• Latest

27 септември: Ден на благодарности, македонската лична карта во ОН, нападнати здравствени работници, ДЗР пред блокада…

September 27, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 септември: Ден на благодарности, македонската лична карта во ОН, нападнати здравствени работници, ДЗР пред блокада…

September 27, 2019 16:34
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Ден на благодарности: Danke Deutschland!

Доцна синоќа германскиот Бундестаг со огромно мнозинство од 476 гласа „за“, 122 „против“ и 16 воздржани пратеници ја потврди одлуката на Германија:  Северна Македонија ги исполнува условите да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. Со оваа одлука Германија на Самитот на европските лидери во октомври ќе даде датум за почеток на преговори.

Иако останува неизвесноста од одлуката на Франција, Данска и Холандија, сепак, македонскиот државен

врв не ја пропушти можноста да изрази огромна благодарност до Германија.

„Danke Deutschland!“, напиша претседателот Стево Пендаровски на Твитер. 

„Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел“, напиша премиерот Зоран Заев од Њујорк каде присуствува на генерално собрание на ОН.

Благодарност изразија и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Позитивни реакции стигнаа и од голем број граѓанки и граѓани што јавно преку социјалните мрежи ја изразија благодарноста до Германија.

Заев: Конечно ја комлетиравме нашата лична карта во Обединетите нации

Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан, порача премиерот Зоран Заев на македонски јазик во своето обраќање на пленарната сесија на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк. Спогодбата од Преспа, нагласи Заев, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрза нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ.

Шекеринска бара поголема агилност од ЕУ во однос на поврзаноста во регионот

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која учествуваше на форум посветен на поврзаноста во Европа и Евроазија, побара од Европската Унија да покаже поголема агилност и амбициозност.

„Министерката побара поголема агилност од европските структури во процесот на интеграција во Унијата со цел развој на железничката инфраструктура во регионот бидејќи сите земји од регионот се борат со климатските промени и загадувањето на животната средина“, соопштија од нејзиниот кабинет.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Кривичниот суд не се согласува со решението на Уставниот во врска со казните на адвокатите од „27 април“

Министерот за образование и наука Арбер Адеми ајави завршување на постапката за печатење нови учебници

Условите за аплицирање за новиот Клинички центар неповолни за домашните компании реагира Синдикатот на градежни работници

Повторно одложен изборот на главен ревизор на собраниската Комисија, ДЗР пред блокада

Нов напад врз здравствен тим, овој пат во болницата “8 Септември”

ЦИВИЛни активности

Првиот од вкупно 8 регионални семинари „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ ќе се одржи утре, 28 септември во Штип во хотел Оаза со почеток во 10 часот.  Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред.

ЦИВИЛ објави анкета, како дел од проектот „Зелена иднина“, во Охрид во која граѓанките и граѓаните ги искажаа своите мислења за тоа каква иднина ја очекува државата, зелена или црна. Дел од анкетираните очекуваат зелена иднина, задоволни од развојот на државата и просперитетот, а дел се крајно разочарани и не очекуваат ништо добро во иднина.

МИСЛА

Во денешната продукција на ЦИВИЛ Медиа колумнисти се: Џабир Дерала и Коста Стоименовски.

Биљана Јордановска

 

Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ