Граѓаните на Србија и денеска им одадоа почит на загинатите во Нови Сад, но и на убиените во Ариље и Цетиње.
Акцијата, која се одржа Белград, Нови Сад, Краљево, Ниш, Александровац, Зрењанин и други градови, траеше 29 минути – за 29 жртви.
- Во Нови Сад маж со автомобил БМВ се обидел да ја пробие блокадата.
- Студентите на Универзитетот во Нови Сад блокираа мост 29 минути од 11:52 часот, со цел да им оддадат почит на загинатите во падот на настрешницата на 1 ноември, како и на загинатите во Ариље на 31 декември и во Цетиње на 1 јануари.
- Студентите развија голем транспарент со црвена дланка на Петроварадинската тврдина.
Српските медиуми јавуваат дека дошло до инцидент во пресрет на акцијата, во 11 часот и 45 минути, кога црно БМВ се обидело да вози низ толпата студенти. Според Бета, возачот на џип БМВ нападнал девојка од студентското обезбедување, по што му пришле и машките обезбедувачи, а од своите автомобили излегле и други граѓани за да се пресметаат со мажот. Насилникот потоа го оставил возилото на крстосница, пренесе МИА.
- И овој петок пред зградата на РТВ се одржа 15 минути молк.
- Средношколци се собраа на Плоштадот на Слободата во Нови Сад.
- Претставници на ССП ја блокираа улицата Таковска кај РТС во Белград.
Пред градската управа во Краљево денеска беа и ветераните од 63-та Падобранска со црвени беретки.