• Latest

22 јуни низ вековите

June 22, 2018

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

22 јуни низ вековите

June 22, 2018 07:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Меѓународен Олимписки ден.

1533.– По неуспешната опсада на Виена во 1529 година и безуспешниот поход на престолнината на Австрија во 1532 година, турскиот султан Сулејман Втори со Австрија морал да потпише договор за мир.

1874.- Воспоставена била првата телефонска врска помеѓу Бразил и Европа.

1898.- Роден е германскиот писател Ерих Марија Ремарк (вистинското име му било Ерих Паул Крамнер). Дела: „На запад ништо ново“, „Враќање“, „Тројца воени другари“, „Небото не знае за милениците“, „Искра на животот“, „Триумфална порта“, „Љуби го својот ближен“, „Време на животот и време на смртта“.

1904.– На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, здружените чети на Славејко Арсов и на Атанас Бабата воделе тешка борба против турската војска. Во судирот загинале голем број македонски борци, меѓу кои и војводата Славејко Арсов (роден е во селото Ново Село, Штипско, на 17 август 1878 година), а Атанас Бабата бил тешко ранет. Турската војска имала 60 загинати и многу ранети војници.

1906.- Роден е американскиот филмски сценарист, продуцент и режисер од австриско потекло Били Вајлдер. Наградуван е на фестивалите во Кан и во Венција, а освоил и неколку Оскари. Филмови: „Пропаднат излет“, „Булевар на самракот“, „Сабрина“, „Духот на Сент Луис“, „Љубов попладне“, „Некои тоа го сакаат жешко“, „Апартман“, „Еден, два, три“, „Слатката Ирма“, „Приватниот живот на Шерлок Холмс“, „Федора“, „Седум години верност“.

1907.– Во Рим е роден Алберто Моравија, италијански писател. Најпознати негови дела се „Рамнодушни луѓе“, „Конформист“, „Римјанка“, „Презир“, „Чочара“ и „Римски приказни“. Умрел во Рим, на 26 септември 1990 година.

1913.– Во Санкт Петербург излегол првиот број на списанието „Македонски голос“ („Македонски глас“), орган на приврзаниците на независна Македонија. Списанието излегувало на руски јазик. Само песната „Крали Марко“ во бр. 9/1914 година била на македонски јазик, мијачки дијалект. Издавач на списанието бил Димитрија Чуповски. Списанието престанало да излегува на 3 декември 1914 година, заклучно со бројот единаесет.

1941.– Во раните утрински часови, Хитлерова Германија го нападнала Советскиот Сојуз. Копнените и воздушните борби го зафатиле целиот фронт од Црно Море до Балтичко Море, со содејство на околу 200 пешадиски и механизирани нацистички дивизии определени за секавична војна.

1941.- Италија и Романија му објавиле војна на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

1949.- Родена е американската филмска актерката Мери Луиз, позната како Мерил Стрип, добитничка на Оскар за филмовите „Јулија“, „Крамер против Крамер“ и „Софиевиот избор“. Други филмови: „Ловец на елени“, „Менхетен“, „Сенатор“, „Девојката на францускиот поручник“, „Моја Африка“, „Музика на моето срце“.

1964.- Во Ексетер, Њу Хемпшир (САД) е роден е Ден Браун, американски писател на трилери, најпознат по бестселерот од 2003 година  „Кодот на да Винчи“. Романите на Браун, кои се потраги по богатство сместени во период од 24 часа, обработуваат споредбени теми како криптографија, клучови, симболи, кодови и теории на заговор. Неговите книги се преведени на повеќе од 40 јазици и заклучно со 2009 продадени во повеќе од 80 милиони примероци. Други дела: „Дигитална тврдина“, „Ангели и демони“, „Точка на измама“ и „Изгубениот симбол“.

1969.- Умрела американската филмска актерка и пејачка Џуди Гарланд, која се прославила уште како девојче со улогата во филмот „Волшебникот од Оз“, за која добила Оскар. Прекрасно ги толкувала улогите во филмовите на Винсент Минели, еден од петте нејзини сопрузи, а нивната ќерка Лајза Минели исто така остварила прекрасна пејачка и актерска кариера. Други филмови: „Бебе во војска“, „Да основаме оркестар“, „Бебе на Бродвеј“, „Малата Нели Кели“, „Сретни ме во Сент Луис“, „Часовник“, „Пират“, „Ѕвездата е родена“.

1976.– Во Долниот дом на канадскиот Парламент било изгласано укинување на смртната казна.

1992.- Костурите идентификувани како земни остатоци на рускиот цар Николај Втори и на неговиот малолетен син Александар биле пронајдени близу рускиот град Екатеринбург (во советското време Свердловск). По наредба на Ленин, водачот на Октомвриската револуција, болшевиците во летото 1918 година во Екатеринбург го стрелале целото царско семејство – царот, царицата, нивните пет деца, личниот лекар и послугата.

1995.– Во Брисел, министрите за надворешни работи на Русија, Андреј Козирев и заменикот генерален секретар на НАТО Серџо Баланзино го потпишале документот на „Партнерство за мир“.

1999.- Претседателот на САД Бил Клинтон ја посетил Република Македонија. Ова била прва посета на претседател на САД на Република Македонија.

2001.- Македонските безбедносни сили ја почнале решавачката офанзива за чистење на теренот од албанските терористи во селото Арачиново, Скопско. 

2017.- Познатиот српски актер и комичар Богољуб Митиќ – Ѓоша ненадејно почина како последица на срцев удар. Четириесет и деветгодишниот Митиќ се прослави со улогата на Ѓоша во телевизиската серија „Семејно богатство“, име кое потоа стана и негов прекар. Покрај со актерството, Ѓоша се испроба и како сценарист во хумористичната серија „Агенција за СИС“. Богољуб Митиќ – Ѓоша беше женет и имаше две ќерки.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 22 јунивремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ