Околу 2.000 приватни автомобили веќе го напуштија Мариупол, опкружен со руски напаѓачи, на 15 март, додека уште 2.000 автомобили се на излез од градот, објави на Телеграм Градскиот совет на Мариупол, пренесува Укринформ.
„Познато е дека до 14 часот од Мариупол тргнале 2.000 автомобили. Луѓето се движат на релација Мариупол-Манхуш-Бердијанск-Токмак-Василивка-Запорожје, каде можат да ја добијат потребната помош. Уште 2.000 автомобили се на излезот од град“, се вели во соопштението.
Градскиот совет исто така истакна дека за нивна лична безбедност луѓето треба да пристигнат во Василивка најдоцна до 18 часот, а оние кои немаат време треба да најдат безбедно место и да преноќат во Бердијанск или Токмак.
Обработил Д.М.