• Latest

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025 14:48
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во вториот круг од локалните избори, одржан на 2 ноември 2025 година во 32 општини и Град Скопје евидентирани се вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња на изборите за градоначалници, што претставува околу 5,6% од сите употребени ливчиња.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање во вториот круг, 19.287 ливчиња се евидентирани како неважечки. Во Град Скопје од 167.575 гласачи, 10.528 гласачки ливчиња биле неважечки, односно речиси секое шеснаесетто ливче било поништено (6,3%). Излезноста во Скопје во вториот круг изнесувала 35,33%, додека на национално ниво таа била 47,16%.

За споредба, во првиот круг од изборите за градоначалници, одржан на 19 октомври 2025 година, од 885.085 гласачи, 53.724 ливчиња биле неважечки (6,1%). Во Град Скопје, пак, бројот на неважечки ливчиња достигнал 12.270, што претставува повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на национално ниво.

Компаративен преглед на неважечки ливчиња и излезност:

ИзбориВкупно гласачиНеважечки ливчињаПроцент
Локални 2017 – прв круг–44.481–
Локални 2017 – втор круг–12.284–
Локални 2021 – прв круг911.31419.1272,1%
Локални 2021 – втор круг532.80410.2161,9%
Локални 2025 – прв круг885.08553.7246,1%
Локални 2025 – втор круг345.52519.2875,6%

Трендот јасно покажува дека бројот на неважечки гласачки ливчиња континуирано расте. И додке една од причините особено во 2017 година, беа технички грешки при пополнување на гласачките ливчиња или недоволна информираност на гласачите, во последните два циклуса на локални избори поголем дел од гласачите намерно поништуваат ливче како форма на „протестно гласање“.

Долгогодишното искуство на ЦИВИЛ мониторингот на изборите покажува дека големиот број неважечки ливчиња е сигнал до кандидатите и локалните власти дека значаен дел од граѓаните изразува недоверба кон сите учесници во изборниот процес. Ако некогаш гласачите често гласаа ‘против’ конкретна политичка опција, сега тие изразуваат опомена до сите учесници на изборната трка.

Големиот број на неважечки ливчиња на локалните избори во Скопје и на национално ниво отвора прашања за изборната едукација, функционирањето на изборниот процес и ефективноста на системот за обезбедување тајност на гласањето, но можеби најмногу како да се врати довербата на граѓаните во изборните процеси.

Изборната транспарентност и ефективност бара преиспитување на изборниот систем и довебата во него, но и структурирано преземање на конкретни мерки (практични, реални и проверени во пракса во регионот и Европа) за намалување на процентот на неважечки гласачки ливчиња на идни избори.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ