• Latest

4 април: Надежи, поинтезивна изборна кампања и говорот на омраза…

April 4, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

4 април: Надежи, поинтезивна изборна кампања и говорот на омраза…

April 4, 2019 16:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жбогар се надева дека ќе се постигне договор за СЈО 

Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во државата, на одржаното предавање на Факултетот за безбедност, Скопје, изјави дека се надева во јуни на состанокот на Советот на ЕУ ќе се одлучи да се отворат преговорите за Северна Македонија,јавува МИА.

„Од земја која беше во политички превирања, сега има функционална демократија, функционален Парламент со опозиција која се ангажира за реформските процеси, реформите во праводуството, така што гледаме важен напредок. Секако уште многу нешта можат да бидат направени до јуни, и со надеж чекаме да ги видиме вашите достигнувања и да видиме што ќе се случи дотогаш“, истакна Жбогар.

За Жбогар најголем предизвик со кој ЕУ сега се соочува е појавата на национализмот и анти-ЕУ движеањата.

„Најголем предизвик е граѓаните да се уверат дека интегрираната Европа не е закана за националниот суверенитет. Тоа особено дојде до израз по имиграциската криза. Со овој предизвик сфаќаме дека Европската Унија не може да се земе здраво за готово – истакна Жбогар, додавајќи дека оттука е големо значењето на претстојните избори за Европскиот Парламент“, рече тој.

Полска и Словачка го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Полска и Словачка денеска го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјава во НАТО и со тоа бројот на земји кои го одбрија влезот на Северна Македонија во Алијансата се искачи на 11.

„Денеска двете најубавите честитки ги добивме од Полска и од Словачка. Полскиот Сеин денеска го изгласа протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. И словачкиот парламент со огромно мнозинство исто така даде поддршка“, изјави Радмила Шекеринска, министер за одбрана.

Неколку часа претходно од другата срана на океанот, од Вашингтон каде се одржува министерски состаноки на НАТО, беа испратени неколку пораки за членството на Северна Македонија во Алијансата. Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го поздрави скорото проширување на Алијансата со 30-тата земја-членка.

ДИК: Глас по глас за иднина

Преку Твитер, Фејсбук и новиот Јутјуб канал, Државната изборна комисија ја започна својата едукативна програма за гласачите за претседателските избори. Едукативното видео „Глас по глас“ има цел да ги информира граѓаните дека треба да се изборат за да го остварат своето гласачко право, да бидат слушнати и да одлучат за својата иднина.

„Мојот глас е мое право, одговрност и цел. Со мојот глас, јас одлучувам. Јас имам глас, а имаш и ти. Гласај за да бидеш слушнат“, е пораката на ДИК. Видеото е на македноски јазик, со знаковен толкувач. Сè уште нема на албански јазик и на другите јазици што се зборуваат на територија на нашата држава.

Симболиката на крајот од видето укажува: Заокружи за својата иднина.

Најава за кршење на изборниот молк

Фејсбук страницата Република Македонија, на 4 мај, ден пред вториот круг претседателски избори, организира „Мандат револуција“, за која, како што пишува на настанот објавен на страницата, е поради незадоволството на граѓаните.

Индикативно е што „револуцијата“ е закажана за време на изборниот молк.

Официјални организатори на настанот не се означени, но од самата страница и од содржината на повикот лесно може да се претпостави од која партиска кујна се продуцира овој пропаганден материјал. Повикот може да се протолкува единствено како политичка пропаганда во изборен контекст. Без оглед на тоа дали се работи за повик да се гласа за одреден претседателски кандидат или е своевиден повик за бојкот на претседателските избори во вториот круг, ова кршење на изборниот молк во најава содржи и отворен говор на омраза врз етничка основа, со нагласувањето на „албанскиот политичар“ како најголемата опасност на македонскиот народ, како и врз политичка основа, нагласувајќи го „македонскиот политичар“ кој, заедно со „албанскиот политичар“ претставува „закана“.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија, соодветно на своите законски надлежности да преземат мерки да се спречи кршењето на изборниот молк што е повеќе од очигледно од овој пропаганден атак на социјалните мрежи.

И вработен во МВР шири говор на омраза на Фејсбук 

Неодамна, вниманието на набљудувачите на ЦИВИЛ го привлече и активноста на социјалните мрежи на вработен во македонската полиција кој шири говор на омраза на Фејсбук. Се работи за Зоран Димовски, кој според нашите извори работи во МВР.  Тој, пред извесен период, на една објава на еден портал, со наслов „Македонците останаа цигано-скопјанос на парадата во Атина“, искоментирал: „Благодарение на циганот Димитрос“, алудирајќи на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Ако се погледне профилот на овој полицаец, може да се забележи дека пред една година, профилната фотографија му е во рамка на ВМРО, каде што пишува „Слобода или смрт“, со камата, ножот и кубурот. ЦИВИЛ смета дека припадниците на полицијата не би требало да се впуштаат во ширење говор на омраза, партиска пропаганда, а особено не кога тоа вклучува и симболи што уптауваат на насилство. Тоа го подрива чувството на безбедност и ја потценува непристрасноста на институциите.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човековите права и слободи, преку соопштение, побара од институциите да поведат сметка за законитоста, почитувањето на човековите права и слободи, како и за безбедноста на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија. ЦИВИЛ ги осудува говорот на омразата и поттикнувањето на насилство во секаква форма и очекува од Владата и секое министерство и институција на локално и национално ниво, да расчистат со екстремисти во своите структури. „Активистите за човекови права не се должни да ја работат работата на институциите!“ – се вели во соопштението на ЦИВИЛ, како и во реакцијата на видни активистки и активисти за човекови права.

ЦИВИЛни активности 

Хроника

„Третиот ден од кампањата на претседателските кандидати продолжи со исто темпо, истото се повторува, само со променети зборови во подготвените говори.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, на вчерашниот митинг во Кавадарци изјави пред граѓаните дека сè што постигнала во животот не можела да го постигне ако не би била во Македонија. Не заборави да спомне дека ситуацијата во државата е толку многу лоша, што и Владата заборавила да ја облече Армијата и дека ја оставила боса, иако ситуацијата во државава отсекогаш била иста.

„Заборавија дека и народот ни е бос, заборавија дека и Исус одел бос…“, додаде Силјановска“, се вели во „Кога Исус одел бос“.

Граѓански објектив во Старата Чаршија 

Со музика, кратки видео прилози и слајдови со пораки и фотографии, тимот на ЦИВИЛ одржа презентација на #ГраѓанскиОбјектив.

Бројните минувачи имаа можност да ги видат прилозите на граѓанските новинарки и новинари, постигнувањата и влијанието што тие ги имаат во општеството и врз институциите.

Повеќе информации за проектот и можноста активно да се вклучите во мониторинг на политичките процеси во земјата на фејсбук страницата на Граѓански објектив.

Какви избори – таква иднина 

Конференција за слободни, фер и демократски избори, 10 април, хотел Парк Резиденс, 12 ч.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја организира 120-минутна конференција „Какви избори – таква иднина“ на која ќе ги изнесе своите наоди, анализи и препораки за претстојните претседателски избори. Конференцијата ќе се одржи на 10 април, во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион), со почеток во 12 часот.

На конференцијата се поканети претставнички и претставници на институциите, граѓанското општество, експертите, медиумите и меѓународната заедница. Долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ ги опфати состојбите и настаните поврзани со претседателските избори, почнувајќи од нивното распишување на 8 февруари годинава. Набљудувачите на ЦИВИЛ го насочија своето внимание на повеќе важни аспекти на изборниот процес, вклучувајќи ги говорот на омразата, лажните вести, функционирањето на институциите, политичкото финансирање и почитувањето на Изборниот законик и демократските стандарди.

А. Петровска

 

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ