• Latest

24 декември: Можно одложување на изборите, сеќавање на црниот понеделник, без сериозни реакции за одлуката на Апелација…

December 24, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 декември: Можно одложување на изборите, сеќавање на црниот понеделник, без сериозни реакции за одлуката на Апелација…

December 24, 2019 16:16
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Изборите би можеле да се одложат доколку не се донесат суштинските закони, смета Заев

Доколку во Собранието не бидат донесени суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека сепак не го посакува тоа.

„Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред сè граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните“, рече Заев.

Седум години од црниот понеделник

Поминаа седум години од „црниот понеделник“ кога пратениците на ВМРО ДПМНЕ од Собранието на Република Македонија насилно ги избркаа новинарите и пратениците од опозицијата.

„ На 24 декември 2012 ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски насилно ги избрка прво новинарите од собраниската галерија, а потоа насилно ги исфрли пратениците од опозицицијата тогаш предводена од СДСМ.

24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која ќе кулминира на 27 април со крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието“, стои во денешното соопштение од СДСМ.

Речиси и да нема реакции на одлуката на Апелација да ги укине пресудите за „Титаник 2“

Апелација вчера ги укина пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО ДПМНЕ. Предметот ќе биде вратен на повторно судење.

Во јавноста речиси и да нема рекации на ваквата одлука на апелациониот суд во Скопје, ниту од политичките партии, ниту од експертската јавност.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Еднодневен предупредувачки штрајк во институциите од културата – Институциите од културата денеска организираа еднодневен предупредувачки штрајк во кој вработените беа на работните места, но не ги извршуваа обврските. Штрајкот е организиран од Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) поради непотпишаниот колективен договор за кој СКРМ преговара речиси две години.

Судењето за ТНТ се одложи за 17 јануари, најверојатно од почеток – По неколкудневната битка во ТНТ обвинетите излегоа задоволни но не и обвинителот кој две години го води овој процес.Тој побара раздвојување на постапката за отсутниот Тони Трајковски и тројцата обвинети од комисијата за јавни набавки за да може судењето да заврши барем за Миле Јанакиевски, Никола Груевски  и Елизабета Најдовска. Судијата не прифати раздвојување.

Ивановска: Јавното обвинителство сè уште работи под притисок – Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска смета дека Јавното обвинителство (ЈО) сè  уште работи под притисок, од, како што посочи денеска, две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, добиваат многу брзи одговори. Тоа, како што рече, упатува дека има различни нарачки.

Тасева: Сè уште не заживеал механизмот за заштита на укажувачите – Сè уште не заживеал системот и механизмот за заштита на укажувачите затоа што сè уште недоволно се прави од страна на институциите од државниот и јавниот сектор, но и приватниот. Тие треба да обезбедат услови за безбедно пријавување од страна на укажувачите и понатаму да се спроведе целата постапка на начин што нема да се загрозат укажувачите и тие да не трпат последици од било каков вид за тоа што го кажале.

ДИК ја усвои програмата за задолжителна едукација на ОИК и ИО – Со цел подигнување на повисоко ниво на процесот на едукација на изборните органи, на денешната седница Државната изборна комисија (ДИК)  ја усвои програмата за задолжителна едукација на општинските изборни комисии, избирачките одбори за спроведување на гласањето во Република Северна Македонија и избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство.

ОЈО со два предмети против градоначалникот на Лозово – Во врска со информациите објавени во дел од медиумите за постапувањето на Основното јавно обвинителство Свети Николе во два предмети против градоначалникот на општина Лозово, Јавното обвинителство појаснува дека, постапувајќи по две барања за изземање поднесени од пријавениот, Вишото јавно обвинителство Штип пред околу еден месец донесе одлука со која барањата беа уважени.

Во земјата не се увезува и не се согорува опасен отпад – Употребата на алтернативните горива во УСЈЕ се одвива во целосно затворен процес, со високи температури во печките (до 2.000 С температура на гасовите во печка) со што се обезбедува целосно согорување на ваквиот отпад. Шпекулациите за запирање на филтрите се сосема неточни бидејќи работата на филтрите е поврзана со целиот процес и со нивно исклучување запира и целокупниот процес.

СКЕН – политички магазин: Алара – дете, дискриминирано и избркано од училиште во Кочани

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Интензивни и динамични семинари на ЦИВИЛ на почетокот на новата година

ЦИВИЛ влегува во новата 2020 година со вообичаеното, вртоглаво интензивно темпо на активности. На самиот почеток на годината, меѓу многубројните активности, ги издвојуваме секогаш интересните семинари посветени на транспарентните и одговорни политички процеси, со кои се поттикнуваат активизмот, граѓанското учество и граѓанското новинарство.

Првите два семинари во новата година ќе се одржат во Гостивар и Струмица, а право на учество имаат граѓанките и граѓаните од Полошкиот и Југоисточниот плански регион.

МИСЛА

„Тоа е цената што СДСМ ја плаќа заради огромната агенда за општествени, системски реформи што ја наследи како неопходност за реновирање на трошната куќа од вештачки мермер, од владеењето на Груевски. „Форензиката“ за работата на власта во обновата на таа барака е добро позната, местимично успесите се завидни, а местимично неуспесите се скандалозни. Во политиката, нема успех што не може да биде засенет од добар скандал“, пишува Орданоски во денешната колумна „Изборните кампањи ќе ги решат изборите“.

„Актуелното расположение, барем засега, е инертност спрема излезноста. Апстиненцијата веројатно ќе биде меѓу рекордните. Гледано низ етничка призма, рејтингот на клучните играчи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во блага предност за опозицијата. Но нејзините коалициски капацитети засега се минорни“, пишува Зоран Иванов, од корнер, во епизодата „Ќе победи никој“.

„Македонија плаќа висока цена за своите самоизмами. Второ, носителите на тие самоизмами, од старо време, до денешнава генерација на вморони и катајанабиљанасузанатања квазиинтелектуални светилници, ги носиме околу вратот како усмрдени харинги. Клучните елементи на македонската фантазија и на самоизмамата се вмро и карактерот од македонските народни приказни кој му сугерира на Македонецот дека врвен животен дострел е да краде и да не лежи ако претходно си изградил систем кој ќе го заштити од прогон“, пишува Бранко Тричковски во денешната колумна „Чаршави и курви“.

М. Ивановска
во соработка со: Дехран Муратов, Сашо Орданоски, Зоран Иванов и Бранко Тричковски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ