• Latest

30 декември: Колективен договор за вработените во културата, ВМРО-ДПМНЕ со предлози за техничка влада, на Груевски, сепак, ќе му се суди во Тракеторија…

December 30, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

30 декември: Колективен договор за вработените во културата, ВМРО-ДПМНЕ со предлози за техничка влада, на Груевски, сепак, ќе му се суди во Тракеторија…

December 30, 2019 17:07
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Потпишан Колективниот договор во културата

Министерот за култура Хусни Исмаили, денеска во Министерството за култура со претставници на двата репрезентативни синдикати, СКРМ и СОНК го потпиша Колективниот договор за културата.

За спроведување на Колективниот договор, Владата донесе заклучок средствата потребни за оваа намена да се обезбедат најдоцна до 1-ви јули 2020, термин од кога најдоцна и ќе се применуваат коефициентите за вработените во културата, за што согласност дадоа и двата репрезентативни синдикати. Колективниот договор е постигнат по 15 години нерегулирани односи во културата.

Апелација одлучи: На Груевски и понатаму му се суди во „Траекторија“, застарувањето не важи

Иако пред еден месец судијата Горан Бошевски констатираше дека кривичното дело за кое се гони екс премиерот Никола Груевски во случајот „Траекторија“ е застарено, сепак Апелација го поништи ваквото решение, што значи дека на екс премиерот и понатаму му се суди за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и Кичево -Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ ги објави предлозите за техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во техничката влада ќе ја предложи д-р Рашела Мизрахи, за заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски, за заменик – министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и за заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски.

Техничката влада која се очекува да биде избрана на 3 јануари, треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 години.

МТСП и оваа зима ги отвори прифатните пунктови за бездомни лица

Министерството за труд и социјална политика и оваа зима ги стави во функција четирите прифатни пунктови за бездомни лица низ државата, поради најава за намалување на температурите. Во функција се ставени прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга.

Пријавувањето може да се прави на следните телефонски броеви: Скопје: 071 733 171, 071 411 908, 071 261 778; Битола: 070 791 770; 071/397-272; 071/397-875; Струмица: 070 381 660; Струга: 070 317 612 / 046 781 733. По пријавата на овие телефонски броеви мобилните тимови од Центрите за социјална работа и на Црвениот крст излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците во неколку пунктови во Скопје и низ Република Северна Македонија каде што добиваат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош. На лицата коишто одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека, храна, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Во споредба од пред шест месеци состојбата на КПУ „Скопје“ е многу подобра – Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ Есад Рахиќ посочи дека со донации е реновиран кровот, како и дека се поставени фотоволтаични системи кои произведуваат струја за топлење на вода за потребите на затворот.

Димитров: Дипломатијата изминатите две и пол години направи голем скок кон професионализацијата, ЕУ во фокусот на 2020 – Од јуни 2017 година, до денес, 87,5 осто од дипломатите се кариерни, за разлика од периодот од 2006 до 2017 година кога тој процент изнесуваше 33.

Со субвенционирани придонеси зголемени платите на 44 940 работници – Во просек платите на овие вработени се зголемени за 4.100 денари.

Од јануари досега 163 доктори побарале потврди за странство – Во изминатите пет години бројот на поднесени барања од доктори на медицина за издавање на потврди за странство изнесува 794 и тоа во 2015 година – 171, во 2016 година -162, во 2017 година -120, во 2018 година 178, а до декември годинава -163, покажуваат податоците за кои денеска информира Лекарската комора.

Пендаровски-Џафери: Фер и демократски избори ќе бидат потврда за демократскиот капацитет на земјата

Новогодишен брифинг со новинари:  „Реформските процеси за јакнење на капацитетите на МВР и интегритетот на полициските службеници, кои беа обележје на 2018 и 2019 година, резултираа со постигнување на позитивни резултати и успешно справување со криминалот“, рече министерот Оливер Спасовски на традиционалниот новогодишен брифинг со новинарите.

СКЕН – политички магазин: Лажни вести – непријател на демократијата

МИСЛА

Добро утро со Сашо Орданоски: „Шпицен“ или „тапоаголни“ кандидати? или што ќе значи ваквиот кадровски пристап и за идејата, сугерирана од Будимпешта, до крајот на февруари ВМРО-ДПМНЕ да излезе со „влада во сенка“?

Кој бега од избори? прашува Петрит Сарачини: Или, во превод, ако ја читате пропагандата на мвро-вмро и ја деконструирате низ психолошката проекција што ја еманираат со неуставниот предлог (и очекуваниот отпор), всушност тие намерно купуваат време, одолговлекуваат и бегаат од избори. Ама, ги обвинуваат другите, за она што го прават самите.

Блиц за Каракамишева: Великата професорска венецијанерка сака да се поништи сѐ, па и повисоките плати и пензии, социјални трансфери, детски додатоци… Само не нејзината диплома и позициите врз грбот на граѓанките и граѓаните, смета Џабир Дерала.

„Структури од раководството на вемерето се гневни на Мицкоски, брифираат анонимни партиски извори. Според дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, со неуставниот предлог за министер за внатрешни работи, Мицкоски „тотално ја избламира партијата“, пишува Џабир Дерала во денешниот рафал „Неуспешен блиц-криг на Мицкоски, раководството гневно – ја избламирал партијата со неуставниот предлог за Ковачки“

Биљана Јордановска

во соработка со Ангела Петровска, Дехран Муратов, Маја Ивановска, Петар Клинчарски, Сашо Орданоски, Џабир Дерала и Петрит Сарачини

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ