• Latest

31 декември: Слободна 2020, новогодишни честитки, трансформирани „Алфи“, судски имунитет и граѓанско помирување…

December 31, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

31 декември: Слободна 2020, новогодишни честитки, трансформирани „Алфи“, судски имунитет и граѓанско помирување…

December 31, 2019 16:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: СЛОБОДНА 2020

Диктаторите и организираниот криминал се во силна спрега во голем број држави во светот. Нивната мрачна цел е да воспостават доминација во институциите, економијата, културата и медиумите, да завладеат со животот и умот на луѓето.

Во 2020 година, милиони луѓе ќе го кренат својот глас и ќе тргнат против лагите, експлоатацијата, тиранијата и организираниот криминал насекаде во светот.

Нека 2020 година биде исполнета со радосни победи во заложбите за слобода во светот, за достоинство и човекови права, за правда и еднаквост меѓу луѓето, за мир и одржлива иднина.

Во солидарност со сите бранители на човековите права во светот, Слободна 2020 година ви посакува ЦИВИЛ

Новогодишна видео честитка на премиерот Зоран Заев

„Алфите“ се транформираа во Единица за интервентна полиција

Промовирана новата Единица за интервентна полиција што ќе делува на територијата на градот Скопје, а ќе работи во состав на Секторот за внатрешни работи во Скопје. Единицата е формирана од досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција Алфи и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт.

Спасовски: Начелно немам проблеми со предложените технички министри со исклучок на МВР

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи и иден мандатар за техничката Влада, Оливер Спасовски начелно нема проблеми со предложените технички министри од страна на опозицијата, со исклучок на техничкиот министер за внатрешни работи за кој смета дека ќе придонесе за милитаризација на МВР.

„Како иден мандатар мислам дека еден од главните принципи е да го почитуваме Уставот и во тој поглед воопшто немаме дилема дека тоа треба да биде пред се и над се. Второ, кога размислуваме за овој кандидат размислуваме и за милитаризацијата на МВР, а тоа воопшто не е потребно во демократска држава и демократско општество“, рече Спасовски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Во второто тримесечје скенирани близу 29 милиони фискални сметки, исплатата на поврат на ДДВ во февруари, информира Управата за јавни приходи

Првоосомничениот за незаконско приватизирано земјиште во Тетово се повика на судски имунитет

Кривична пријава за гостиварец кој преневерил пари од „Македонска пошта“ – На 2 ноември 2019 во подружница „Македонска пошта“ во Гостивар пријавениот, во својство на насочувач, противправно ги присвоил двата парични вишоци од поштенско место Градец и поштенско место Чегране, во вкупен износ  од 242.300 денари

Итната медицинска помош за новогодишните празници ќе работи 24 часа

„2020 ќе биде безбедна, сојузничка, посилна година’, порача министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, честитајќи им ги новогодишнешните празници на граѓанките и граѓаните во Северна Македонија

Граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина посака претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, за 2020 година

Во четири општини ќе се прошират капацитетите во установите за згрижување деца до шест години, договор што денеска го потпишуваат Владата, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалниците и овластените претставници на четирите општини

МИСЛА

Предновогодишното добро утро со Сашо Орданоски започна со прашањето: Е, сега баш диета?!. И уште едно: ..кого го интересира на 31 декември да чита длабокоумни анализи за изминатата и идната година?!

„А и со што ќе се занимаваме од после зимскиов одмор, таму, негде, на 13 јануари, кога повторно ќе се вратиме на „дробење“ за старите општествено-политички актери, во нова, уште една предизборна кампања? Мислите ќе биде здодевно? Нема – тие пак ќе се борат „на живот и смрт“ за тоа кој ќе ја освои власта, а ние повторно ќе се кандисуваме да го избереме помалото зло. И нема да биде сеедно…

Среќна Нова 2020“, ви посакува Орданоски.

„Вмровската матрица кога се работи за нивниот партиски интерес, нит држава признава, нит државните интереси би ги поколебале во нивните партиски калкулации и остварување на зацртаната цел. Мал милион пати нѐ убедиле во тоа… Полковникот Птица не сме да помине“, порачува Јане Ѓорѓиоски, ако нешто не е јасно слободно да се прочита уште еднаш, двапати, додека нештата не се разјаснат.

„Измина деценија на борба. Победивме едно зло. Ни претстои време на нови борби и уште поголеми победи. Европската иднина ни е на дофат на рацете. Време е, со здружен напор, да ја зграпчиме иднината што ни припаѓа“, пишува Џабир Дерала.

Новата 2020 ќе биде во „знакот на Зајакот“, предвидува Бранко Тричковски, и тоа точно на 12 април, образложувајќи дека ерата на ВМРО одамна помина затоа што:

„ВМРО е љубовна несреќа во која на асфалтот остануваат седум осмини од мозокот на Македонецот.

Кај понеотпорните, како што се нетапацираниот Антонијо или синусоидната Лигња, како флека остануваат и повеќе од седум осмини.

Во медицинската литература е забележан и случајот на некој си Мицко кој успеал да загуби десет седмини, но, тоа се ретки таленти“

А во Новата 2020 да се разбудиме посилни, погласни, похрабри и секогаш будни, ви посакува екипата ЦИВИЛаши!

Биљана Јордановска

во соработка Дехран Муратов, Џабир Дерала, Сашо Орданоски, Јане Ѓорѓиоски, Бранко Тричковски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ