиции на полскиот класичен реализам пишувала романи, приказни, есеи и друго. Родена била во 1889 година.

1989.- Во време на крвавите студентски демонстрации во Пекинг бил сменет генералниот секретар на Комунистичката партија на Кина Џао Цијанг, бидејќи се спротивставил на вонредните мерки и примената на сила против демонстрантите.

1990.- Во Велес било формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година било примено во најпознатите европски и светски асоцијации.

1994.- Умрела поранешната американска „прва дама“ Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, кој бил убиен во 1963 година. Пет години подоцна Жаклина се омажила за грчкиот бизнисмен Аристотел Оназис.

2000.- Маскирани луѓе упаѓајќи во зградата на собранието на Фиџи ги заробија пратениците и членовите на владата, вклучувајќи го и претседателот на владата на таа островска пацифичка земја. Водачот на ударот објавил дека владејачката коалиција го дискриминирала автохтоното домородно население фарозиризирајќи ги етничките Индуси.

2002.- Во Скопје, во салата на СРК „Кале“, во финалниот реванш натпревар на Лигата на европските шампионки во ракомет, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го победиле првакот на Унгарија ХЕРЗ Ференцварош со 26:22 и станале европски клупски шампионки. 

2011.- Починал д-р Лазар Китаноски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поранешен пратеник и министер за одбрана. Китаноски бил роден на 25.04.1948 година во Охрид. Основно, средно образование и Правен факултет завршил во Скопје. Ги извршувал следните државни функции: министер за одбрана во Владата на Република Македонија (1997-1998), пратеник во Собранието на Република Македонија (1998-2002), советник за национална безбедноста на претседателот на Владата на Република Македонија (2002-2004), советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија (во 2004), директор на Агенцијата за разузнавање (2004-2006) и пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2008). (МИА)

Tags: 19 мајвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ