• Latest

30 април низ вековите

April 30, 2018
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

30 април низ вековите

April 30, 2018 09:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

311.- Римскиот цар Константин Први Велики со Миланскиот едикт го признал христијанството во Римското царство.

1563.- Кралот Шарл Деветти ги протерал Евреите од Франција.

1789.- Џорџ Вашингтон положил заклетва како прв претседател на САД.

1803.- САД од Наполеон Бонабарта, тогаш „доживотен конзул“ на Франција, кој бил во финансиска криза, ја купиле Луизијана. Истиот ден во 1812 година, Луизијана станала 18-та сојузна држава во САД. Луизијана  опфаќала територија од повеќе сегашни сојузни држави во САД.  

1870.- Роден е австрискиот композитор со унгарско потекло Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската оперета во првата половина на 20 век. Негови најпознати оперети се „Веселата вдовица“, „Грофот од Луксембург“ и други.

1883.- Роден е чешкиот писател Јарослав Хашек кој светската слава ја стекна со недовршениот хумористичко-сатиричен роман „Доживувањата на добриот војник Швејк во светската војна“, во кој ги исмејува општите прилики во Австроунгарија како и бесмисленоста, бруталноста и лудилото на војната. Швејк е лик на човек од народот под чија маска се кријат бројни видови народни мудрости.

1883.- Умрел францускиот сликар Едуар Мане. Делата му се изработени во масло, а меѓу најпознатите се портретите на Емил Зора, Жорж Клеменсо, Стефан Маларме и Марсел Пруст. Останати дела: „Појадок на трева“, „Бал во Фоли-Бержер“, „Балкон“, „Олимпија“.

1893.- Роден е германскиот дипломат Јоаким фон Рибентроп, долгогодишен министер за надворешни работи на Хитлерова Германија. Меѓународниот суд во Нирнбег го осудил на смрт поради сторени злосторства во Втората светска војна. Бил обесен во 1946 година.

1900.- Хаваи станале составен дел на САД.

1903.- Во Солун се самоубил Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водел неколкучасовна борба против османлиската војска.

1945.- Водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија и еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото, Адолф Хитлер, откако ја слушнал веста на Радио Москва дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајхстагот, изврши самоубиство во својот бункер во Берлин.

1989.- Умрел италијанскиот филмски режисер Серџо Леоне. Негови најпознати филмови се „Колосот од Родос“, „За грст долари“, „Се викам Нико“, „Било еднаш на Дивиот запад“, „Се случи во Америка“ и други.

1991.- Циклон во Бангладеш усмртил најмалку 125.000 луѓе.

1993.- На тениските терени во Хамбург првата ѕвезда на светскиот тенис Моника Селеш, тогаш југословенска државјанка, со нож била ранета од наводно пореметен навивач на германската тенисерка Штефи Граф. Напаѓачот останал неказнет, благодарение на скандалозната пресуда на германскиот суд.

1995.- Американскиот претседател Бил Клинтон наредил прекин на трговијата со Иран и ги забранил инвестициите во таа земја, обвинувајќи го Техеран дека го поддржува меѓународниот тероризам.

2000.- Во Земскиот антенски центар Нова Брезница, Скопско, била пуштена сателитската програма МРТ-МКТВ САТ, пред се наменета за македонските граѓани што работат и живеат во странство.

2004.- Естонија, Летонија, Литванија, Кипар, Малта, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Чешка станале полноправни членки на ЕУ, со што тогаш бројот на земјите-членки се зголемил на 25, а ЕУ со 450 милиони жители станала најголем заеднички пазар во светот.

2006.- Умрел Џон Галбрајт, либерален економист и писател, професор по економија на универзитетот „Харвард“. Џон Галбрајт бил амбасадор на САД во Индија во времето кога претседател на САД бил Џон Кенеди. Еден од синовите на Глабрајт, Питер, бил американски амбасадор во Хрватска од 1993 до 1998 година.

2007.- Во кинескиот град Чангѕоу, во провинцијата Џинјангцу, свечено бил отворен за верниците најголемиот будистички храм во светот Тјанинг, кој е симбол на сеопштиот просперитет на Кина, како и на повторното оживување на традиционалниот будизам во таа земја. На церемонијата на отворањето на храмот присуствувале 108 поглавари на различни будистички асоцијации и храмови од целиот свет.

2013.- Холандскиот престолонаследник Виљем Александер (46) и официјално бил прогласен за крал, откако положил заклетва. Претходно неговата мајка кралицата Беатрикс (75) абдицирала во негова корист. Со свечениот чин Виљем Алексадер не станал само монарх на Холандија, туку и на Холандските Кариби.

2015.-­ На 76-­годишна возраст умрел познатиот соул пејач Бен Е. Кинг. Пејачот, кој живеел во Њу Џерси, се прославил со песната Stand by me, која во 1961 година стана светски хит.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 30 априлвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ