• Latest

4 октомври: Помпео и предупредувањата за надворешни влијанија, Рекет, попис и остри осуди за говор на омраза…

October 4, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

4 октомври: Помпео и предупредувањата за надворешни влијанија, Рекет, попис и остри осуди за говор на омраза…

ДНЕВНИК НА ЦИВИЛ: Државниот врв го пречека Мајк Помпео, државен секретар на САД, Катица Јанева и Боки 13 остануваат во притвор, Рената Дескоска на конференција за правда во Тирана...

October 4, 2019 17:16
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: МАЈК ПОМПЕО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев денеска во Охрид се сретнаа со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Помпео, освен што беше задоволен од дочекот на државниот врв во РСМ, истакна дека САД ќе продолжи со поддршката на државата, сепак предупреди и дека треба да внимаваме на руското и кинеското влијание.

Пендаровски и Помпео, „Вила Билјана“, Охрид, 4 октомври 2019

Пендаровски смета дека е неопходна зголемена американска поддршка во претстојниот период, особено што се очекува Северна Македонија  да стане 30 членка на НАТО и да ги започне пристапните преговори за членство во Европската унија.

Што се однесува до блатералната средба меѓу Заев и Помпео, на која присутни беа и заменик претседателката во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се разговараше за прашањата кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот со Вашингтон како главен промотор на политиката на проширување на Алијансата со државите од Јадранската Повелба.

РЕКЕТ

Снимки објавени во италјанскиот медиум „Ла Верита“

Катица Јанева засега останува во притвор, како една од осомничените во случајот „Рекет“. Апелациски суд дополнително ќе одлучува по нова жалба за одбиената гаранција за укинување на притворот или за замена со куќен притвор. Претходно гарнцијата беше укината, а на тоа решение исто така имаше жалба од 26 септември, но по предметот не можеше да се одлучува затоа што беше во Апелациски по жалбата на Кривичен совет.

 

Истовремено одбиено е барањето на Бојан Јовановски – Боки 13, за укинување на мерка притвор. По разгледувањето на жалбата, Апелацискиот судот одлучил дека уште постои опасност тој да побегне, како и да го повтори делото.

А на Орце Камчев, дел од случајот „Рекет“, кој на на Боки 13 и на Зоран Милески Кичеец им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“, во ноември му истекува времениот пасош. Камчев го побара времениот пасош поради неодложни службени патувања и задолжителна едукација.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерката за правда, Рената Дескоска учествуваше на Конференција на високо ниво:„It’s all about Justice“ во Тирана поентирајќи дека праведно е да се отворат преговорите за РСМ со оглед дека од заробена, станавме држава со чиста препорака.

Владата го поздрави барањето на челниците на ЕУ за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изрази надеж дека политичките партии и пратениците ќе најдат разбирање и време да се посветат на што поскоро донесување на законот за спроведување на пописот, бидејќи оваа операција, како што вели, е од исклучително значење за државата и за сите граѓани.

Изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, каде на новинарско прашање околу ултиматумот кој му го поставил Скендер Бузаку за оставка од позицијата, одговара дека во Исламската верска заедница нема место за „гејови“ и дека тие треба да бидат надвор од неа, предизвика остри осуди од ЛГБТИ активистите.

МИСЛА

Македонското национално единство, Скопје 2014, Анѓушев, Али и пукањето во Мала Речица, се денешните поенти на Џевдет Хајредини.

Татин математичар (прв дел) е прв дел од рафалите на Џабир Дерала се однесува на изјавата на Мицкоски за 120 изборни единици… или за „Секој ден, најмалку по една зелена. Како да реагира човек на нешта што се полоши и од глупи вицеви?! Од друга страна, ако не реагираме, ќе мислат дека се паметни. Факторизирање на глупоста и ароганцијата“

градежната мафија денеска на таргет на Коста Стоименовски. Сакате да знаете нешто повеќе за земјишните ренти, за малверзациите, за „неразјаснети“ дозволи за градби?

„Земјишната рента и градежната мафија“, #ТатинМатематичар и ред други мисли, поенти, вести и актуелности – повелете на civilmedia.mk

Б. Јордановска

 

 

Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ