• Latest

29 јули низ вековите

July 29, 2018
Белград, протести. Фото: Скриншот

Тензично во Србија пред протестот против Вучиќ во Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025
Фото: Укринформ

Три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана уништени од украински дронови на аеродромот во Крим

June 28, 2025

УЈП: „МојДДВ“ се соочува со технички проблеми и работи со прекини

June 28, 2025

Грузиската опозиционерка Елена Хоштарија започна штрајк со глад

June 28, 2025

Локалните самоуправи ги добија парите од унгарскиот кредит

June 28, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025
Џабир Дерала, насловна фотографија на интервју за УКРИНФОРМ (фото: Б. Јордановска за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина не треба да биде високо на агендите, туку дека е самата агенда!

June 28, 2025
Фото: Скриншот

Трамп очекува прекин на огнот наредната недела во Појасот Газа

June 28, 2025

Николоски  се сретна со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

June 28, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Напад на руски дрон во Одеса, две лица загинаа, повредени најмалку 14

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

29 јули низ вековите

July 29, 2018 10:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден

1014.- Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на царот Самоил била поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој наредил околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај царот Самоил. Потресен од глетката, царот Самоил умрел на 6 октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распаднало.

1588.- Во времето на владеењето на кралицата Елизабета Прва, Англија ја победила шпанската „непобедлива армада“, со што биле создадени услови за превласт на Англија на море и на подоцнежните колонијални освојувања.

1883.- Роден е италијанскиот диктатор Бенито Мусолини кој владел со Италија од 1922 до 1943 година. Набрзо по почетокот на Првата светска војна, тој бил исклучен од Социјалистичката партија, а во 1919 година формирал фашистичка партија. Во октомври 1922 година во Неапол за време на конгресот на фашистите организирал поход на 60.000 приврзаници на Рим и дошол на власт. Под негово водство, Италија во 1935 година ја нападнала Етиопија, ги помагала фашистите во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година, ја нападнала Албанија во 1939 година, потоа Франција и Грција во 1940 година. По истоварувањето на сојузничките сили на Сицилија, кон крајот на јули 1943 година бил соборен од власт. Италијанските партизани го убиле на 28 април 1945 година.

1890.- Се самоубил Винсент ван Гог, холандски и француски сликар, еден од најголемите експресионисти. Оставил 850 слики и 900 цртежи кои влијаеле пресудно врз развојот на европското сликарство и нему му донесле посмртна слава. Роден бил во Грот Зундер, на 30 април 1853 година.

1940.- Германскиот нацистички водач Хитлер ја почнал воздушната офанзива на британските острови. Во првата фаза од јули до октомври 1940 година не успеал да ја скрши британската одбрана, а во втората, до мај 1941 година, доживеал и сериозни порази. Тоа бил првиот пораз и доказ дека нацистичката сила е ранлива.

1948.- На стадионот „Вембли“ во Лондон биле отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна.

1968.- Во енцикликата „Humanae vitae“ (За човечкиот живот) папата Павле Шести им ги забранил на римокатолиците сите облици на вештачка контрола на раѓањето.

1982.- Во Принстон, САД, умрел Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“. Во 1926 година успеал електронски да ја разложи сликата. Тој придонесол телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измислил повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден бил во Муром, Русија, на 30 јули 1889 година.

1983.- Умрел Луис Буњуел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички оставрувања. Има снимено 32 фила, меѓу кои се „Ангелот на смртта“, „Тој мрачен предмет на желбите“, „Убавицата на денот и „Шармот на буржоазијата“. Роден бил во 1900 година.

1993.- Киргистан ја признал Република Македонија.

1994.- Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси бил осуден на осум ипол години затвор под обвинение за измама.

1996.- Во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, умрел Клодет Колбер, родена како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во 30-ите години на 20-от век. Родена била во Париз, на 13 септември 1903 година.

2003.– Долниот дом на белгиското собрание ги овластил белгиските судови да им судат на сите обвинети за воените злосторства без разлика каде се направени и без разлика на националноста, вклучувајќи ги и граѓаните на САД, што предизвикало жестока реакција на официјален Вашингтон. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ