• Latest

3 декември: Започна судењето за „Рекет“, Заев на Самитот за НАТО во Лондон, ЦИВИЛ со панел дискусија „Рампа“…

December 3, 2019

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

3 декември: Започна судењето за „Рекет“, Заев на Самитот за НАТО во Лондон, ЦИВИЛ со панел дискусија „Рампа“…

December 3, 2019 15:44
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Започна судењето за  случајот „Рекет“

Во продолжението на денешното прво рочиште за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека го разбира обвинението за кој е обвинет и нагласи дека не се чувствува виновен за двете кривични дела.Второобвинетата Јанева рече дека разбрала за што е обвинета и рече дека ниту тронка не се чуствува за виновна.

Третообвинетиот Милески пак рече дека се чуствува виновен и признанието го дава доброволно. За Милевски постапката ќе се води одделно.

Одбраната на Јанева побара изземање на аудио и видео снимките прибавни на незаконски начин кој ги направил Боки 13, но судот го одби тоа барање како неосновано.

Пред почетокот на јавната расправа адвокатите на тројцата обвинети (Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески) до судот и обвинителството доставија дополнителни докази.

Адвокатот ополномоштен од Орце Камчев, денеска го извести судот дека се приклучува во прогонот против обвинетите и од нив побара отштета од 1,5 милион евра.

Жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава, рече јавниот обвинител Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште за „Рекет“.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

Откако Кичеец ја напушти судницата, процесна забелешка даде адвокатот Сашо Дуковски, кој рече дека не им бил дозволен увид во содржината на усб кое го доставил третообвинетиот Милевски-Кичеец до Обвинителството.

-Доколку би ја знаеле содржината на овој доказ можеби нашата одбрана би се движела во друг правец, рече Дуковски.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава  поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава  поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

Пресудата за Зоран Милевски – Кичеец Судот ќе ја изрече утре напладне

– Судот да има предвид дека е татко на пет малолетни деца и досега е неосудуван. Тој од самиот почеток, иако не призна вина, ја зборуваше вистината пред Јавното обвинителство. Верувам дека Судот ќе го цени и признанието на вина, изјави адвокатот Александар Новаковски.

Владата го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 168 седница го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11 кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка, се вели во мислењето на Министерството за правда.

Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во„Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни.

Заев: Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани, стануваме 30. членка на НАТО

Премиерот ја предводи владината делегација денеска и  утре на лондонскиот Самит, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата. Во состав на владината делегација се вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Овде во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30-та членка на НАТО, на 70-тиот роденден на Алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за добробит на сите наши граѓани, напиша премиерот  Заев.

Флеш вести:

Адеми: На ПИСА-тестирањето постигнавме најголем напредок досега

На меѓународното тестирање ПИСА во 2018-та постигнавме најдобри резултати досега, значително подобри од претходните две тестирања на нашите ученици, во 2000 и во 2015 година, изјави попладнево министерот за образование и наука Арбер Адеми откако Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги објави резултатите од тестирањето во 79 земји или економии.

Ангеловска: Бројките и резултатите покажуваат дека годината е економска

Бројките и резултатите годинава покажуваат дека таа е економска. Тоа, како што оценува министерката за финансии Нина Ангеловска, го покажува растот на БДП, вработеноста, индустријата, градежништвото, потрошувачката, а има раст и кај странските директни инвестиции.

Граѓани протестираа против извршителите

Граѓаните и денеска трет вторник по ред протестираат пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето на извршителите. Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплатата на долгот да не трае подолго од две години и да се почитува застарувањето на долговите.

ЦИВИЛ активности

ЦИВИЛ одржа панел дискусија „Рампа“ и ја реновираше пристапната рампа што ја постави во Музеј на Град Скопје пред 20 години

Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни можности, ЦИВИЛ ја реновираше пристапната рампа во еден од најпрепознатливите јавни објекти на главниот град, Музејот на Град Скопје.

На панелот учествуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претставниците на Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов, Благица Димитровска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово, Сандра Пешевска Мицковска, активистка за правата на лицата со попреченост и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Мисла

Добро утро со Орданоски – Власта треба да се заслужи, а не само да се наследи

Делува непристојно и невкусно ова туркање на лидерот на опозицијата, во последен момент, во првите редови на новопечени и агилни НАТО поддржувачи. Сега, ОТКАКО знамето на Северна Македонија, практично, се дигна на јарбол на самитот во Лондон, навистина е срамота тој да се промовира самиот себеси за многу загрижен околу брзината со која треба собраниски да се ратификува договорот за влез на нашата земја во Алијансата. А сите знаеме (особено протераните пратеници од неговата партија) какви беа ставовите, а и активностите на опозицијата за (не)постигнувањето на Преспанскиот договор со кој, фактички, се овозможи влезот на Македонија во НАТО.

Дневникот го подготви Дијана Тахири во соработка со Маја Ивановска, Дехран Муратов и Сашо Орданоски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ