• Latest

30 септември: Партиски инаети при избор на функционери, национален став на Бугарија за РСМ, Ципрас во Скопје…

September 30, 2019
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

30 септември: Партиски инаети при избор на функционери, национален став на Бугарија за РСМ, Ципрас во Скопје…

Дневник на ЦИВИЛ: вест на денот, флеш вести, ЦИВИЛни активности и колумни...

September 30, 2019 16:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТИ НА ДЕНОТ: Ципрас во Скопје

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас денеска е во Скопје, а во попладневните часови ќе има средба со премиерот Зоран Заев. Ципрас утре ќе учествува на Самитот на „Економист“,„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, посветен на Западен Балкан, а на посебна панел дискусија, заедно со Зоран Заев и Мартин Шулц ќе дебатираат за тоа „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.

Партиите да ги надминат разликите за избор на функционери на важни институции

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, обвини дека државниот ревизор, АВМУ, МРТВ и ред други важни унституции се жртви на политички инаети и несогласувања меѓу политичките партии.

“Моја надлежност е да свикам пленарна седница за тие точки ако завршува работата во комисија, или да свикам седница на комисија ако претседателот на комисијата не го направи тоа. Ние имаме свикување на комисија но немаме епилог заради негогласувања и партиски инаети”, изјави меѓу другото Џафери. Тој потсети дека државен ревизор немаме веќе една година а тоа е многу важна институција, затоа ги повика партиите да ги остават инаетите и да ја надминат ситуацијата.

Бугарија да изгради национален став за Северна Македонија

Пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО и Европската унија е важен чекор со кој се гарантира мирот, стабилноста и одржливиот развој и просперитет на Југоисточна Европа. Бугарија отсекогаш принципиелно ја поддржуваше европската и евроатлантската перспективи на Република Северна Македонија. Да не заборавиме дека ние сме првите што ја признавме независноста на таа земја, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +25), што се одржува во Скопје.

Начелното мислење на Врховниот суд за СЈО е во сила и беше водилка на настаните, изјаив денеска врховниот судија Џемаил Саити.

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со членки на Македонската банкарска асоцијација, на која банкарите ги покажаа постигнатите резултати, но и посочија на предизвици што претсојат пред нив.

Во Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади започна да се применува нов модел на проценка на децата со попреченост-МКФ

Од утре се укинуваат квотите за лекови, најавија денеска министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев

ЦИВИЛни активности

Граѓанките и граѓаните одговараа на прашањето на ЦИВИЛ каква иднина нè очекува, црна или зелена, како се грижи локалната самоуправа и државата за заштита на животната средина. Битолчани, наспроти сите проблеми што ги имаат со аерозагдувањето, сепак, сметаат дека земјата ја очекува зелена иднина.

ЦИВИЛ ја подржува иницијативата  „Купи креација, биди дел од еко-донација“ за обновување на шумата кај езерото „Младост“ на активистката Мрија Пупулиева од Велес, која својата креативност реши да ја намени за обезбедување садници за опожарените места кај езерото „Младост“ и селото Ораоец.

МИСЛА

За незаинтересираноста на македонските политички елити за расчистување со криминалот и корупцијата, денеска пишуваше Коста Стоименовски.

Борбата што ја спроведе власта во оваа фаза го досега ефектот на сечење една-две од главите на криминалното чудовиште во Македонија. И да не се залажуваме, ако не бидат „отфикарени“ сите, тие што ќе останат, ќе учествуваат во регенарацијата на отсечените, односно до нивно повторно изникнување, смета колумнистот Милан Банов.

„Веќе на стартот на оваа историска етапа по деблокирање на евроатланските интеграции, се покажува дека и натаму поради грамзливи, алчни карактерни причини, македонските политички елити се незрели на своите граѓани и на нивната држава да им обезбедат извесна европска иднина. На највлијателните партиски субјекти, и на едните и на другите и на третите, како да им одговара ваков неправен амбиент“, смета Зоран Иванов во неговата колумна „Преговорите конечно ќе го поттурнат нашиот децениски од во место“.

„На Референдумот за поддршка на Преспанскиот договор, се судрија две жестоко спротивставени страни. На едната страна беше камата и кубурот, а од другата страна насмевката. Од едната страна беа „куририте“ и „спутник“, а од другата беше слободната мисла. Но, победи македонската иднина“, пишува Џабир Дерала.

Биљана Јордановска

останати автори: Ангела Петровска, Арбен Зеќири, Џабир Дерала, Коста Стоименовски, Милан Банов, Зоран Иванов

 

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ