ВЕСТ НА ДЕНОТ
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ја повторува позицијата која и во текот на вчерашниот ден беше доставена како одговор на новинарско прашање, дека Северна Македонија ја дели загриженоста на ЕУ којa се однесува на споменатиот закон, што е впрочем наша принципиелна позиција и за слични закони во други држави“, се вели во соопштението на МНР.
„Соодветно, ја поддржуваме и заедничката изјава на Литванија дадена во име на група земји, на која се придруживме и која e објавена на официјалната страница на Советот за човекови права, што е вообичаена пракса, додадоа од МНР.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„И најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни. САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија. Повторно да се обединиме како народ и да работиме за доброто на граѓаните. Ова важи овде како што ќе се применува во САД во ноември. Затоа, ви честитам Вам и на вашата Влада и на сите што го правите ова, односно се потпирате на добрите ангели“, порача меѓу другото вчера американската амбасадорка Анџела Агелер на прославата на 248 години од американската независност во Амбасадата во Скопје.
РЕГИОН
Без резултати заврши синоќешната средба во рамките на дијалогот меѓу двајцата главни преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ и пратеникот на Европската Унија за дијалог, Мирослав Лајчак.
СВЕТ
Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина со 40 милијарди евра следната година, изјавија двајца западни дипломати за западни медиуми
ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ГОВОР НА ОМРАЗА
Руската пропаганда сo дип фејк видео шири лаги дека сопругата на Зеленски купила ексклузивен автомобил за 4,5 милиони евро.
Отстранувањето на македонското знаме од Кораб, на социјалните мрежи предизвика говор на омраза. ЦИВИЛ го осудува немилиот настан на Кораб бидејќи таквиот однос не придонесува кон почитување, добрососедски и добри меѓуетнички односи. Наместо негирање, треба да се негува и чува заедничкото наследство и да се зајакнува соживотот.
Подготви: Б. Јордановска