На денешен ден…
1612 Прво набљудување на Нептун – Галилео забележува и евидентира “фиксна ѕвезда” без да сфати дека е планета
1860 Хариет Тубран пристигнува во Оуберн, Њујорк, на последната мисија за ослободување на робови, избегнувајќи го фаќање на 8 години на подземната железница
1895 Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.
1908 Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.
1943 Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот баталјон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеал поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и Демир Капија.
1943 Сите калмички жители на Република Калмуки депортирани од Советскиот Сојуз во Централна Азија и Сибир. Многумина умираат на пат.
1944 Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1944 Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1995 Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено „Скипер“, сопственост на Универзитетот во Јута, САД.
1997 Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурншкото предградие Епинг.
2018 ЦИВИЛ потсетува на 28 член од Универзалната декларација за човекови права:Сeкoj имa прaвo нa oпштeствeн и мeѓунaрoдeн пoрeдoк, вo кoи прaвaтa и слoбoдитe нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja мoжaт дa бидaт цeлoснo рeaлизирaни.