• Latest

25 декември: обвинителски препукувања, ново рочиште за „Рекет“ и предновогодишна еуфорија

December 25, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

25 декември: обвинителски препукувања, ново рочиште за „Рекет“ и предновогодишна еуфорија

December 25, 2019 16:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Децата од малите групни домови во предновогодишна посета на Владата

Децата од малите групни домови од поранешните институции „11 Октомври“, „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ денеска предновогодишно се дружеа со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

На неформалното дружење децата пееја, играа и раскажуваа како им е исполнет денот во новите домови коишто тие ги нарекуваат дома, но раскажуваа и кои им се соништата кои сакаат да ги остварат.

Ново рочиште за „Рекет“ сослушани тројца нови сведоци

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Рекет“, со сослушување на тројца сведоци повикани од обвинителството. Во судница е предвидено да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Сашко Бошков.

Првиот сведок Сашко Бошков, адвокат, пријател и кумашин на Митровски, посочи дека Јовановски му побарал два милиони евра за да се решат случаите на Митровски.

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 27 декември со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Обвинителството ѝ одговори на Антикорупциска: Наводите дека работиме под притисок се паушални

Јавното обвинителство ги отфрла паушалните наводи за притисоци и влијанија и истакнува дека времето потребно за утврдување на фактичката состојба во предметите не е соодветен критериум за оценка на постапувањето на јавните обвинители. Работата на Јавното обвинителство може да се цени само врз основа на сериозноста и квалитетот на доказите од кои произлегува јавнообвинителската одлука.

Реакцијата на Јавното обвинителство е во врска со изјавата на претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, која рече дека ЈО сè уште работи под притисок, од, како што посочи, две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, добиваат многу брзи одговори.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Јавна расправа за иницијативата за промена на изборниот модел – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Иницијативата за една изборна единица денеска ќе одржи отворена дебата по Предлог законот за изменување на Изборниот законик и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Директорката на МНТ казнета со 15% пониска плата за следните 3 месеци заради инцидентот со „Шверцерите“ – На вчерашната владина седница е усвоена информацијата за настанот од 23 ноември оваа година, кога во МНТ беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“. Владата, како што се наведува во соопштението,  го задолжи Министерството за култура, во соодветна постапка, да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од три месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.

Заев: Можно е да не поднесам оставка ако опозицијата ги кочи законите битни за граѓаните – Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека тој не сака изборите да бидат одложени, но оти е можно за тоа да се разговара и тој да не поднесе оставка на функцијата, доколку опозицијата ги блокира процесите за донесување на законите во Собранието кои, како што оцени, се од животно значење за граѓаните.

Безбедностa на новинарите е прв предуслов за вршење на оваа професија – Нападите врз медиумските работници (новинари, сниматели, фоторепортери) се чести и во разни облици. Во изминатите пет години се регистрирани 50-ина напади, но ни во 10 отсто не завршиле со санкционирање на сторителите. Најдрастичен пример е упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 – случај за кој нема ниту едно гонето лице за напад врз новинарите што таа вечер таму беа на работна задача.

Алијанса за Албанците: Проблемот со депониите бара итно решение, а не пролонгирање со празни изјави – Алијансата за Албанците не е против која било мерка што помага при намалување на загадувањето на воздухот, но ние цениме дека во случаи како овие каде што се наоѓа нашата земја, има потреба од приоритетни и итни мерки кои покажуваат побрзи и поефикасни резултати од тие за кои што е потребно подолго време да се постигне резултат.

Отфрлена пријавата од Ременски за злоупотреба на службата и несовесно работење во МВР – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата.

МИСЛА

„ Предлог законот има сериозен фелер: зошто оштетените, како што се предвидува, да можат да ја тужат државата за надомест за претрпена штета? Па, нека си ја платат таа штета од свој џеб членовите на некогашната Комисија за лустрација кои гласале за тие одлуки!“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Лустраторите да си ја платат лустрацијата!“

„ Ние не сме ниту Данска ниту Шведска, па ниту приближно, на пример, една Словенија. Тие држави и општества, под притисок на тамошните граѓански активизми и благодарејќи на високата демократска свест, одамна ја надминаа партизираноста на своите институции“, пишува Зоран Иванов во денешната колумна „Ем во лер, ем на удолнина“.

М. Ивановска
во соработка со: Дијана Тахири, Сашо Орданоски и Зоран Иванов

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ