• Latest

19 ноември: права, правда, застарување на дела и проширување на ЕУ

November 19, 2019
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026

„12:05“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Триаголен судир

September 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Македонија или ЕУ

September 27, 2026

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

19 ноември: права, правда, застарување на дела и проширување на ЕУ

November 19, 2019 15:27
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на проширувањето на маса на министерскиот состанок на ЕУ

Министрите за надворешни и европски работи на ЕУ денеска прв пат по француската блокада во октомври се навратија на прашањето за проширувањето кон западниот Балкан и преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Советот за општи работи кој се одржува денеска не предвидува никакви конкретни заклучоци, туку само размена на мислења помеѓу земјите членки и обид да се излезе од ќор-сокакот откако Париз ги блокираше преговорите со Северна Македонија со изговор дека е претходно потребна реформа на преговарачкиот процес.

Уставните судии денеска расправаа за иницијативата за застарување на делата за злоупотреба на службена должност

Уставните судии денеска на колегиум ќе дискутираат по иницијативата за член 353, став 5 од Кривичниот законик, која се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службена должност и овластување.

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати вчера најави дека на колегиумот детално ќе се разговара за оваа иницијатива и ќе биде донесен став.

Има простор за унапредување на правата на Ромите

Не е можна интеграција во ЕУ без да се решат предизвиците со кои се соочува ромската заедница, беше потенцирано на денешната национална конференција „Проценка на напредокот на РСМ во спроведување на јавните политики кон ромската заедница”.

Ромите се уште се соочуваат со проблеми во четирите клучни области – образование и наука, домување, здравство и култура, и покрај преземените мерки, активности и зголемување на буџетот за нивно спроведување. Тие реагираат и на малата застапеност во јавната администрација, како и на многу малиот број раководни места кои ги пополнуваат лица од оваа заедница.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев и еврокомесарката за правда Вера Јоурова денеска на средба во Скопје оцениле дека државава покажала добри резултати во борбата против корупцијата, но оти е потребна е трансформација на правосудниот систем во насока на поголема ефикасност во работата, согласно со европските стандарди и вредности. На состанокот,  соопшти владината прес-служба, е потврдено дека е потребно одржливо решение за продукција на капацитети во правосудството, постигнато на транспарентен начин и со висок професионализам.

Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење. Ова се резултатите од истражувањето за финансиска писменост кое е спроведено од Истражувачкиот институт – Тим институт, а денеска беа претставени од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е барател на истражувањето.

Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО не е доведено во прашање, само се чека завршување на процедурата на ратификација на протоколот за членство во сите земји членки на Алијансата, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај во интервју за Радио Слободна Европа.

Без создавање механизми за младинско учество во процесот на донесување на одлуки, како и нивно охрабрување за активно учество, не можеме да очекуваме напредок и просперитет и тоа е насушна потреба на секоја држава, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на завршната конференција во рамки на проектот „Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки“, што го спроведе Евро-атлантскиот Совет на Македонија и Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на септември лани.

Бранителот на Бојан Јовановски Боки – 13, адвокатот Сашко Дукоски денеска на прес-конференција побара неговиот клинет итно да биде хоспитализиран и да биде лекуван, поради сериозни здравствени проблеми.

МИСЛА

„Ете, онаа простачка заштитна трговска марка на Грците (во превод: „Македонија Големата“), во нормални околности би била да се скинеш од смеење за тој националистички примитивизам; но, бидејќи повторно влегуваме во циклус на ненормалности, сега треба да се занимаваме и со грчките валкани трикчиња, ама и со нашите национал-шегобијци кои со обновен ентузијазам тврдат дека, ете, Грците, наводно, нè насамариле, дека идентитетот и самиот опстанок ни се доведени во прашање, на што тие на време предупредувале, ама предавниците…!“ пишува Сашо Орданоски во денешната колумна Што, точно, ги боли Французите?

„Кај нас нештата никако да се мрднат од место. Интелектуалниот сталеж во земјата ни, не сите, сè уште живее во романтизмот на некакви историски идеи кои како ѓубриво насекаде ја прекриваат активната почва на национализмот и дискриминацијата. Секако, тоа го убива потенцијалот за просперитет на младата генерација која се стреми кон европските вредности“, пишува Хусеин Адеми во колумната Метастаза на идиотизмот.

Ниту Л од Левица ниту Л од Ленка, е денешната колумна на Зоран Иванов во која пишува „Прво, Левица не е политичка партија. Регистрирана е како партија но всушност е грст амбициозни ликови кои преку корката гласови на најсиромашните само сакаат да се докопаат до некакво привилегирано државно буџетско функционерско столче. Второ, нивната партиска матрица нема врска со лево ориентирана идеологија. Тие се класична десница. Идеолошки продукт од сталинистичко нихилистички микс. Тие се само засебе и против се`. Против интеграции со демократскиот свет, поточно против волјата на најмнозинското македонско мнозинство“.

Маја Ивановска
во соработка со: Ангела Петровска, Сашо Орданоски, Хусеин Адеми, Зоран Иванов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ