• Latest

25 јуни низ вековите

June 25, 2018
Фото: Militarnyi

Кијив тврди: Русија употребиле хемиско оружје 888 пати само во мај оваа година

June 27, 2025
Фото: МИА

САД и Кина потврдија дека постигнале договор за крај на трговската војна

June 27, 2025

Руски агенти осомничени за подметнување пожари на воени камиони во Германија

June 27, 2025
Славјанка Петровска 

Фото: Цивил / Архива

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025

Гоцевски за Цивил: НАТО и ЕУ во лавиринт – Македонија меѓу интереси и сојузи

June 27, 2025

Едвард Џозеф за ЦИВИЛ: НАТО самитот во Хаг беше успешен – добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

June 27, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада ќе биде акционер во одморалиштето на Кушнер во Сазан; Уставниот суд на Косово им даде рок од 30 дена на пратениците да го конституираат собранието

June 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на TIMES NOW

Борејќи се за преживување, Хамас се соочува со бунтовни кланови и сомнежи во врска со Иран

June 27, 2025

Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

June 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Протекоа детали за тајните дипломатски напори на САД за рестартирање на преговорите со Иран

June 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

25 јуни низ вековите

June 25, 2018 09:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Ден на телесните инвалиди на Македонија.

1867.- Американецот Лисјен Смит ја патентирал бодликавата жица.

1903.- Роден е англискиот писател Џорџ Орвел (вистинското име му е Ерик Артур Блер). Дела: романите „1984“, „Животинска фарма“, „Бурмански денови“, „Никој и ништо во Париз и Лондон“, есеите „Критички есеи“, „Лов на слонови“, „Англија, ваша Англија“, книга за Шпанската граѓанска војна „На Каталонија со љубов“.

1905.- Меѓу селата Куклица и Пендаќ, триилјадна турска војска и жандармерија ја опколила четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата (А. Димитров). Се развила жестока борба. Кога ја привршила муницијата борците ја изгореле архивата на четата, ги искршиле пушките и револверите, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“ и се самоубиле. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работел во повеќе од 16 реони, а бил раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденското востание од 1903 година дејствувал во Кратовско. Атанас Бабата бил роден во село Санитово, Пазарџиско, во 1875 година.

1906.- По една акција на четата на војводата Ѓорѓи Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата бил ранет, а за да не биде заробен, се самоубил. Тој бил брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден бил во селото Ораовец, Прилепско, во 1883 или 1884 година.

1920.- Градот Хаг, во Холандија, бил избран за седиште на Меѓународниот суд на правдата.

1934.- Во селото Слоештица, Демирхисарско е роден Петре М. Андреевски, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија на чие чело бил еден мандат. Творештвото на Андреевски опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома. Најпознати дела: „Јазли“, „И на небо и на земја“, „Дениција“, „Дални наковални“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Седмиот ден“, „Неверни години“, „Сите лица на смртта“, „Пиреј“, „Скакулци“, „Небеска Тимјановна“, „Последните селани“, „Тунел“ и други. Бил добитник на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Стале Попов“. Постхумно му бил доделен Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност. Починал на 25 септември 2006 година, а бил погребан во родното село.

1956.- Роден е Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година). Трајковски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје. Од крајот на 1998 година бил заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата на Љубчо Георгиевски. Учествувал на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување на конфликти, религиозна толерантност, религиозна слобода, а бил и претседател на Младинската организација на Обединетата методистичка црква во Југославија повеќе од 12 години. Борис Трајковски трагично умрел на 26 февруари 2004 година во авионската несреќа што се случи во планински предел во близина на Мостар. На пат кон Сараево во истиот авион патувале вкупно девет членови на неговиот кабинет и сите трагично ги загубиле животите. И покрај неколку домашни и меѓународни истраги причините за трагичната авионска несреќа се уште докрај не се расветлени.

1978.– Во Оклахома, гратче недалеку од Манчестер, во Англија, е родена Луси Браун – првото дете „зачнато“ во епрувета, вештачки оплодено со составување на мајчината јајце-клетка со татковото семе.

1984.- Во Париз умрел Мишел Фуко, прочуен француски мислител и еден од најеминентните светски филозофи. Роден бил во 1926 година.

1991.– Ден на државноста на Република Словенија.

1991.- Последните советски единици стационирани во Чехословачка ја напуштиле оваа земја, 23 години по воената интервенција на Варшавскиот пакт со која била соборена власта на раководството под водство на Александар Дубчек.

1992.– Литванија ја признала Република Македонија.

1996.- Република Македонија и Катар воспоставиле дипломатски односи.

2007.- Британските војници по 37 години се повлекле од јужните подрачја на Северна Ирска на границата со Република Ирска, кои со децении важеле за клучна база на Ирската републиканска армија (ИРА). Во текот на 37-годишното засилено присуство на британската војска во Северна Ирска загинале 763 војници и околу 3.500 граѓани.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 25 јунивремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ