• Latest

2024: Политички пресврт, галопирачки цени, црна листа

December 31, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

2024: Политички пресврт, галопирачки цени, црна листа

December 31, 2024 15:41
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО – ДПМНЕ повторно ја води државата. Два нови политички чинители на сцената – коалицијата „Вреди“ и партијата „ЗНАМ“. СДСМ и ДУИ се во опозиција. Високи функционери на ДУИ осомничени за криминал и корупција. Граѓаните на мака како да се врзе крај со крај во месецот. Ретроспектива за 2024 година, пишува Огнен Чанчаревиќ за Глас на Америка.

Политичката пресвртница која ја донесоа претседателските и парламентарните избори кои се одржаа во април и мај ја одбележаа 2024 година во Северна Македонија. СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција а ВМРО – ДПМНЕ заедно со два нови играчи на политичката сцена – коалицијата „Вреди“ и партијата „ЗНАМ“ сега ја водат државата.

На меѓународен план никакво поместување, државата останува во европската чекална. Живејачката во Северна Македонија е сè поскапа а приходите на граѓаните се далеку од трошоците кои треба да ги покријат во тековниот месец.

Криминалот и корупцијата се македонското секојдневие, а довербата во институциите паѓа од ден во ден.

Ново мнозинство во Парламентот

ВМРО – ДПМНЕ буквално ја прегази СДСМ на претседателските и парламентарните избори и во моментов со 78 пратеници има исклучително стабилно мнозинство на кое нема кој да му парира на политичката сцена во државата. Во сега опозициската СДСМ, лидерот Димитар Ковачевски ја понесе одговорноста и си замина а го наследи Филипче кој треба да ја консолидира партијата којашто е во слободен пад.

Изборите на површина извадија два нови политички чинители во државата. „ЗНАМ“ предводена од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој ги собра околу себе незадоволните членови и симпатизери на СДСМ а Договорот за учество во владејачката коалиција беше постигнат брзо и лесно.

Подем на „Вреди“

Во албанскиот политички блок се појави коалицијата „Вреди“ составена од четири партии и исто толку лидери многу брзо зеде замав меѓу граѓаните. Предводена од искусен политичар како Изет Меџити зад кого стоеја Касами, Таравари и Гаши успеа да ги детронизира ривалите од Мала Речица. Гаши стана спикер а Меџити прв вицепремиер. Иако дел од програмата беа уставни измени до крајот на годинава, сепак мораа да ретерираат поради цврстиот став на коалицискиот партнер.

По две декади минати во фотелјите низ институциите на државата ДУИ сега седна на столчињата наменети за опозицијата. Како опозиција секојдневно се обидуваат да извадат глас повеќе користејќи го вечниот џокер национализмот и правата на Албанците во Македонија но во моментот фокусот им е на регулирање на штетата откако високи партиски функционери се осомничени за криминал и корупција.

Артан Груби на „Црната листа“ на САД

„Црната листа“ на САД и во 2024 година продолжи да се дополнува. По Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на неа е најде Артан Груби, десната рака на Али Ахмети и судијата Енвер Беџети, кадар на ДУИ.

Груби е во бегство и се бара со меѓународна потерница поради милионски криминал во државната лотарија, а ДУИ јавно се дистанцираше од него во обид да го спаси својот рејтинг.
Судството и довербата во него и годинава остана еден од клучните проблеми. Рејтингот од два проценти е адутот на премиерот Мицкоски кој бара распуштање на Судскиот совет кое е извесно дека ќе се случи откако Собранието донесе негативен извештај за новото работење. Изборот а потоа и разрешувањето на претседателката на Судски совет Весна Дамева, како и апсењето на врховниот судија Наќе Ѓоргиев само го потврдија хаосот во судската власт.

Галопирачки цени

На економски план без значаен напредок во 2024 година. Замрзнати цени и маржи, владини мерки, кошници и акции се начините на кои државата се обидува да ги заузди цените кои ги диктираат трговците во трка за поголем профит.

Кошниците и како акција и како мерка на два пати беа изиграни токму од трговците а граѓаните останаа да го плаќаат цехот. Минималната синдикална кошница за една година стана потешка за околу осум илјади денари и сега изнесува 62 илјади денари а платите продолжуваат да каскаат далеку зад цените. Минималната плата од 450 евра остана само желба на Синдикатите.
Бизнисот и општините сè уште се во исчекување на 500-те милиони евра од унгарскиот кредит со кои државата неколку месеци располага но бара начин да ги пласира.

И натаму во чекалницата на ЕУ

Северна Македонија остана во чекалницата на ЕУ, се раздвоија патиштата со Албанија. Измени на Уставот и внесува на Бугарите останува единствениот услов за продолжување на преговорите, а Владата останува на својот ригиден став дека – единствено можно со одложено дејство и се обидува со своите аргументи да издејствува позиција кај меѓународниот фактор. Граѓаните од ден во ден се повеќе разочарани од Унијата.

Радмила Шеќеринска е избрана за заменик генерален секретар на најмоќната алијанса во светот – НАТО а „летечкиот Македонец“ Игор Стефановски – Иџе по трет пат ја освои европската круна во ридско брзинските трки.

Граѓаните остануваат со надеж дека наредната 2025 година ќе им донесе просперитет а на Владата и останува обврската за борба со корупцијата и криминалот но и за одглавување на процесот на евроинтеграции.

Глас на Америка

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ