• Latest

21 ноември: Ратификација на Протоколот за НАТО, Рускоска ги налути судиите, ветинг, вакцинација…

November 21, 2019

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

21 ноември: Ратификација на Протоколот за НАТО, Рускоска ги налути судиите, ветинг, вакцинација…

November 21, 2019 16:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Франција го ратификуваше Протоколот за НАТО, остана уште Шпанија

„Националното собрание на Франција го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Уште само еден чекор до целта што ја зацртавме во 1993 година – полноправно членство во Алијансата!“, објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров на Твитер.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на Твитер објави: Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“.

Пораката на Рускоска ги налути судиите

СМС-пораката на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, дека ќе поведе финансиска истрага против судиите од Апелацискиот суд, кои донесоа одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“, да излезе од притворот во Шутка и да издржува куќен притвор, ги налути апелациските судии.

За судиите ваквото однесување на Рускоска е преседан во правосудниот систем, а за Судскиот совет е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

– Ако ти, со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“, е содржина на СМС-порака, како што соопшти Апелацискиот суд, која обвинителката Рускоска ја испратила до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелација.

Велковски: Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината

Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината. Ме нервира кога сум спречен да одам некаде ако нема рампа или ако нема превоз за мене, и родителите мораат да ме носат. До сега бев мал, па родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене. Но, сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен, порача 11-годишниот Јане Велковски, застапник за правата на децата со попреченост на панел дискусијата – „Да не изоставиме ниедно дете: за секое дете, сите права“ на собирот на високо ниво во Генералното собрание на Обединетите нации.

Како што информира денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, тој на собирот што се одржа во рамки на “Триесет години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето и одбележување на Светскиот ден на детето“ што се одржа на 20 ноември 2019 во седиштето на Обединетите нации рече дека децата како него сигурно исто се чувствуваат, порачувајќи им  да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од својот сон.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

– Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во рамки на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје. Надзорот, како што посочуваат од ДСЗИ следел по објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба.

– Имаме стабилни односи со ДУИ, но до изборите е важно да се фокусираме на тоа што ќе понудиме на граѓаните, а тие на изборите со тоа како ќе се определат со гласовите така ќе не насочат во делот на идните соработки.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање во врска со изјава на потпретседалот на партијата Мухамед Зеќири дека не сака да коалицира со ДУИ, посочувајќи на демократијата во СДСМ и постоењето  на правото на дискусија, слобода и различно мислење внатре.

– Ако пред две години имавме само една жена полковничка, денеска имаме три. Ако порано на повисоките позиции немало ниту една жена, сега првпат во историјата на нашата држава имаме жена која што е аѓутант на врховниот командант. Нашата политика е буквално секоја кандидатка за војник, која ги исполнува условите – физички, здравствени и образовни, да добие шанса да биде примена, и до денеска ниту еден конкурс не се заврши без да бидат примени сите кандидатки коишто ги исполниле условите.

Ова го истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на Регионалната конференција „Улога на жената во сочувувањето на мирот и безбедноста-Резолуција 1325-Основа за акција“ што се одржа денеска во Скопје.

– Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се залагаат за ветинг и оти чесните судии и обвинители не треба да се плашат од злоупотреби при спроведување на тој процес.

– Управата за јавни приходи денеска ги повика граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“ да извршат проверка на податоците од трансакциската сметка заради враќање на дел од данокот на додадена вредност.

– Шефот на државата Стево Пендаровски денеска вети дека ќе преземе сè што е во негова надлежност со цел да се ублажат негативните ефекти од климатските промени и упати јавен апел до сите надлежни во земјава да го зголемат својот ангажман.

МИСЛА

Внимание: Срча до колена, дебатираа Шилегов и Трајановски!

„Зошто мора СЕКОЈА политичка дебата во Македонија, па и оваа за градот, да биде претворена во улична расправија со засукани ракави? Наместо судир на урбани концепти, ни се сервира судир на сметководствени биланси, со многу алузии за криминали и злоупотреби. Од бивши и сегашни градоначалници на главниот град се очекува и одредено ниво на апстракција на проблемите, расправа за филозофијата на современото живеење, а не само викачки, саморекламерски натпревар за асфалтирани квадрати и насадени тревници. Градоначалникот е како диригент на голем симфониски оркестар кој не е таму само за точно да ги прочита нотите и ритамот во партитурата, туку да го пренесе и своето разбирање на духот на делото“, пишува Сашо Орданоски.

Ангела Петровска во соработка со: Дехран Муратов, Биљана Јордановска и Сашо Орданоски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ