• Latest

22 ноември: Бонуси за Јанева, писма, преговори, прислушувања…

November 22, 2019

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

22 ноември: Бонуси за Јанева, писма, преговори, прислушувања…

November 22, 2019 16:26
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Над 150 илјади евра исплатени на Јанева плус од платата, покажува базата „Отворени финансии“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии“.

Во анализата направена од „Призма“ се наведува дека најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

-Поранешната обвинителка секој месец земала по околу 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење, 400 евра за кирија и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „Други трансфери“. Токму овој последен бонус е модусот преку кој Јанева ги зела најголемите суми, наведува „Призма“. Тој се зголемувал во текот на мандатот од четири години – од 1.600, преку 2.200, па сѐ до 4.000 евра.

Уште девет членки на ЕУ се потпишаа на писмото со кое се бара преговори за Северна Македонија во март

Писмото на шесте земји испратено минатата недела до Европската Комисија во кое се бара почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија во март 2020-та се збогати со потписите на уште девет други држави членки на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска и Чешка од вторникот им се придружија и Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија и го додадоа својот потпис на писмото до Европската Комисија во кое се дава согласност за реформа на методологијата на преговарачкиот процес доколку тој овозможи отворање на пристапните преговори за членство со Скопје и Тирана во март 2020.

Мендух Тачи и Арбен Џафери биле прислушувани под псевдоними „швалер“ и „деда“

Поранешен вработен во УБК, Марјан Јанкуловски, на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина” за незаконското следење на комуникациите, кажа дека без наредба и под псевдоними биле прислушувани и Мендух Тачи и Арбен Џафери.

„Имаше чудни псевдоними кои ги знаевме само ние оперативно, се знаеше дека „швалер” е Тачи, а „деда” е Арбен Џафери. Сомнително ми беше што за нив немаше наредба, а тие цело време беа вклучени на системот за прислушување. Со Звонко Костовски разговарав дека нешто не е во ред, тој ми велеше дека не знае за тоа. Во УБК паралелно работеа двата система за комуникација, и Најс и Верин. На едниот вежбавме, а на другиот тековно се одвиваа прислушувањата“, рече Јанкуловски.

Рускоска преку писмо до Јовески ја образложила СМС пората пратена до судија од Апелација

Вилма Русковска денеска испратила писмо до Основното јавно обвинителство и до Советот на јавни обвинители, во врска со СМС пораката што завчера предизвика бура во судските кругови, a била упатена до еден од тројцата судии во Апелацискиот суд кои одлучувале за куќниот притвор на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, осомничена во „Рекет“, пренесува Плусинфо.

Во обвинителството за Плусинфо велат дека откако ќе го разгледаат писменото образложение од обвинителката Русковска, дополнително ќе информираат за понатамошните чекори.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

– Поранешните работници на „Охис“ секој вторник и петок се на улиците на Скопје, каде бараат да ги добијат 24-те заостанати плати, обврска уште од 2008, 2012 и 2013 година.

– Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Палата Србија во Белград, беше примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со што ја започна официјалната посета на Република Србија.

– Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Србија, денеска во Белград оствари средба со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ.

– Северна Македонија постигна конкретни резултати во спроведувањето на реформите. Остварувањето на нејзините евроатлантски аспирации ќе придонесе за подобрување на економската состојба и ќе создаде услови за зголемување на интересите и инвестициите на странските компании, заклучија премиерот Зоран Заев и новоименуваниот амбасадор на Австрија во нашата земја, Георг Вуцас на денешната средба во Владата, јавува МИА.

– На денешен ден, во 1908 година во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука.

– За 1,7 милијарди денари намалени се доспеаните обврски на институциите, општините, локалните установи, во првите девет месеци годинава споредено со истиот период лани. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Телевизија 24.

– Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите засегнати страни денеска во Скопје ја одржаа последната регионална средба за креирање на новиот Оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Прес конференција на ЦИВИЛ во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права и 20-годишнината од основањето на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција во недела, 24 ноември, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот. Средбата со медиумите се одржува во пресрет на големиот број настани што се организираат почнувајќи од 29 ноември, па сѐ до крајот на декември. Голем дел од активностите се организираат во чест на Меѓународниот ден на човековите права и 20-годишнината од основањето на ЦИВИЛ.

Петровски: Младите заминуваат и поради политичката ситуација во државава

Иселувањето на младите е голем проблем со кој се соочува Македонија веќе долго време. Разговаравме со претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Бојан Петровски, за причините поради кои заминуваат и кои се мерките кои би можеле да го спречат иселувањето на младите.

МИСЛА

Кога Мицко го сретна Бојко…

„Објективно, се чини дека г. Мицкоски нема за што да се лути: целата епизода од средбата со бугарскиот премиер Борисов е една „тврда“ лекција за тоа како изгледа да си играш – добро, се извинувам, да водиш – „висока политика“, а да сакаш да седиш на две-три столчиња истовремено. Г-динот Борисов прво му ја расчисти масата на г. Мицкоски за да почне состанокот, ги раскомоти македонските колеги, а потоа му постави неколку логички прашања на лидерот на македонската опозиција. Тоа се истите прашања за кои во Македонија две години се обидуваме да извлечеме јасен одговор, а постојано добиваме образложенија во вид на елиптични флоскули, двозначни и трозначни „математички прецизни“ формулации, а всушност бесмислена политичка демагогија, мешана со наводна проникливост: „Сè што е позитивно за двете страни – му вели Мицкоски на Борисов – ние го поддржуваме. Да немате дилема!“… Немаме дилема. Имаме трилема.“, пишува Орданоски.

Лажната вест Христијан Мицкоски

„Подметнати лажни вести, спинови – биле одговорите на пртетседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по неговото испитно фијаско пред бугарскиот премиер. Ама таму сосема јасно и чисто, со слика и со тон, без сечење, лепење, монтирање, збунет како средношколец на поправен, на тест прашањата на Борисов, Мицкоски падна на домашниот и принудно го положи европскиот испит“, пишува Зоран Иванов.

Ангела Петровска во соработка со: Биљана Јордановска, Сашо Орданоски, Зоран Иванов

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ