• Latest
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025 14:29
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Во спротивност со Повелбата на Обединетите нации, Руската Федерација изврши злосторство на агресија против Украина, кое сè уште трае. Одлуката да се извршат овие злосторства ја донесоа конкретни лица – политичкото раководство на Руската Федерација, односно одговорноста за ова злосторство во рамките на Специјалниот Трибунал треба да ја понесат оние кои извршуваат владини функции во Кремљ.

Специјалниот Трибунал ќе биде основан во рамките на Советот на Европа со соодветен мандат.

Барањето за создавање на Специјалниот Трибунал беше поднесено од страна на Украина на 13 мај 2025 година.

На 25 јуни 2025 година, Претседателот на Украина Володимир Зеленски и Генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе ја потпишаа Спогодбата за создавање на Специјалниот Трибунал за злосторството на агресија против Украина, вклучително и Статутот на Специјалниот Трибунал.

Ден претходно, на 24 јуни 2025 година, Парламентарното собрание на Советот на Европа, усвојувајќи ја Резолуцијата „Правни аспекти и аспекти на човековите права на агресијата на Руската Федерација против Украина“ (Legal and human rights aspects of the Russian Federation’s aggression against Ukraine), го поддржа создавањето на Специјалниот Трибунал, нагласувајќи дека ниту еден мировен договор не смее да го легализира заземањето на украинските територии. ПССЕ ја потврди својата цврста поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на меѓународно признатите граници, вклучително и Крим и привремено окупираните територии.

Особено ја цениме позицијата на Северна Македонија, која ја поддржа горенаведената Резолуција на ПССЕ.

До моментот на усвојување на оваа Резолуција и потпишувањето на Договорот, и правниците и политичарите мораа да поминат повеќегодишен пат на трпелива работа и носење политички одлуки. На 19 јануари 2023 година, Европскиот парламент усвои резолуција за создавање на Трибунал (Резолуција за основање на Трибунал за кривично дело агресија против Украина / Resolution on the establishment of a tribunal on the crime of aggression against Ukraine).

Тогаш, Европскиот парламент изјави дека ѕверствата извршени од страна на руската војска во Буча, Ирпин и многу други украински градови сведочат за бруталноста на војната и ја истакнуваат важноста на координираното делување на меѓународната заедница за да се изведат виновните пред правдата.

На 21 ноември 2022 година, Парламентарното собрание на НАТО, со усвојување на Резолуцијата бр. 478 „ Војната на Русија против Украина: Економски последици и одговори“ (Russia’s war on Ukraine: Economic consequences and responses), меѓу другото, повика на создавање на Специјален Меѓународен Трибунал за злосторството на агресија од страна на рф.

Важно е да се напомене дека Трибуналот ќе има меѓународна правна личност и ќе обезбеди правда како независна институција на меѓународното право, која, согласно претходниот договор, ќе биде сместена во Холандија – се планира склучување на соодветен договор помеѓу Советот на Европа и Холандија.

 

1 of 8
- +

Специјалниот трибунал е воспоставен за време на руската војна, а не по неа. Статутот на Специјалниот трибунал – што е од особено значење – предвидува можност за истражување на злосторствата на агресија од 2014 година, а не само од февруари 2022 година.

Според одредбите на Статутот, кривично може да бидат гонети лицата кои ја сносат највисоката одговорност за злосторството на агресија против Украина – особено претставници на највисокото политичко и воено раководство на рф, вклучително и шефот на државата, шефот на владата, министерот за надворешни работи и други службени лица кои имале реално влијание врз донесувањето одлуки.

Специјалниот Трибунал за злосторството на агресија против Украина ќе има мандат да ги гони највисоките државни функционери за злосторството агресија, што се однесува на донесување одлука за употреба на вооружена сила против друга држава, со што се прекршува Повелбата на ОН. Треба да се напомене дека Статутот предвидува можност за водење на судска постапка in absentia – односно во отсуство на обвинетиот (со исклучок на претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на Руската Федерација додека се на функција).

Меѓународниот кривичен суд ќе продолжи со истраги за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид извршени во Украина.

Би сакала да потенцирам дека на 9 мај 2025 година, министрите за надворешни работи и раководството на ЕУ ја изразија својата политичка поддршка за создавање и почеток на работата на Специјалниот Трибунал за злосторството агресија на русија против Украина – меѓу нив и министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, која уште пред неколку години се приклучи на Основна група за Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина (Core Group on the Special Tribunal for the Crime of Aggression against Ukraine).

Ја цениме поддршката на Северна Македонија, која ѝ помага на Украина од првиот ден на целосната воена агресија на рф против Украина.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

Фото извор: Амб. на Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ