• Latest

3 април: Пријави за изборни нерегуларности, кампања, убедувања, посети…

April 3, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

3 април: Пријави за изборни нерегуларности, кампања, убедувања, посети…

April 3, 2019 15:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДКСК упати повик до јавноста за пријавување на сите изборни нерегуларности 

Тематската прес-конференција на Државната комисија за спречување корупција за претседателските избори и локланите избори во Охрид, Дебар и Ново Село, беше истовремено и повик до сите граѓанки  и граѓани, граѓански организации што вршат изборне мониторинг и со кои соработуваат, но и до медумите да ги искористат ресурсите што ги нудат во потрага на изобрни нерегуларности.

Поткуп на гласачи, злоупотреба на службени возила за митинзи и други партиски активности, трошење на јавни пари, финасирањето на изборната кампања и други нерегуларности во текот на изборната кампања се дел од она што ДКСК ќе го следи во наредниот период.

„Државната комисија во функција на следењето и контролата на законитоста на финансирањето на изборната кампања и на севкупниот изборен процес ќе остварува непосредна соработка со медиумите, здруженијата на граѓани и со граѓаните и за таа цел ја охрабрува целокупната јавност навремено да ги пријави конкретните случаи на прекршување на забраните утврдени во Законот за спречување на корупција и судирот на интереси и во Изборниот законик“, изјави Ивановска.

Лошиот менаџер од Будимпешта

Министерството за правда ја демантира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека министерката за правда, Рената Дескоска, нема менаџерски способности да инајде заедничко решеие. Мицкоски изјави дека државата нема да добие јасна преорака за ЕУ оваа година и дека најлесно е да се префрли вината на опозицијата.„Амандманите се на маса, нека ги прифатат“, изјави Мицкоски, а Министрстовото одговара дека неговиот менаџер од Будимпешта му дава лоши насоки што се косат со принципите на владеење на правото и правдата.

Бошњаковски дециден – химната не се менува, немало време за нејзино интонирање 

Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција уште еднаш потврди дека доцнењето на Ципрас била причината кратење на програмата и отсуство на интонирњето на државните химни и други планирани активности.

Бошњаковски дополни дека ниту вчерашното отсуство на химната има врска со нејзино менување ниту пак, таа ќе се менува. Бошњаковси дециден, химната останува иста.

Димитров на работен престој во Вашингтон

Почетокот на работниот престој во Вашингтон, Никола Димитров го одбележа средби со претставници на американски државни институции, за кои што заедничко беше отворено изразеното задоволство од придружувањето на Република Северна Македонија во Алијансата.

Помошникот државен секретар, Филип Рикер, осврнувајќи се на состојбата на балканскиот простор и потенцирајќи дека е неопходно државите најпрво внатрешно да се преобразат и да изградат капацитет за систем заснован на правда и вредности.

„Со нетрпение ве очекуваме во НАТО! Реформите, особено во однос на СЈО, се императив и неопходно е да се зачува независноста на СЈО (во рамките на ЈО) и неговиот капацитет, во интерес на правдата и одговорноста за корупција“, изјави Рикер.

Тевдовски: Спроведуваме фискални реформи и политики кои ќе го подобра стандардот на сите

Министерот за финансии Драган Тевдовски на годишната конференција по повод Денот на Буџетот, насловена „Фискални реформи за праведен раст“  истакна дека не е доволно само да се криераат политики кои ќе создаваат раст на БДП, туку потребно тие да влијаат на зголемување на животниот стандард на сите граѓани.

„Како општество имаме обврска да се грижиме за граѓаните кои што живеат во сиромаштија. Подготвена е социјална реформа, со која се воведува минимален адекватен приход. Со ова ќе станеме прва земја во регионот која ја воведува оваа програма за извлекување од сиромаштија. Вложуваме во темелите на општеството – јавното образование и здравство. Сакаме нашите деца во иднина максимално да го користат својот потенцијал. Само така тие ќе имаат подобра иднина“, рече Тевдовски.

ЦИВИЛни активности

Хроника

„И вториот ден од изборната кампања на кандидатите за претседател на Република Северна Македонија потсетува на кампања за парламентарни избори, а говорите на кандидатите за претседател на државата наликуваат на говори на носители на партиска листа… Некој, повторно ги измешал лончињата!

Кандидатката за претседателка на Република Северна Македонија, која, иронично, не го признава новото име, но со особена гордост ја истакнува својата увереност дека ќе владее со државата потпирајќи се на начелата на правда и правичност, на митинзите во Струга и Ресен, зборуваше за цената на откуп на ресенските јаболка, па дури и најави предвремени парламентарни избори, со еден куп критики на сметка на актуелната власт… Силјановска не ја пропушти можноста на митинзите да проговори за вчерашната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, неитонирањето на химната и чувството на урнисано достоинство што кај неа ја побудило ваквата постапка. Не е познато дали ова чувство успеала да го елиминира со практикување на јога по митингот во Струга“, се вели во „Кампањи оперирани од срам“.

ЦИВИЛ поднесе пријава за предвремено започнување на изборната кампања 

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја информира јавноста дека до Државната изборна комисија достави пријава за кршење на Изборниот законик. Се работи за случајот со претседателската кандидатка Гордана Силјановска – Давкова и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои на ден 25.03.2019 година одржаа организиран јавен настан во Штип на кој е претставена учесничката во изборната кампања, што претставува предвремено започнување на изборната кампања, спротивно на Изборниот законик.

Според член 69-а од Изборниот законик, за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатените материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежни изборни органи и нивните програми. Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и во вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат во Скопската чаршија

Со почеток во 18 часот, денеска, во 18 часот во старата скопска чаршија, пред платото на Универзитетот на ЈИЕ, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот Граѓански објектив, а ќе биде достапен да одговори на прашањата на заинтересираните граѓани за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот.

Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ ќе се обиде да го промовира граѓанското новинарство, но и да им објасни на граѓанките новинарки и новинари како можат да помогнат во изборното набљудување за престојните претседателски избори.

Какви избори – таква иднина

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира 120-минутна конференција „Какви избори – таква иднина“ на која ќе ги изнесе своите наоди, анализи и препораки за претстојните претседателски избори. Конференцијата ќе се одржи на 10 април, во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион), со почеток во 12 часот.

На конференцијата се поканети претставнички и претставници на институциите, граѓанското општество, експертите, медиумите и меѓународната заедница. Долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ ги опфати состојбите и настаните поврзани со претседателските избори, почнувајќи од нивното распишување на 8 февруари годинава. Набљудувачите на ЦИВИЛ го насочија своето внимание на повеќе важни аспекти на изборниот процес, вклучувајќи ги говорот на омразата, лажните вести, функционирањето на институциите, политичкото финансирање и почитувањето на Изборниот законик и демократските стандарди.

А. Петровска
фотографија: Б. Јордановска

Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ