• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Кога критиката ќе ја загуби смислата

January 26, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Кога критиката ќе ја загуби смислата

January 26, 2022 07:00
in ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Република Северна Македонија е членка на НАТО од 2020 година.

Членството во НАТО беше и е дел од програмските определби на најголем број од политичките партии и беше поддржано од над 75% од граѓаните.

НАТО е замислена како структура за колективна одбрана, а членувањето во истата подразбира: исполнување на одредени демократски стандарди, одредени функционално-воени стандарди и секако спремност на членките да учествуваат во формулирањето заеднички ставови и учеството во заедничката активност во ситуации на конфликт.

Европа се соочува со исклучително опасна конфликтна ситуација меѓу Русија и Украина и министерката за одбрана на Република Северна Македонија беше прашана од новинарите за ставот на Македонија во однос на овој конфликт и евентуалното вклучување на армијата на државата во активности на НАТО поврзани со истиот.

Министерката даде неколку изјави во кои потенцираше дека Република Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ги поддржува напорите на НАТО и ОБСЕ за надминување на тензичната ситуација.

Меѓу другото, таа изјави дека „нашите институции во целост ги преземаат сите мерки за заштита на македонските граѓани. Во координација сме со релевантните институции задолжени за безбедноста на граѓаните во државата и надвор од неа. Наша цврста позиција на која стоиме е дека недвосмислено го почитуваме Вашингтонскиот договор и сите фундаментални договори кои ја гарантираат безбедноста на Европа“.

Во врска со евентуалниот ангажман на македонски војници при ескалација на конфликтот, министерката изјави дека ангажманот на нашата Армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО. На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество, односно ангажман.

Во ниту една од изјавите на министерката не беше спомнато објавување војна на Русија ниту пак тргнување со војската на Македонија кон Русија. Меѓутоа токму такви конструкции беа направени во редица медиуми и овие конструкции (не самите изјави или делови од изјавите на министерката) беа искористени како основа за лавина од омаловажувачки, исмејувачки и навредливи коментари и квази-анализи.

Последен облик на дезавуирање на изјавата на министерката претставува пласирањето на еден од настапите на Хрватскиот претседател според кој „Хрватска нема што да бара во Украина, нема да учествуваме во никаков конфликт“. Не случајно во случајот е направена комбинација на изјавата на претседателот на Хрватска и министерката за одбрана на Македонија: „Македонија се подготвува за конфликт со Русија, а хрватскиот претседател контра: ќе ги повлечам сите војници“. И сосема намерно не се пренесуваат изјавите на премиерот на Хрватска според кој „Хрватска јасно и решително ќе реагира доколку Русија ја нападне Украина“ и „Хрватска е членка на ЕУ и НАТО кои во повеќе наврати ја предупредија Москва дека ќе се соочи со сериозни последици доколку ја нападне Украина“ и – каква би била улогата на војниците на Хрватска во НАТО? Како дел од напорите да се спречи судирот.

Навредите добиваат посебно широк замав на социјалните мрежи каде што е искористен и од редица поддржувачи на Русија, евро и НАТО скептици и за  јасно заземање страна.

Измислувањето лажна конструкција, ширењето на истата и на крај исмевањето кое успева да го сокрие фактот дека се исмева нешто измислено, а не вистински кажаното е, самото по себе, загрижувачко.

Меѓутоа, зад оваа и ваква реакција може да се видат и многу посериозни проблеми и тоа треба многу да нѐ загрижи.

Прво, заради тоа што претставува отворено потценување на сопствената држава, на нејзиното значење и местото кое што го има во пошироките структури во кои сме или сакаме да се зачлениме.

Второ, затоа што на мала врата промовира некои други вредности и вредносни системи, многу различни од оние за кои сме се определиле во нашиот натамошен развој (посебно што нападите кон министерката се искористени за проширување на анимозитетот кон граѓанските здруженија, и идејата за отворено општество).

Трето, се гради негативна перцепција за Украина и за нејзината борба да биде препознаена како независна и самостојна држава со право да влегува и излегува од сојузи и меѓународни структури, што е во потполна контрадикторност со величењето токму на издвојувањето на Македонија од поранешната СФРЈ и референдумското решение за нејзин натамошен самостоен развој.

Критиката заради критика не е само бесмислена и втемелена во очигледна инфериорност (посебно кога се базира на лага). Таа може да биде исклучително штетна и контрапродуктивна. Може да заведе, да дефокусира и да измести од колосек.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ