• Latest

26 декември: Пратенички прашања, договори за деблокада и лидерска средба

December 26, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

26 декември: Пратенички прашања, договори за деблокада и лидерска средба

December 26, 2019 16:25
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пратенички прашања и полемики

Републичкото Собрание денеска ја одржа 124 седница на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ова е последна седница за пратенички прашања годинава.

 

На 1 јуни 2017 година јавниот долг беше 48,6 отсто од БДП, а сега е 47,7 проценти. Намален е за 0,9 отсто. За разлика од ова намалување, во периодот 2006-2017, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, долгот беше зголемен од 20 на 48,6 отсто. Се трупаа кредити, 28 проценти од БДП, за жални врби, музеи, споменици, за лева рака – десен џеб, за непродуктивни трошоци, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање.

Суштините на политиките имаат директен импакт кај граѓаните кои се наши гласачи. Убеден сум дека добивам нов мандат за премиер зашто политиките што ги водевме се насочени кон државата, порача премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Нагласи дека граѓаните се свесни оти ако се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се појават нови конфронтации дома преку меѓунационалните односи и нови кавги со Грција и Бугарија.

-Доказ и непобитен факт е дека има нула Албанци што ќе гласаат за вас, а тоа го покажуваат сите анкети. Граѓаните знаат што значи тој ризик. Втората работа е веднаш кавги со Мицотакис и Борисов, ново вето, нови горчини, ново застанување во калта и стоење во место, потенцира Заев.

Џафери: Власта и опозицијата се договорија за деблокирање на 123. собраниска седница

Владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да бидат усвоени сите законски предлози од 123. собраниска седница, кои се врзани со примена од 1 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовната месечна средба со собраниските известувачи.

Опозициските пратеници до вчера попладне со долги говори и реплики речиси и да ја блокираат оваа седница.

Џафери не прецизира како власта и опозицијата се договориле за гласање по овие закони и упати на лидерите на партиите.

В сабота средба на Заев и Мицкоски за техничка влада

Премиерот Зоран Заев во сабота во 17:00 часот во Владата ќе одржи средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според владини извори, Заев и Мицкоски ќе имаат консултации за техничката влада.

Согласно законот, опозицијата мора да дојде на консултација за предлогот за министер за внатрешни работи и тој да биде прифатен од власта (двете најголеми партии).

ФЛЕШ ВЕСТИ

Извршителите протестираат против новиот тарифник – Извршителите незадоволни од новиот тарифник што го предлага Министерството за правда, а со кој се предвидува намалување на наградата при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра, денеска протестираат со прекин на работата.

Османи: Законот за јазици нема да се ревидира – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека Законот за јазици нема да се ревидира и оти препораките на Венецијанската комисија се однесуваат на недостигот на капацитети во институциите за негова целосна имплементација.

Судскиот совет го разреши судијата Владимир Панчевски – Републичкиот Судски совет го разреши од судиската функција поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, потврдија за МИА од Судскиот совет. Панчевски е обвинет и за злоупотреба на службена положба за распределувањето на предметите преку АКМИС системот, но судењето сè уште не е почнато бидејќи неколку пати се одложува.

Сведок во „Титаник“: Имам повеќе пати донирано средства на ВМРО-ДПМНЕ – На денешното рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ беше сослушан сведок кој во 2011 година работел како советник во подрачно одделение на Министерството за финансии во Кочани, за тоа како донирал средства за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

СКЕН – Политички магазин

Трогателна приказна на Лидија Лазова, жртва на режимот

Граѓанското општество меѓу стремежите и реалноста

МИСЛА

„Обично, не се впуштам во коментирање на предизборни анкети. Не само затоа што човек веќе не знае зад која анкета кој партиски интерес стои, туку и затоа што во последната деценија се потврди, на глобално ниво, дека на изборно-референдумските анкети не може да им се верува – при одговарањето на ваков вид на испитување на јавното мислење, луѓето почнаа да лажат во такви масовни бројки, што резултатите станаа ирелевантни за правење втемелена политичка анализа или, не дај Боже, некаква сериозна прогноза“, пишува Орданоски во денешната колумна „Заев би победил, ама што дека?“.

„Потребна е нова лустрација. Од почеток. Секако, прво правда за страдалниците од претходната. Прво индивидуална, семејна, политичка, граѓанска па и материјална сатисфакција на страдалниците од неодамнешната партиска лустрација“, пишува Зоран Иванов во денешната колумна „Со нови луѓе во нова лустрација“.

М. Ивановска

во соработка со Дехран Муратов, Ангела Петровска, Бибе Јордановска, Сашо Орданоски и Зоран Иванов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ