• Latest

28 јуни низ вековите

June 28, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

28 јуни низ вековите

June 28, 2018 07:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1491.- Роден е англискиот крал Хенри Осми. По прекинот со римокатоличката црква Хенри Осми спровел црковна реформа и прогласување на Англиканска црква (1534) независна од Ватикан, а со крал како врховен верски поглавар. Тој успеал да ја прошири власта на Велс, Шкотска и Ирска и успешно ја изградил силната флота – подоцна темел на англиската поморска сила.

1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф – просветител. Многу влијаел врз мислителите на своето и на подоцнежното време. Негови познати дела се „Расправа за науката и уметноста“, „Емил“, „Општествен договор“ и други. Умрел во Ерменонвил, на 2 јули 1778 година.

1836.- Умрел американскиот државник Џејмс Медисон, „татко на американскиот устав“, претседател на САД од 1809 до 1817 година.

1938.- Крунисана била британската кралица Викторија Прва, една година по наследувањето на престолот. Во текот на нејзиното владеење до 1901 година, честопати наречено „викторијанска епоха“, моќта на британската империја и нејзиното колонијално царство достигнале најголем успех.

1867.- Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите „Шест лица го бараат писателот“, „Хенри 4“, романот „Покојникот Матија Паскал“ и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Умрел во Рим, на 10 декември 1936 година.

1873.- Роден е францускиот хирург и биолог Алексис Карел, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1912 година. Значаен е по откривањето на преносот (трансплантацијата) на ткива и одржување на живо ткиво надвор од организмот.

1880.– Во Крушево е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевскиот манифест. Потекнувал од семејство со револуционерни традиции од охридското село Свиништа. Во 1902 година заминал на учителска должност во леринското село Баница. Следната година се вратил во Крушево каде го затекнало Илинденското востание во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевски манифест. Значаен е и неговиот творечки фонд со драмски остварувања и поетски ракописи, посебно делото „За Македонија“. Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година. Историски трудови: „Со поглед кон Македонија“, „Епопејата на Крушево“ и други.

1895.- Под раководство на македонскиот социјалист Васил Главинов почнал да излегува весникот на македонските социјалисти „Револуција“. Весникот излегувал еднаш неделно на бугарски јазик и наишол на голема реакција кај големобугарските кругови, кои го оцениле како сепаратистички. Покрај Главинов, во раководството на весникот се наоѓале и познатите македонски социјалисти Димо Хаџи Димов, Веле Марков, Андон Шулев и други. Последниот број излегол на 30 август 1895 година.

1914.- Во Сараево бил извршен атентат врз австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го извршил Гаврило Принцип, еден од основачите на организацијата „Млада Босна“. Овој атентат го искористиле австро-унгарските империјалисти за да ја нападнат Србија. По неприфатениот ултиматум на Австро-Унгарија,таа на 28 јули 1914 година и објавила војна на Србија со што почнала Првата светска војна.

1919.- Во Версај, кај Париз, бил потпишан договор за мир меѓу претставниците на германската Влада и претставници на земјите победнички во Првата светска војна.

1921.- Во Софија бил убиен Ѓорче Петров, една од личностите кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој бил еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако бил противник за предвремено кревање востание на македонскиот народ, тој зел активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден бил во Варош, Прилепско, на 2 април 1965 година.

1935.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт наредил изработка на трезор за златните резерви на САД во Форт Нокс, во Кентаки.

1945.- Во Битола е роден Ристо Ничевски, македонски интернационален шаховски мајстор. Умрел во Ереван, Ерменија, на 18 септември 1996 година.

1956.- Во полскиот град Познањ задушени биле работничките немири во кои имало многу жртви, а тоа бил еден од првите изрази на општата криза во источноевропските земји по смртта на Сталин.

1976.- Сејшелските Острови во Индискиот Океан после 160 години се стекнале со независност од Велика Британија.

1993.- Во Лондон, Република Македонија го потпишала Уставот на УНЕСКО, со што формално станала членка на оваа асоцијација на ООН.

1993.- Грција протерала илјади илегални имигранти во Албанија по одлуката на Тирана да го протера единствениот грчки православен свештеник.

1995.- Република Македонија и Република Азербејџан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори.

1996.- Претседателот на Турција Сулејман Демирел му го доверил мандатот за состав на влада на водачот на исламската Партија за благосостојба Незмет Ербакан, кој по 73 години станал првиот исламски претседател на влада на Турција.

2001.- Починал Оливер Китановски (на 21 год.) од Башино Село, Велешко, припадник на МВР на РМ. Тој умрел од здобиени тешки рани во борбите на 23 јуни 2001 година против албанските терористи меѓу селата Брњарци и Арачиново.

2001.- На Хашкиот трибунал му бил испорачан Слободан Милошевиќ, поранешен претседател на СР Југославија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 28 јунивремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ