• Latest

22 мај низ вековите

May 22, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

22 мај низ вековите

May 22, 2018 07:02
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

337.- Починал римскиот цар Константин Први Велики, првиот римски цар кој дозволил слободно исповедање на христијанството. Тој е основачот на Константинопол (Цариград), новата престолнина на Царството.

1813.- Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во третата половина на 19. век. Негови најзначајни дела се „Тристан и Изолда“ и „Лоенгрин“. Умрел во Венеција, на 13 февруари 1883 година.

1819.- Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигнал во Ливерпул, во Велика Британија. Тоа бил првиот параброд кој за само 25 денови го препловил Атлантикот.

1859.- Роден е англискиот писател Артур Конан Дојл, лекар по професија, кој се прославил како автор на криминалистичките романи и раскази во кои главните јунаци Шерлок Холмс и неговиот пријател д-р Вотсон се измислени. Дела: „Спомените на Шерлок Холмс“, „Белиот одред“, „Изгубениот свет“, „Големата бурска војна“, „Историја на британските походи во Франција и Фландрија“, „Историја на спиритуализмот“.

1885.- Во Париз умрел Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век. Негови најпознати дела се романите „Клетници“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ и „Работници на море“. Роден бил во 1802 година.

1885.- Роден е водачот на италијанските социјалисти Џанџакомо Матеоти, кого во јуни 1924 го заробиле и убиле фашистите, по говорот кој го одржал претходниот ден во парламентот во кој документирано ги разобличил фашистичките методи и насилство на изборите.

1903.- Во селото Могила, Битолско, во борба против турската војска и полицијата загинал Андреја Петров Блажески – Расолкоски, познат како Дедо Андреја, македонски револуционер и војвода. Роден бил во Мало Црско, во средината на 19 век.

1907.- Роден е англискиот театарски и филмски актер, режисер и продуцент Лоренс Оливие, еден од најголемите толкувачи на ликови од делата на Вилијам Шекспир. Добитник бил на најголемиот број награди „Еми“ за ТВ-творештво, наградуван е на фестивалот во Кан, а добил Оскар за филмот „Хамлет“. Останати филмови: „Хенри Петти“, „Ричард Трети“, „Три сестри“, „Оркански висови“, „Ребека“, „Леди Хамилтон“, „Кери“, „Отело“, „Спартак“, „Картум“, Маратонец“…

1915.- Во најголемата железничка несреќа во британската историја, во судир на два воза во Шкотска, загинале 227 години.

1939.- Двајцата диктатори, водачот на германските нацисти Адолф Хитлер и водачот на италијанските фашисти Бенито Мусолини, го потпишале десетгодишниот „челичен пакт“ за политички и воен сојуз.

1943.- Во Москва било објавено распуштањето на Комунистичката интернационала, позната како Коминтерна, која беше основана во Москва во 1919 година.

1972.- Претседателот на САД Ричард Никсон допатувал во Москва како прв шеф на САД кој го посетил Советскиот Сојуз.

1972.- Цејлон го добил називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.

1979.- Официјално било верификувано основањето на битолскиот Универзитет.

1989.- Индија успешно ја испробала првата ракета „земја-земја“ со среден дострел, станувајќи една од малубројните држави која располага со балистички ракети.

1992.- Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина биле примени во Обединетите нации.

2003.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвоил американската нацрт-резолуција со која после 12 години биле укинати строгите санкции против Ирак. Со Резолуцијата 1483 им биле дадени широки овластувања на САД и на Велика Британија во управувањето со Ирак и ирачката нафтена индустрија.

2004.- Шпанскиот престолонаследник принцот од Астурија Фелипе Бурбонски и поранешната најпопуларна шпанска телевизиска новинарка Летисија Ортис се венчале во Мадрид. Церемонијата на првото кралско венчавање на тлото на Шпанија после 98 години го обезбедувале исклучително подготвени сили на полицијата и војската, вклучувајќи и сили на НАТО.

2016.- Умрел Велимир Бата Живојиновиќ, југословенски и српски, телевизиски и филмски актер кој на филмското платно дебитирал во 1955 година во филмот „Песните од Кумбара“. Играл во повеќе од 280 филмови и телевизиски серии. Бил еден од родоначалниците на таканаречениот „Црн бран“ во југословенскиот филм, настанат на почетокот на шеесеттите години, во кои континуирано настапувал се до доцните седумдесетти години. Играл и во повеќе таканаречени партизански филмови во кои се прослави за време на 60-те и 70-те, а еден од нив е „Валтер го брани Сараево“, кој му донесол голема популарност во Кина. Паралелно се занимавал и со политика. Од почетокот на деведесеттите, бил пратеник на Социјалистичката партија на Србија во неколку мандати, а во 2002 година бил и кандидат на СПС на републичките претседателски избори во Србија. Бата Живојиновиќ бил роден во Корачица, под Космај, на 5 јуни 1933 година. (МИА)

Tags: 22 мајвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ