• Latest

Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега без претседател, констатирана оставка на Илире Даути

January 17, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега без претседател, констатирана оставка на Илире Даути

January 17, 2025 09:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега нема претседател откако Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата, поднесена по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок, затоа што одбиваше да го стави на дневен ред законот за бранителите. Од пратеничката група на „Вреди“ оставката ја оценија како признавање на слабост и глумење жртва, но дека тоа „не може да ја спаси од каењето по обидот да помогне во блокирањето на законот за бранителите“.

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“, по речиси еднонеделниот вакуум дали ќе остане или ќе биде сменета од функцијата и бројни меѓусебни препукувања откако во Собранието минатиот петок помина нејзината интерпелација, вчера поднесе неотповиклива оставка.

Сега пратениците ќе треба да изберат нов претседател на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади, место кое му припаѓа на „Европскиот фронт“, од каде по констатирањето на оставката порачаа дека за многу кратко време ќе заземат став како ќе делуваат во однос на ова прашање.

Kuvendi e konstatoi dorëheqjen e Ilire Dautit nga funksioni i kryetares së Komisionit kuvendor për politikë sociale, demografi dhe rini, pasi që sot ajo kërkoi në kuadër të mbledhjes së 30-të

Образложувајќи ја оставката, Даути посочи дека тоа е врв на срамот што се случил во Собранието и порача дека нејзиното дејствие за ставање на Законот за бранители е врз основа на членот 3 и оти нема да прифати различни услови на дејствување надвор од Деловникот.

-Зошто Апасиев и останатите пратеници од Левица во врска со Законот за бранители, не побараа точката да се стави на дневен ред? Јас ќе ја додадов точката на дневен ред, но се поставува прашањето зошто пратениците тоа не го побараа. Рокот за ставање на точката на дневен ред помина и мене не ми дозволуваше Деловникот да ја додадам таа точка. Овие 61 пратеници си играат „мејтап“ со власта. За мене услов е да се почитуваат сите националности, рече Даути.

Левица ја поздрави оставката на Даути и оценија дека ова е прва  успешна интерпелација во историјата на Собранието.

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев во изјава за медиумите истакна дека нивната поднесена интерпелација за досегашната претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија

– Самата интерпелација значеше дека се обезбедени гласови за нејзино разрешување од страна на пленумот, но ние намерно не покренавме веднаш постапка преку Комисијата за избори и именување за нејзино разрешување, туку витешки оставивме неколку дена сама да се повлече и да си даде оставка, што на крај се случи. Ова е прва ваква успешна интерпелација од ваков тип во историјата на Собранието на Република Македонија. Левица и понатаму останува на браникот на државните интереси, уставноста и законитоста, изјави пратеникот на Левица, Сашко Јанчев.

Пратеничката група на „Вреди“ оставката ја оцени како „признавање слабост и показател за неодговорност“.

Me dorëheqjen që e dha, Ilire Dauti e luan rolin e viktimës. Vet u shkarkua, për t'u viktimizuar pasi ky është roli i vetëm që din më së miri ta luajë. Por, kjo nuk mund ta shpëtojë nga pendi

-Претседателот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади денеска, заедно со целиот „Европски фронт“, со прифаќањето на оставката изрази жалење што помогнале да се блокира законот за бранители иако главниот товар за оваа блокада го понесе првиот човек на Собранието Африм Гаши кој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, распарчениот СДСМ. Решиле да ги остават „Вреди“ и Гаши сами во оваа битка, но тоа воопшто не ја расипува работата зашто, како што ја почнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме, рече Имерлије Салиу-Фетаи од „Вреди“ на прес-конференција во Собранието.

Пратеникот на Алијанса за Албанците Елми Азири, кој е дел од „Европскиот фронт“ заедно со Даути, по констатирањето на нејзината оставката, во изјава за медиумите рече дека за многу кратко време ќе заземат став како ќе делува „Европскиот фронт“ во однос на прашањето со испразнетото место во собраниската Комисија за социјална политика.

Собранието на пленарна седница на 10 јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 против изгласа интерпелација на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути.  Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група од „Левица“ поради тоа што Даути, како што беше посочено на пленарната седница, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава.

Извор МИА

Фото: МИА архива

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ